fbpx
Таг: економија

таг: економија

НБРМ: Домашната економија во пораст со солидно темпо, политичките случувања влијаат ограничено

Според најновите показатели, домашната економија и понатаму е во пораст со солидно темпо, делумно поддржана од кредитната активност на домашните банки, се вели во најновиот извештај на Народна банка. - Економското закрепнување се одвива без ценовни притисоци и без притисоци во надворешниот сектор. Девизните резерви и понатаму се на соодветно ниво, кое е доволно за справување со евентуални непредвидени шокови...

Светска банка предвидува пораст на македонската економија со 3,7 проценти

Пораст на македонската економија од 3,7 проценти за оваа и зголемување на 4 отсто во 2017 година, предвидува Светска банка во нејзиниот најнов извештај. Невработеноста е намалена на 26,1 отсто, сиромаштијата за 2 отсто. - Најбрз пораст во 2015 година од земјите во регионот бележи Македонија со 3,7 отсто, а по неа е Косово со 3,6 проценти. Порастот се пресликува во создавање нови работни места...

Потпишан договор за соработка меѓу бизнис-заедниците на Македонија и на Грција

Грција и Македонија ја интензивираат соработката меѓу бизнис-заедниците со нов договор за соработка меѓу стопанските комори на двете земји. Договорите во понеделникот ги потпишаа претседателот на Регионалната комора при Стопанската комора на Македонија, Горан Рафајловски, и претседателот на Асоцијацијата на бизнисмени во Солун, Јанис Мандринос. Мандринос во разговор за „Мета“ истакна дека овој договор се однесува на соработка во неколку сектори, како трговијата,...

ОЕЦД: Слабата светска економија ги загрозува финансиите на државите

Слабиот економски раст во светот ја отежнува можноста владите да ги подмируваат своите обврски и долгови, оцени денеска главната економистка на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Кетрин Ман. Оваа организација во ноември ја намали проекцијата за економски раст во светот за годинава. Со помал раст, државите можат да соберат помалку даночни приходи. Според Ман, за поголем раст потребен е поттик...

Велика Британија би останала без 128 милијарди евра со излегувањето од ЕУ

Излегувањето на Велика Британија од ЕУ би можело да предизвика „сериозен шок“ за економијата на таа земја, со ризик да се изгубат речиси еден милион работни места, се наведува во истражувањето на групацијата „Си-би-ај“ (CBI). Во истражувањето се наведува дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ би можело да го чини Лондон 128 милијарди евра до 2020 година, што е пет...

Економска мисија на ССК во Албанија за подобра соработка меѓу компаниите од двете земји

Бизнис-делегација од Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) заедно со делегација на Комората на Северозападна Македонија учествуваат во тридневна економска мисија во Албанија, чиј фокус е интензивирање на деловната соработка и воспоставување нови бизнис-релации помеѓу компаниите од двете земји. Целта за организирањето на економската мисија во Албанија е креирање конкретни можности за зголемување на деловната соработка и директно соочување со...

Корупцијата ѝ штети на економијата

Корупцијата предизвикува значителни штетни последици врз развојот на економијата со попречување на долготрајни странски и домашни инвестиции. Ова денеска го изјави министерот за правда Аднан Јашари, на денешната конференција „За усогласено управување и превенција на корупција во приватниот сектор“, во рамки на проектот „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“, финансиран од ЕУ. Според амбасадорката на Германија, Кристине Алтхаузер, искоренувањето...

Ротшилд: Светот во 2016 година го чека нова економска криза

Ситуацијата во светската економија и на берзите и годинава ќе се влоши, а најтешко ќе им биде на земјите што зависат од цените на суровините, наведува во писмото за клиентите на неговата компанија „РИТ Капитал партнерс“, Џејкоб Ротшилд, еден од најмоќните луѓе во светот. - Во последните неколку години, земјите во развој забрзано се задолжуваa, а сега кредитите им доаѓаат за наплата....

Умерен пораст на цените во домашната економија

Во првите два месеца од 2016 година, општото ниво на цени во домашната економија оствари умерен пораст, во просек за 0,1 отсто на годишна основа. - Остварувањата се пониски од очекуваните, што заедно со надолните ревизии на претпоставките за увозните цени на енергијата и на храната продолжува да упатува на надолни ризици за проекцијата за инфлацијата за следната година. Сепак,...

НБРМ: Економијата бележи солидно темпо на пораст

По порастот на бруто-домашниот производ од 3,5 проценти во третиот квартал од 2015 година, најновите расположливи показатели упатуваат на веројатно задржување на солидното темпо на пораст и во четвртиот квартал при поволни движења регистрирани во главните економски сектори, информираат од Народна банка. - Досегашните движења кај показателите за економската активност упатуваат на можност за умерено повисок пораст во 2015 година...

