fbpx

Австриските компании се песимисти за идинината на бизнис-климата во Македонија

-

Борбата против корупцијата, платежниот морал и ЕУ-интеграциите се трите најважни услови за успешен бизнис, но Македонија реално не посветува сериозно внимание на нивното исполнување.

Ова е заклучокот од третото истражување на бизнис-климата во Македонија, кое го спроведува трговското одделение при Амбасадата на Австрија во земјава.

Австриските компании во земјава ја оценуваат  моменталната економска состојба како полоша во споредба со минатата година. Како задоволителна и незадоволителна ја оценуваат 44 отсто од анкетираните австриски компании, а како добра само 8 отсто. Минатата година, пак, тој процент изнесуваше 23.

– Ова е третпат што ја прашуваме австриската бизнис-заедница за нејзините видувања на економската ситуација во Македонија. За жал, една четвртина од нив генерално се песимисти за 2016 година, иако покажуваат оптимизам кога станува збор за состојбата во нивната компанија. Прашање број еден за австриските компании е политичката стабилност – изјави трговскиот аташе на Австрија во Македонија, Герхард Шлатл.

Покрај политичката нестабилност, причини за влошувањето на економската состојба, според бизнисмените, се и тоа што не е направено подобрување ниту во борбата против корупцијата, како ни во поглед на интеграцијата во ЕУ. Заедно со платежниот морал, нив ги сметаат за најважни стопански фактори за водење бизнис на македонскиот пазар.

Извршниот директор на „ЕВН Македонија“ и претседател на Советот на странски инвеститори, Стефан Петер, смета дека споредбено со лани, од конечните резултати за оваа година не можат да бидат задоволни.

– Нема подобрување на бизнис-климата во сите сегменти, а мора да има. Најважните фактори се со најнизок рејтинг. Австриските компании имаат висок критериум за квалитет, а во овој дел македонските доставувачи се високо оценети, што е добро за нивната работа и за македонската економија. Истото важи и за квалитетот на работната сила и за нивната достапност – изјави Петер.

Во однос на очекувањата и на желбите насочени кон македонската Влада, австриските компании, првпат досега, посочуваат дека политичката стабилност е најважна.

И покрај тешкотиите, тие за оваа година предвидуваат зголемување на прометот, бројот на вработени, а една третина најавуваат и зголемување на инвестициите.

Австрија е втор по големина инвеститор во земјава, а во австриските компании, кои најчесто се во секторот на услуги, работат 10.000 лица. На прашањата на анкетата одговориле 50 од анкетирани 100 компании.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...