fbpx
Таг: дезинформации

таг: дезинформации

Вистиномер: Сода бикарбона не е лек против вируси

Сода бикарбоната и лимонот не се никаков „спасоносен лек“ за заштита од вируси воопшто, а најмалку за заштита од коронавирусот, како што се тврди во објавата, која може да влијае на задоцнет третман и ненавремена имунизација кај населението како единствена ефикасна заштита од ковид-19. Оваа мешавина нема ефикасни ефекти, а може да биде многу опасна, ако содата се зема...

Вистиномер: Произволни апокалиптични тврдења за вакцината против ковид-19

Апокалиптичното видео во кое се тврди дека за најдоцна неколку години сите што примиле вакцина против ковид ќе починат, е неодговорно и таквото тврдење не го дава доктор по медицина.  Ваквите наводи се произволно нафрлени, без никакви  докази и немаат допирна точка со реалноста. Вакцините се следат за несакани ефекти и тоа преку пријава во секоја земја, која потоа...

Вистиномер: Дезинформации за присилна вакцинација и измислици за наводно труење на ученици

Не постои никаков план и заговор за присилна вакцинација на децата и нивно труење со вакцини, како што се тврди во Фејсбук објавата што ја рецензираме, ширејќи вознемирувачки пораки и потткнувајќи паника кај родителите. Имунизацијата за младите од 12-18 години се спроведува единствено по претходна пријава, со согласност од родител и во вакциналните пунктови, а за децата под 12...

Вистиномер: Не е точно дека децата не заболуваат од ковид!

Подолу интегрално пренесуваме анализа на „Вистиномер“ на тврдења за заразување на децата со ковид-19, изнесени во Фејсбук-пост: Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека децата не се заразуваат со ковид. Авторот на постот прашува како може децата да се тестираат и да носат маски, кога „воопшто не фаќаат ковид“. Ова не е точно. И во земјава и во светот,...

Вистиномер: Лаги, лаги и лаги дека ковид 19 е измама!

„Вистиномер“ рецензираше објава на Фејсбук во која е изнесена теорија на заговор, односно пост во кој се тврди дека ковид е измама и глобален координиран напад со цел да се уништи светската економија, да се воведе светска дигитална валута, присилно вакцинирање, идентификација со микрочипови. Го пренесуваме текстот во целост: Според авторот на постот, зад сето ова стојат групи кои го...

Вистиномер: Лекарите не се масони, секташи и не извршуваат масовни убиства

Фејсбук објава ја злоупотребува критичната ситуација со големиот наплив на новозаразени од ковид-19 во Тетово и ги деградира и сатанизира лекарите, нарекувајќи ги убијци, масони и секташи. Во невистинитата објавата е присутен говор на омраза, кој влева страв и вознемиреност кај граѓаните, додека лекарите водат беспоштедна битка да обезбедат здравствена помош и хоспитализација за огромниот број на новозаразени пациенти,...

Вистиномер: Не е точно дека сите вакцинирани се инфицирале од вакцините против ковид

Преку вакцината не може да се заразите со ковид. Вакцината не содржи никаков жив или активен дел од вирусот ковид-19. Нема да предизвика позитивен тест со кој се тестира активна инфекција со ковид-19. Не е точно она што се тврди во постот дека вакцинираните го шират вирусот врз невакцинираните. Вистината е дека и вакцинираните и невакцинираните можат да ја...

Вистиномер: Бил Гејтс не е уапсен

Веста за навдното апсење на основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс најпрво ја објави портал за сатирични содржини. Во делот „за нас” на сајтот, се вели дека информациите објавени на него се информативни едукативни и за потребите на забавата. Овој сајт содржи хумор, пародии и сатира. Самиот портал додава дека го вклучува ова предупредување за своја заштита и за да...

Вистиномер: Во Австралија не се случија ниту „огромни протести“, ниту „револуција“

Австралија, според Worldmeters, има 25.836.750 жители. Во сите четири градови заедно, каде имаше протести, според полициските податоци, излегле 10.500 граѓани. Најголем број на граѓани – околу 4.000, имало на протестите во Мелбурн, град со 4,2 милиони жители. Во најголемиот град во државата, Сиднеј, кој има 4,6 милиони жители, протестирале 3.500 граѓани, 2.000 во Бризбејн и 1.000 во Перт. Така...

Вистиномер: Целосно вакцинираните не одат во изолација, иако биле во контакт со позитивен на ковид

Во изолација одат сите позитивни граѓани, како и невакцинираните и непрележаните нивни контакти. Вакцинираните со две дози, како и прележаните пред максимум 45 дена, не одат во изолација, иако имале контакт, велат од Центарот за јавно здравје – Скопје. Според протоколите на СЗО, во изолација не оди вакциниран со две дози, ако поминале 14 дена од втората доза. Во...