Се топат девизните резерви на Кина, но и понатаму се најголеми во светот

Девизните резерви на Кина во февруари годинава се намалиле за 28,75 долари, а минатата година се намалиле за 513 милијарда долари, што било најголем пад во историјата, пишува „Ројтерс“. Минатиот месец кинеската влада применила доста административни мерки кои не успеале да го сопрат одливот на капитал. Одливот на капитал од Кина е забрзан откако официјален Пекинг во август минатата година го...

Повеќе од 26 проценти од работниците во компаниите се непријавени

Повеќе од 26 проценти од работниците што работат во компаниите се непријавени. Најмногу ги има во секторите земјоделство, градежништво, транспорт, хотели, ресторани, трговија и услуги, претежно во мали и во средни бизниси. Ова беше истакнато денеска на потпишувањето на Меморандумот меѓу претставници на Државниот инспекторат за труд, Организацијата на работодавци, Бизнис-конфедерацијата, Сојузот на синдикати на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија,...

Македонија и Словачка ќе ја продлабочат економската соработка

Четири мешовити работни групи за енергетика, за инвестиции, за индустрија и за земјоделство во изминатите два дена договорија насоки за идна соработка меѓу Словачка и Македонија. Во делот на индустријата предложено е зајакнување на соработката преку потпишување меморандум за соработка меѓу националните асоцијации од винската индустија, текстилната, автомобилска индустрија и од ИТ-секторот. - Словачка има огромен потенцијал, особено во делот на автомобилската индустрија, што за...

Груевски зад затворени врати ги слуша предлозите на бизнисмените

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, заедно со економскиот тим, разговара со бизнисмените кои се дел од Сојузот на стопански комори за да ги слушне нивните предлози и мерки, кои потоа ќе биле вметнати во програмата на партијата за претстојните парламентарни избори. - Се консултиравме со граѓаните, преку трибини и тој дел го сублимираме и ќе ги извлекуваме најдобрите идеи. Сега е на...

Австриските компании се песимисти за идинината на бизнис-климата во Македонија

Борбата против корупцијата, платежниот морал и ЕУ-интеграциите се трите најважни услови за успешен бизнис, но Македонија реално не посветува сериозно внимание на нивното исполнување. Ова е заклучокот од третото истражување на бизнис-климата во Македонија, кое го спроведува трговското одделение при Амбасадата на Австрија во земјава. Австриските компании во земјава ја оценуваат  моменталната економска состојба како полоша во споредба со минатата година. Како задоволителна...

Грчката берза на најниско ниво од 1989 година

Главниот индекс на атинската берза падна на најниско ниво од 1989 година. Проблемите во владата во Атина, во преговорите со кредиторите околу реформите на пензискиот систем и гневот на синдикатите поради последните мерки на штедење, повторно предизвикаа страв за состојбата со грчката економија и за нејизините изгледи за излез од кризата. Нестабилноста се одрази на берзата, па главниот индекс на атинската...

Политичката неизвесност ги одложува бизнисите и ги активира отказите

Политичката неизвесност влијае врз работата на компаниите, така што некои од планираните активности тие ги одложуваат. Вистинските ефекти по бизнисот ќе се знаат по завршувањето на првото тримесечје од годинава. - Политичката неизвесност има влијание врз работата на бизнисите. Имаме најави од одредени наши членки дека планираните инвестиции ќе се одложат за периодот по изборите и по стабилизација на политичката...

Проектираниот пораст на БДП за годинава е 3,5 проценти

Домашниот бруто-производ во третиот квартал од минатата година оствари годишен пораст од 3,5 проценти, што е во согласност со октомвриската проекција, иако стапката на пораст е малку повисока од очекуваната, објави Народна банка. - За разлика од претходниот период, клучен поединечен двигател на порастот во третиот квартал е личната потрошувачка, при постојани позитивни движења на пазарот на труд и засилување...

Лагард: Забавувањето на кинеската економија не е катастрофа за глобалните пазари

Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, денеска оцени дека забавувањето на економијата на Кина нема да предизвика катастрофа за глобалната економија и дека потресите што ги погодуваат финансиските пазари „се нормална појава“. Лагард зборуваше на последниот ден од одржувањето на Светскиот економски форум во Давос, каде што информациите за забавувањето на економијата на Кина предизвикаа страв меѓу учесниците од...

НБРМ: Економската активност и понатаму се зголемува со солидно темпо

Економската активност и понатаму се зголемува со солидно темпо, делумно поддржана од кредитната активност на домашните банки, се вели во најновиот извештај на Народма банка. - Економското закрепнување се одвива без ценовни притисоци и без притисоци во надворешниот сектор. Девизните резерви и понатаму се на соодветно ниво, кое е доволно за справување со евентуални непредвидени шокови во иднина. Што се однесува...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...