fbpx
Таг: дезинформации

таг: дезинформации

Вистиномер: Лажно се имплицира дека смртта на 49 годишна жена од Куманово има врска со вакцината

Пациентката на возраст од 49 години починала како последица на коронавирусот, а не поради вакцината, иако била вакцинирана со една доза. Тоа што некој се вакцинирал со една доза, не значи дека неговото тело создало имунитет и дека е отпорен на заразување. За да се создаде имунитет потребна е втора доза, но и да помине одреден временски период од...

Хелсиншки комитет повикува да не се шират дезинформации за бегалците од Авганистан

Хуманитарната криза во Авганистан и владината најава за привремено прифаќање на бегалци од оваа земја очекувано е проследена со интензивен говор на омраза и обиди да се шири ксенофобија меѓу граѓаните. Изминативе години, особено за време на бегалската криза во периодот 2015-2017, дезинформациските кампањи поврзани со бегалците и мигрантите беа постојано присутни во јавниот дискурс. Иако реалноста целосно ги...

Вистиномер: После вакцинацијата не станувате магнет

Ниеден научен факт, студија или аргумент не потврдува дека во вакцината од кој било производител се содржи графен оксид. Тоа може едноставно да се провери доколку се погледне составот на вакцините кој е јавно објавен на официјалните веб-страници на нивните производители, а истиот во форма на документи го има и на страницата ковид19вакцинација.мк. За тоа дека вакцината немаат магнетизирачко...

Владата апелира да не се шират дезинформации за „населување со Талибанци од Авганистан“

Во овој момент Владата на Република Северна Македонија има преземено обврска за прифаќање на 450 граѓани од локално население од Авганистан и тоа вработени и жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните и миротворните мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и граѓани кои изминатите 20 години беа поддршка на НАТО сојузничките...

Вистиномер: ПЦР тестот не регистрира настинка и грип божем се ковид, туку е специфичен само за коронавирусот!

ПЦР тестот регистрира само коронавирус, а не вирус што е причинител на настинка или грип, како што дезинформира оваа објава на Фејсбук. ПЦР тестот исклучиво го пронаоѓа коронавирусот и тоа според единствено за Сарс Ков 2 специфични гени – N и E. Овие гени во грипот ги нема. Тие се единствено присутни во градбата на Сарс Ков 2 вирусот,...

Вистиномер: Нема докази дека вакцините предизвикуваат згрутчување на крвта

Ваквите тези за редок несакан ефект наречен тромбоза со синдром на тромбоцитопенија (ТЅЅ), пријавен пролетта во неколку земји, беа поврзувани со вакцината на „АстраЗенека“. Но, вкупната стапка на случаи на згрутчување на крвта не е зголемена во земјите кои широко ја користеле вакцината „АстраЗенека“. Како што објави Европската агенција за лекови во почетокот на март годинава, „само 22 случаи на...

Вистиномер: Фотографијата од мајката птица што изгоре е од Иран, а не од Пехчево

Фотографијата што се споделува во оваа објава на Фејсбук е вистинита и веродостојна, но таа не е снимена во Пехчево. Таа е стара повеќе од една година и често пати е пренесувана во контекст на пожари што се случувале во различни земји, ама оригинално е фотографирана во Иран во средината на 2020 година, пишува „Вистиномер“ во анализата на Фејсбук-пост.   Рецензираме...

Хелсиншки комитет: Забраните за невакцинираните не се дискриминација ниту се противуставни

Хелсиншкиот комитет за човекови права (ХКЧП) реагираше со загриженост на изјавите и пораките упатени на вчерашните протести против вакцинацијата и мерките за заштита од ширење на коронавирусот. Оттаму порачуваат дека одредени рестрикции за оние што ќе одбијат да се вакцинираат не може да се наречат дискриминација или кршење на уставните права оти во случајот станува збор за уставно регулирани...

Вистиномер: Шеикот на Дубаи не рекол дека дедо му јавал камила, тој вози Мерцедес, а правнукот повторно ќе јава камила

Шеикот Мухамед Бин Рашид Ал Мактум никогаш не изјави вакво нешто, иако погрешно атрибуираната наводна изјава е широко распространета во светски рамки, кај голем број корисници на социјалните мрежи во различни говорни подрачја, пишува „Вистиномер“ во новата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се тврди дека основачот на Дубаи, шеикот Мухамед Бин Рашид...

Вистиномер: Додека пола држава гори, Ангелов твита спинови за политичките противници

Неспорно е дека државните институции треба навремено да реагираат на лажните вести. Но, демантите треба да бидат во насока на целосно, точно и транспарентно информирање на јавноста. А, не како во конкретниот случај со директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, да се долева „масло на огнот“ преку спинови кои се во функција на партиска пропаганда и...

