fbpx

Направена дезинфекција на училиштето во кое одело починатото девојче

-

Центарот за јавно здравје Скопје вчера направил превентивна дезинфекција во училиштето каде учело 12-годишното девојче што ненадејно почина вчера на Клиниката за инфективни болести, пренесе „Здравство24“.

Оттаму наложиле и мерки во однос на одржувањето на хигиената на работните простории, одржување на хигиената на рацете, сè до добивање некои подетални информации за причината за смртта. Во тек е дезинфекција и на Клиниката за инфективни болести.

Лилјана Лазаревска од Центарот за јавно здравје Скопје изјавила дека било констатирано оти последен ден кога 12-годишното девојче посетувало настава е 23 јануари. Посочи дека и сестричката на починатото девојче, која оди во петто одделение, била отсутна од училиште од 23 јануари.

– Нема место за паника. Други деца со слични симптоми нема. Нема зголемена отсутност на учениците што е вообичаено за овој период од годината и за изминатите години. Покрај училиштето, Центарот за јавно здравје Скопје направи контакт со матичниот лекар каде детето се јавило на преглед и со Клиниката за инфективни болести, каде имаше увид во историјата на заболувањето – истакна Лазаревска.

Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека за сомневањата во однос на дијагнозата не може да кажe ништо зашто тоа би било на ниво на шпекулации.

– Детето имало зголемена температура која брзо прогресирала со течни проливи. Состојбата за кратко време се влошила и веднаш било пренесено на инфективната клиника. На матичен лекар се јавиле на 27 јануари, при што детето имало зголемена температура и црвено грло. Клиничката слика се влошила истиот ден и вечерта од страна на дежурните служби добиен е упат за Клиниката за детски болести, меѓутоа родителите одбиле да ја сместат таму и се упатиле на Клиниката за инфективни болести – појасни Лазаревска.

Дадени се упати, истакна, за подготвување анализа на двете деца бидејќи двете ги однеле на преглед, меѓутоа починатото дете одбило да даде крв додека на другото (на сестричката) му е земена крв и резултатите се негативни.

– Министерството за здравство формираше комисија која ќе го испитува случајот и какви било други информации ќе добиете од нив. Што се однесува до нас, како одделение за епидемиологија, ќе ја следиме понатаму состојбата во однос на тоа дали се спроведуваат мерките што се наложени – додаде Лазаревска.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...