fbpx

Вистиномер: Основното училиште во Групчин доби енергетска фасада и соларни панели

-

Ветување: Реновирање на основното училиште во село Групчин

[Извор: Изборна програма на градоначалникот на Општина Желино, Блерим Сејдиу,  стр.3 – датум: октомври 2017 г. ]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалникот на Општина Желино, Блерим Сејдиу, во кампањата за локалните избори, меѓу другото, вети и реновирање на основното училиште во село Групчин. Ова ветувaње на Сејдиу, дадено во неговата изборна програма, во делот „Образование“ – во рамки на проектот за реновирање на основните училишта во Општина Желино (стр.3), е исполнето, пишува Вистиномер.мк.

Основното училиште во Групчин од неодамна има нов изглед,  доби енергeтски ефикасна фасада и соларни панели. Фотографии од реновираната зграда на училиштето се објавени на официјалната Фејсбук страница на градоначалникот Сејдиу.

Училиштето „Пашко Васа“ во Групчин, по 30 години, го добива заслужениот изглед.

Во ова училиште инсталиравме соларни панели со цел да ја намалиме потрошувачката на електрична енергија, како и го изолиравме фасадата за да ученици учат во подобри, потопли и поудобни услови,  пишува во постот на Сејдиу објавен на 2 јуни.

Фото: ФБ профил на градоначалникот на Општина Желино, Блерим Сејдиу

Во врска со реконструкцијата на училиштето, на веб-страницата на Општина Желино во октомври минатата година е објавена информација во која, меѓу другото, се вели:

…Општина Желино  го доби проектот најавен во јануари 2020 година,  што се спроведува во рамките на програмата за намалување на загадувањето на воздухот за 2020 година – програма за енергетска ефикасност, а средствата се обезбедени од Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат.

Во рамки на реконструкцијата ќе биде направена нова фасадата со топлинска изолација, инвестиција вредна 1.200.000 денари.

Од Општина Желино за „Вистиномер“ потврдија дека „проектот е целосно имплементиран и учениците во септември ќе се вратат на настава во обновена училишна зграда“.

Имајќи ги предвид сето ова, веувањето на градоначалникот Сејдиу за реновирање на училиштето во село Групчин, го оценуваме како исполнето.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...