Вистиномер: Дезинформација е дека вакцините се извор на мутанти и болести

Дека вакцините се извор на мутанти и болести е надвор од секоја логика. Нема ниту еден податок од ниту едно релевантно истражување што може да ги потврди ваквите антиваксерски тврдења. Она што е факт е дека ниту една од одобрените вакцини не содржи жив вирус што предизвикува ковид-19. Ова значи дека вакцината не може да нè разболи со ковид-19,...

Вистиномер: Не, третата доза од вакцината против ковид нема да ги усмрти Британците

Ниту првата, ниту втората ниту третата доза од ковид вакцината – којашто во Велика Британија по избор ќе им биде достапна на граѓаните повозрасни од 50 години заедно со вакцината против грип, не значи дека со неа ќе се убива населението, туку дека ќе се спасува од тешки последици и смрт, како и од хоспитализации и од ковид и...

Вистиномер: Ковид пандемијата не е измама – таквото тврдење е опасна манипулација!

Комплетна невистина е дека ковид пандемијата е измама. За тоа дека пандемијата е вистинска говори бројот на новозаразени и на жртви во секоја земја од светот. Измама е да се манипулира со јавното мислење и да се нафрлаат флоскули кои се неосновани, непоткрепени со никаков доказ и да се затвораат очите пред бројните докази, експертски мислења, но и пред...

Вистиномер: Ретката појава на „пробивање на имунитетот“ не е причина да се отфрлаат вакцините

И вакцинираните се заразуваат од ковид, а некои од нив и умираат! Со оваа информација со восклик се јавија антивакциналните кругови во земјава и побрзаа да се порадуваат дека вакцините, всушност, потфрлиле. Но, дали е навистина така и зошто во земјава и во светот – насекаде без исклучок, се јавуваат ретки случаи каде граѓани кои биле вакцинирани со две...

Вистиномер: Пост дезинформира дека ковид вакцините ќе доведат до нова варијанта што ќе убие 35 проценти од луѓето

Со раскринкување на дезинформациите во еден пост на Фејсбук, во кој се тврди дека вакцините против ковид-19 ќе доведат до појава на нов сој на корона вирусот се зафати „Вистиномер“, изнесувајќи низа факти и докази. Целата анализа на „Вистиномер“ ја пренесуваме подолу:   Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека Комисијата за заразни болести на Велика Британија до владата на...

Вистиномер: Третата доза нема да ги убие луѓето, туку ќе ја зголеми заштитата против „делта“ варијантата на ковид – 19

Краток пост од само два реда, но кој содржи повеќе од две дезинформации за вакцините против ковид-19, споделен на Фејсбук од лицето Хубејб Нуман, содржи тврдење дека третата доза на вакцината има за цел „да убива“ луѓе, но научните факти силно го демантираат ова тврдење. Третата доза од вакцината е препорачана од компанијата „Фајзер“ и има за цел да...

Вистиномер: Лага е дека Израел почнува со чипирање на децата

Објава на Фејсбук споделува видео во кое има изјава на Бенџамин Нетанјаху, поранешен премиер на Израел, дадена пред една година, претставувајќи ја како нова и лажно тврди дека Нетанјаху бил за чипирање на децата. Но, тој никаде не спомнува чипови за деца, туку само вели сензори кои ќе алармираат доколку децата се приближат на помало растојание од два метра,...

Вистиномер: Во Велика Британија нема над 1.500 мртви како последица од вакцината

Владата на Велика Британија објавува неделни извештаи базирани на таканаречени „жолти картони“, преку кои се пријавуваат несакани ефекти после вакцината, како и после секој друг лек или медицинско средство. Пријавите може да ги пополни секој кој има сомнение дека несаканиот ефект или сериозниот исход после вакцинација настанал од вакцината, независно од тоа дали има докази. Многу е важно да...

Вистиномер: Нејасно видео со анонимни француски научници шири невистини за составот на вакцините

Видеото кое е пренесено во постот, нуди нејасни и нецелосни информации. Во него се слушаат луѓе како зборуваат на француски јазик, но нејасно е кои се тие. Дали навистина се француски научници, како се викаат, каде и што работат? „Вистиномер“ досега неколкупати дебанкираше вести кои тврдат дека во составот на вакцините против ковид-19 има графен оксид. Тоа може едноставно...

Вистиномер: Ковид пандемијата не е лажен проект на Светска банка предвиден до 2025 година

Пост на Фејсбук шири невистини дека има лажна пандемија од ковид-19 и дека таа е проект за којшто Светската банка, наводно, ,,пресметала да заврши во 2025 година”. Исто така, дезинформација е дека Светската Банка „до 2025 година планира да ги избоцка сите по секоја цена“, со оглед на тоа што вакцинацијата е доброволна, а во програмата за стратешка подготвеност...

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...