понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: енергетска ефикасност | 74 резултати

Владата со иницијален чекор за формирање на национален Фонд за енергетска ефикасност

мај 18, 2020

Владата направи позитивен исчекор напред кон реализацијата на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор и кон основањето на националниот Фонд за енергетска ефикасност во земјава. На вчерашната владина седница се усвои Информацијата во врска со потребата од издавање на писмо без приговор за Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор. Вицепремиерката Мила Царовска, како […]

Лани имало 2.000 нови приклучоци на парно во Скопје, но нема развој на дистрибутивната мрежа

мај 6, 2020

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) лани регистрирала 2.000 нови приклучоци во трите системи за снабдување со топлинска енергија во Скопје. Според Годишниот извештај за работењето на РКЕ во 2019 година, бројот на потрошувачи на топлинска енергија се зголемил на 57.517, од кои над 53.000 се приклучени на системот на БЕГ. Станува збор за рекорден број […]

„Go Green“ со петиција бараат енергетско-ефикасни училишта на сончева енергија

април 21, 2020

Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина Go Green започна петиција со која бараат институциите да посветат повеќе внимание и ресурси на зајакнување на енергетската ефикасност на училиштата, користење сончева енергија за загревање и струја, и поголема застапеност на образованието за климатски промени во образовната програма. „Бараме училиштата да ја зголемат класата на […]

Повеќе да произведуваме, помалку да увезуваме струја, еден од приоритетите на Стратегијата за енергетика до 2040

март 16, 2020

Големата зависност на Македонија од увоз на електрична енергија, што зафаќа околу 30 отсто од вкупните потреби на пазарот, се очекува во наредните години постепено да се намалува, што ќе значи стимул за економијата. Главен предуслов за тоа е зголемувањето на производството на струја од домашни извори, како и инвестирање во нови капацитети, пред се, […]

ЕСМ изработува проект за проширување на парно греењето во населбата Железара

март 12, 2020

Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) го склучија договорот за изработка на основен проект за проширување на топловодниот систем кон скопската населба Железара. Во овој дел од Скопје ќе се проширува бројот на корисници на централното греење откако минатата година беше пуштена во употреба новата когенеративна гасна електрана „КОГЕЛ“ во кругот на скопската железарница. Со овој […]

До 2040 година ќе ни требаат 1,5 милијарди евра за енергетска ефикасност на зградите (инфографик)

март 10, 2020

На Македонија ќе ѝ бидат потребни минимум 1,5 милијарди евра до 2040 година за реконструкција на постојните станбени, комерцијални и јавни објекти за спроведување на мерките за енергетска ефикасност, укажува најновата „Стратегија за развој на енергетиката во Република Северна Македонија до 2040 година“. Во Стратегијата се наведени три сценарија за периодот до 2040 година – […]

Со странска помош ќе се изработуваат подзаконските акти за енергетска ефикасност

март 5, 2020

По донесувањето на Законот за енергетска ефикасност во текот на февруари, се постави прашањето што ќе се случува со подзаконските акти, за чие усвојување на Министерството за економија му е оставен рок од 3 до 9 месеци од денот на влегувањето во сила на новиот закон. Најдоцна за 6 месеци, ова министерство ќе треба да […]

Бектеши: Со Законот за енергетска ефикасност општините ќе може да штедат на улично осветлување

февруари 19, 2020

Со новиот Закон за енергетска ефикасност кој од вчера официјално влегува во сила, нашата држава во целост ги имплементира соодветните прописи за енергетска ефикасност на Европската Унија, истакна министерот за економија Крешник Бектеши. „Покрај другото законот ќе овозможи реализација на долгорочни договори за енергетски услуги од страна на друштва даватели на енергетски услуги – ЕСКО. […]

Стапи на сила новиот Закон за енергетска ефикасност, подзаконските акти допрва ќе се работат

февруари 18, 2020

Имплементација на прописите за енергетска ефикасност на ЕУ, поголем обем на работа за енергетските контролори и отежнат начин за исклучување на граѓаните од системите за централно греење се главните предности што ги носи новиот Закон за енергетска ефикасност, којшто денес стапи на сила. Пратениците од Собранието го изгласаа овој закон како една од последните точки […]

Со електраната „КОГЕЛ“ за третина може да се зголеми бројот на корисници на парно греење во Гази Баба, Бутел и Чаир

февруари 14, 2020

Со новата когенеративна гасна електрана „КОГЕЛ“, лоцирана во кругот на скопската железарница, за една третина може да се зголеми постојниот број на приклучени корисници на парно греење на „ЕСМ – Подружница енергетика“ во скопските општини Гази Баба, Бутел и Чаир. Во моментов на централно греење од оваа електрана се приклучени околу 3.500 домаќинства, 17 градинки, […]