Вистиномер: Лага е дека треба да поминат најмалку 6 месеци од вакцинирањето пред да се планира бременост

Ниту еден од производителите на вакцини не тврди дека жените после вакцинација треба да почекаат одреден период пред да се обидат да зачнат бебе. Ниту еден официјален извор на информации не препорачува да се чека помеѓу шест месеци и две години пред да се планира бременост, како што дезинформира овој пост на Фејсбук. Такво нешто не е наведено ниту...

Вистиномер: Не е точно дека невакцинираните не се опасни за ширењето на делта варијантата

Во продолжение ја пренесуваме во целост новата анализа на „Вистиномер“, во која се раскринкува дезинформација пласирана на Фејсбук: Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека невакцинираните не се опасни во контекст на тоа дека не го шират вирусот (новите варијанти на вирусот, а од нив најдоминантна на светско ниво е делта варијантата). Во постот се додава дека невакцинираните...

Вистиномер: ПЦР тестот не се исфрла од употреба, туку се подобрува за да детектира истовремено и ковид и инфлуенца

Новите препораки од Центарот за контрола и превенција на болести на САД, не значат дека ПЦР тестот досега не бил ефективен , како што се тврди во постот, туку се препорачува воведување на нови тестови кои можат во исто време да откриваат и Сарс Ков 2 и инфлуенца. Значи, да бидат за два вируси, наместо само за ковид, пишува „Вистиномер“ во...

Вистиномер: Не е точна изјавата на Глен Бек дека САД побарале од македонските власти да не примаат бегалци од Авганистан

Тврдењето на коментаторот и водител од САД, Глен Бек, дека Стејт Депратментот на САД „и кажал на Македонија да прекине со примањето бегалци од Авганистан“ е недвосмислено демантирано од страна на властите во земјава. Подготовките за приемот продолжуваат, а политиката според која бегалците ќе бидат примени во земјава не е сменета и тие се очекуваат набрзо, пишува „Вистиномер“ во...

Вистиномер: Големиот ресет во неколку чекори е фантазија и дезинформација

Наведеното во книгата, а и во постот што се споделува на Фејсбук, дека има некаков план за тоа како да се направи генерален ресет во неколку чекори, е незаснован на факти и претставува чиста фантазија и дезинформација. Опишаните 10 чекори во постот не се исполнија досега. Смртноста е најголема кај невакцинираните  и обратно, многу ниска кај вакцинираните. Ковид не...

Вистиномер: „Мајк Тајсон“ ја клевети штипската болница дека ликвидира ковид пациенти!

Ние имаме во целата пандемија само еден или двајца пациенти кои биле на респиратор. Конкретниот пациент, за кој се тврди дека сме го убиле, имал хронична опструктивна белодробна болест, донесен е, не од Струмица, туку од Валандово, со сатурација 55 и наод на двете белодробни крила: масивна пневмонија. Тој беше на кислородна поддршка, односно сипап маска, примен е во...

Вистиномер: Со вирално видео од антиваксерскиот протест се шират невистини за вакцинацијата и ковид-19 пандемијата

Повеќе полуинформации и невистини беа изнесени во говорот на Гордана Гоџо на антиваксерскиот протест. Невистина и непознавање на системот е да се каже дека „сите држави поднесоа кривични во Хаг против своите држави – каде сме ние?“ Говорничката мисли на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, но, сепак, таму државите сами против себе не можат да поднесат кривични пријави....

Вистиномер: Во вакцините против ковид 19 нема графен оксид, луцифераза или спајк протеин

Дезинформација е тврдењето изнесено во постот дека во вакцините против ковид-19 има графен оксид, луцифераза или спајк протеин, а споменувањето на другите состојки во фотографијата на постот во контекст на заплашување и спречување на вакцинацијата го сметаме за манипулативно, зашто содржи полувистини, невистини и извртувања, пишува во анализата на „Вистиномер“ што подолу ја пренесуваме во целост: Ензим луцифераза, спајк протеин...

Вистиномер: Немојте да постите 40 дена на вода како детоксификација после вакцина!

Објавата, освен што дезинформира, е и опасна по здравјето на луѓето, затоа што доготрајниот пост на вода не смее да се практикува без медицински надзор, особено не 40 дена! Научни студиии поажуваат дека долгорочните пости на вода се поврзани со нездраво слабеење, губење мускулна маса, постојан замор и може да му наштетат на имуниот систем. Што се однесува до...

Контраспин: Со измислиците за „фашистички мерки“ во владината кампања ВМРО-ДПМНЕ шири антиваксерство

Задоцнетиот почеток на масовната вакцинација, „фашистичките (рестриктивни) мерки“ и цената на кампањата, се три столба врз кои главната опозицска партија комуницира со јавноста дека кампањата е непотребна, што е класично извртување на вистината или спин, што пак, може да се толкува и како антиваксерски став или принцип, се одбележува во најновиот „Контраспин“ на „Вистиномер'. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Во...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...