fbpx
Таг: девојче

таг: девојче

13-годишна Израелка избодена до смрт на спиење

Тринаесетгодишна Израелка била избодена со нож до смрт, во напад кој се случил денеска во еврејска населба во окупираниот Западен Брег, јавуваат светските медиуми. Халел Јафа Ариел била нападната додека спиела во својата соба, во населбата Кирјат Арба. Чуварите на населбата го убиле напаѓачот, а при интервенцијата еден од нив бил потешко повреден со нож во лицето. Израелското министерство за здравство...

Во сообраќајка на патот Прилеп – Градско животот го загуби петгодишно девојче

Попладнево околу 15 часот, на магистралниот пат Прилеп - Градско се случи тешка сообраќајна незгода, во која животот го загуби петгодишно девојче, информираат од Основното јавно обвинителство. Несреќата се случила кога автомобил „форд фиеста“ со велешки регистарски таблички излетал од коловозот и се превртел. Во автомобилот, освен девојчето, патувале и нејзиниот татко, баба и дедо. Другите патници не се повредени. Се...

Медлин Мекен која исчезна пред осум години, видена во Парагвај?

Тригодишната Медлин Мекен од Велика Британија која исчезна во 2007 година од хотел во местото Праја де Лус во Португалија, каде летувала со семејството, е во Парагвај, тврди таблоидот „Сан“ (The Sun). Поради овие претпоставки, алармирани се четири полициски станици, Интерпол и агенциите задолжени за пронаоѓање киднапирани деца. - Мојот тим доби информација дека Медлин веќе два месеци се наоѓа во Арегуа,...

Утре протест по повод годишнината од смртта на Тамара

Утре, во 12 часот, пред Јавното обвинителство во Скопје ќе се одржи протест по повод едногодишнината од смртта на деветгодишната Тамара Димовска од Велес. Организаторите бараат јавниот обвинител итно да покрене обвинение против одговорните за нејзината смрт. Откако настанот беше инициран на социјалната мрежа „Фејсбук“, Јавното обвинителство соопшти дека за овој случај се осомничени повеќе лица. Денеска, само еден ден...

Уапсени тројца грабнувачи на малолетничка во валандовско

Жител на валандовското село Калково ноќеска, околу 1 часот, во полиција пријавил дека неколку непознати лица ја грабнале неговата 15-годишна ќерка и со автомобил заминале кон Неготино и Радовиш, информираат од полицијата. По преземените мерки, полицијата дознала дека девојчето било грабнато од Е.М.(21), Ѓ.Д.(25) и М.А.(17), сите од селото Градашорци. Осомничените, по кратко време биле уапсени од екипа...

Камион прегази девојче во Влае

Kамион удри во пешак, oколу 15.30 часот, во нaселбата Влае на раскрсницата меѓу улиците Адолф Циборовски, Андреј Димов и Стефан Филиповиќ, пишува „А1 он“ (а1on.mk). Според првичната процена на полицијата, станува збор за 12-годишно девојче, кое веднаш по несреќата починало. Увидот на местото на настанот е во тек, за да се утврдат причините за несреќата.

Тригодишно девојче почина во Прилеп

Тригодишно девојче почина во градската болница во Прилеп, каде пред два дена добила висока температура и повраќање откако јадела сендвич од една сендвичарница. Првичните инфрмации на лекарите се дека А.Н. починала од труење со храна. Роднините на девојчето сметаат дека се работи за несоодветен третман и за грешка во терапијата на дежурните лекари. Девојчето по првичната интервенција било испратено на...

Пронајдено телото на шестгодишното девојче од Шипковица

Жителите на Шипковица, во соработка со војската, денеска го пронајдоа безживотното тело на шестгодишната Дрита Амети, исчезната уште од првиот ден од поплавите, јавува телевизијата „Алсат-М“. Нејзиното тело е пронајдено под урнатините од куќата на нејзиниот братучед, неколку куќи подалеку од нејзиниот дом.

Повредено деветгодишно девојче додека си игралo во дворот

Вчера, околу 16 часот, во градската болница „Св.Наум Охридски“ - Скопје, била донесена повредена А.М. (2006) од селото Брњарци, со прострелна рана во пределот на рамото. Настанот, според кажување, се случил на 4 август, околу 16 часот, додека девојчето си играло во дворот од семејната куќа. По извршената интервенција, зрното било извадено, а девојчето задржано за понатамошно лекување.