Се грееме како во среден век, исклучително неефикасно, скапо и токсично (видео)

февруари 6, 2020

Скап увоз на струја, уништување на дрвниот фонд на шумите, огромно загадување на воздухот во градовите и дотраена мрежа за снабдување со централно греење се само дел од оценките на Светската банка за затоплувањето на објектите во земјава во текот на зимските месеци. Банката во еден од извештаите за реализација на проектот за енергетска ефикасност […]

Собранието го усвои Законот за енергетска ефикасност, власта и опозицијата се скараа кој помалку сработел во областа

февруари 5, 2020

Собранието на денешната 131 седница со 55 гласови „за“ го усвои Законот за енергетска ефикасност. Пратениците од власта и од опозицијата се испокараа околу тоа која власт подолго го одолговлекувала донесувањето на ваквото законско решение, со кое Македонија како една од последните земји во Европа добива посебен закон што ја регулира енергетската ефикасност. Пратеникот Зоран […]

Ќе може да се исклучите од парно само ако докажете дека ќе се греете поефикасно

јануари 29, 2020

Денес на Комисијата за европски прашања, претседателот на Комисијата и пратеник Артан Груби предложи амандман на предлог-законот за енергетска ефикасност за допрецизирање на прашањето поврзано со правото на потрошувачот на топлинска енергија да користи поефикасен систем за централно греење и/или ладење. Овој амандман беше прифатен од министерот, Крешник Бектеши, информираат од ова Министерството за економија. […]

Скопје и владата се подготвени за објавување на повикот за субвенционирање на инвертерите

јануари 29, 2020

Градските власти и владата ги прават последните подготовки пред распишувањето на повикот за доделување на субвенции за набавка на инвертер клима уреди од домаќинствата во главниот град. Советот на град Скопје на денешната седница ги усвои предложените измени и дополнувања на годинешниов буџет, со што во него се вклучија префрлените средства од владата за планираните […]

Македонски парадокс: Се расфрламе со струја, по загадување сме први, а последни по енергетска ефикасност (инфографик)

јануари 19, 2020

Терминот „енергетска ефикасност“ во Македонија е несериозно сфатен, како од властите и инвеститорите, така и од самите граѓани. Земјава е на самото дно во Европа по спроведувањето на мерки за намалување на потрошувачката на енергија, чиј износ е најзагрижувачки во делот на загревањето на домовите во зимскиот период. Како последица на ова, македонските градови редовно […]

Без усвојување на Законот, нема да може да се средат правилниците за енергетска ефикасност

декември 31, 2019

Власта и опозицијата во македонското собрание се договорија за усвојување на околу 40 – тина закони од 123 – тата седница, но предлог – Законот за енергетска ефикасност го оставија за разгледување и усвојување за продолжението на оваа седница по Нова Година. Овој закон пред пратениците е на прво читање, но и со „европско знаменце“, […]

Седум студентски домови ќе штедат енергија и помалку ќе загадуваат од греењето

декември 19, 2019

24,8 милиони евра ќе се инвестираат во Проектот за енергетска ефикасност на македонските студентски домови. Со претстојниот зафат ќе се изврши промена на крововите, прозорците и вратите, изведба на нова фасада, поставување на нови грејни тела и промена на електричната инсталација во седум студентски домови низ земјава. Станува збор за кредит во висина од 20 […]

Без Фонд за енергетска ефикасност и инвестиции, ќе нема намалување на аерозагадувањето

декември 12, 2019

Македонската влада догодина треба да започне со користење на 25 милиони евра кредит од Светската банка со кој е предвидено до 2025 година да се изврши реновирање на околу 100 јавни објекти на локално и централно ниво преку примена на мерките за енергетска ефикасност. Од Министерството за финансии за „Мета.мк“ велат преку проектот за енергетска […]

ЕБОР со нови 2 милиони евра кредит ќе ја поттикнува енергетската ефикасност во земјава

декември 11, 2019

Нов кредит од 2 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) преку Шпаркасе банка – Македонија ќе заврши кај граѓаните, здруженијата за домување и компаниите за сервисни услуги за подобрување на енергетска ефикасност во македонските домови. Средствата од ЕБОР ќе се позајмуваат за проекти што ќе инвестираат во енергетската ефикасност и обновливите […]

Заев со германските бизнисмени разговарал за развој на средното стручно образование

февруари 21, 2018

На средбата на премиерот Зоран Заев со претставници на германската Комора за индустрија и трговија во Берлин, денеска се зборувало и за концептите за средно стручно образование во Македонија и за енергетската ефикасност и за обвновливите извори на енергија, соопшти македонската влада. На средбата на која бил придружуван од вицепремиерите Радмила Шекеринска и Бујар Османи, […]

Страна 3 од 4