Тригодишно девојче почина во Прилеп

Тригодишно девојче почина во градската болница во Прилеп, каде пред два дена добила висока температура и повраќање откако јадела сендвич од една сендвичарница. Првичните инфрмации на лекарите се дека А.Н. починала од труење со храна.

Роднините на девојчето сметаат дека се работи за несоодветен третман и за грешка во терапијата на дежурните лекари. Девојчето по првичната интервенција било испратено на домашнo лекување. Но, нејзината состојба воопшо не се подобрувала.

А.Н. била вратена во болницата, но во многу критична состојба и утрово починала. За родителите, нема дилеми дека нејзината смрт е последица на несоодветниот третман на лекарите.

Настанот е пријавен во полиција и во Основното јавно обвинителство. Телото на починатото девојче е предадено на обдукција.

Министерството за здравство ќе формира комисија која ќе ги испитува околностите под кои настанала смртта.