СДСМ: Пропагандата продолжува со одвратни педофилски статуси

Злоупотребувањето на фотографија на 14-годишно девојче е одвратен потег што ги надминува границите за нормалност, реагираат од СДСМ на објавувањето на фотографијата на ќерката на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на порталот „Курир“. Во соопштението на партијата се вели дека тоа како да не било доволно, па денеска пропагандата со згрозувачки педофилски статуси ја продолжил Миленко Неделковски, водител на телевизијата „Канал...

Девојче прегазено на Стража

Дваесет и седумгодишниот И.Б. од Тирана, со автомобил „опел астра“ со кичевски регистерски таблички, удрил во 16-годишното девојче од Чегране. Сообраќајната несреќа се случила вчера попладне, на магистралниот пат Гостивар - Кичево, на Стража, пред бензинската пумпа на „Лукоил“, пишува „Прес 24“. Возачот на „астрата“ веднаш ја однел повредената малолетничка во гостиварската болница.

Деветгодишно девојче загина во пожар во Чаир

Деветгодишно девојче го загубило животот во пожар што вчеравечер избувнал во стан на улицата Емин Дураку, во скопската населба Чаир, информира полицијата. Во пожарот, кој од засега непознати причини избувнал околу 23.30 часот, повредени биле уште четири лица, кои биле пренесени во Градската хируршка клиника „Свети Наум Охридски“. Екипи на скопската противпожарна бригада успеале да го локализираат пожарот, а тим на...

По шест години, погребана малата Ангела од прилепското село Дуње

Посмртните останки на шестгодишната Ангела Ѓорѓиоска од прилепското село Дуње, вчера беа погребани на градските гробишта Песјобрдце во Прилеп, речиси шест години по нејзиното исчезнување на 23 јули 2009 година од родното село. Бидејќи, како што велат од Обвинителството, семејството на девојчето одбило да го изврши погребот, а посмртните останки со години се чувани во Институтот за судска медицина во Скопје,...

Исчезна 17-годишно девојче од Куманово

Седумнаесетгодишно девојче од Куманово е пријавено дека вчера утрото го напуштило домот и оттогаш не се вратило. Според МВР, откако во 7 часот утрото заминала од домот, девојката не се вратила, а ѝ се губи и секоја трага. По неможноста сами да го најдат детето, таткото А.К. (49) го пријавил случајот кај надлежните власти во Куманово. СВР Куманово превзема мерки за да го...

Извештајот за починатото девојче треба да биде познат денеска

Извештајот од комисијата што работи на случајот на 12-годишното девојче, кое неодамна почина на Инфективна клиника, треба да биде готов денеска. Тој треба да биде доставен до Министерството за здравство.

Направена дезинфекција на училиштето во кое одело починатото девојче

Центарот за јавно здравје Скопје вчера направил превентивна дезинфекција во училиштето каде учело 12-годишното девојче што ненадејно почина вчера на Клиниката за инфективни болести, пренесе „Здравство24“. Оттаму наложиле и мерки во однос на одржувањето на хигиената на работните простории, одржување на хигиената на рацете, сè до добивање некои подетални информации за причината за смртта. Во тек е дезинфекција и на Клиниката...

Сè уште не се знае од што починало девојчето на Инфективна клиника

Лекарите не знаат од што починало 12-годишното девојче што вчера било донесено на Клиниката за инфективни болести, објави „Нова ТВ“. Девојчето било примено во тешка здравствена состојба, со пролив, повраќање и со намалена телесна температура. Според изјавата на директорот на клиниката, Звонко Миленковиќ, лекарите четири часа безуспешно се обидувале да го спасат девојчето. Семејството не дозволило да биде извршена обдукција на телото,...

На Инфективна клиника почина девојче од свински грип

Дванаесет годишно девојче денеска почина од свински грип на Инфективната клиника во Скопје, објави Канал 5. Информацијата ја потврдиле и доктори од клиниката. Се чекаат информации во каква состојба било примено детето во болница и дали претходно имало други заболувања.

Седумгодишно девојче преживеа авионска несреќа

Во петокот вечерта по американско време, седумгодишно девојче преживеало авионска несреќа во една од шумите во Кентаки, САД. Покрај девојчето, во малиот авион имало уште четворица кои не го преживеале падот на леталото, а меѓу нив биле и нејзините родители. Се верува дека покрај пилотот, со ова семејство летала и бебиситерката. Никој не го чул рушењето на авионот бидејќи паднал...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...