среда, 7 октомври, 2026
Meta.mk

Ознака: Дана Рорабакер | 10 резултати

СДСМ го повика Јолевски да каже што зборувал со Рорабакер

февруари 16, 2017

Министерот за одбрана од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Јолевски треба да објасни што се зборувало на неговата средба со американскиот конгресмен Дана Рорабакер и дали таа средба е повод за контроверзните изјави на конгресменот за поделба на Македонија, порача денеска на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. – Министерството за одбрана, пак, е должно да одговори со […]

Руско МНР: Провокација се тврдењата дека Лавров заговарал поделба на Македонија

февруари 14, 2017

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров никогаш не дал изјава во која наводно заговара поделба на Македонија, стои во реакцијата на Министерството за надворешни работи на Русија на текст на македонската редакција на „Дојче веле“ со наслов „Предлогот на Рорабакер- верзија на стар руски предлог?“ – Забележавме дека во написот на македонското издание на […]

Рорабакер и на „Твитер“ повикува Македонија да го следи примерот на Чешка и на Словачка

февруари 9, 2017

Републиканскиот конгресмен и воедно претседател на Подкомитетот за европски работи на американскиот претставнички дом, Дана Рорабакер, продолжува да ја промовира контроверзната идеја за поделба на Македонија и на „Твитер“. Тој, одговарајќи на пораки и на реакции на „Твитер“ околу неговите ставови за Македонија, меѓу кои и на поранешниот шеф на македонската дипломатија, Никола Димитров, вели […]

„Политико“: Рорабакер е омилениот конгресмен на Путин

февруари 8, 2017

„Ова лето (2016 година, н.з.) републиканцот Дана Рорабакер искористил информација што ја дoбил директно од руската влада за да промовира еден од главните приоритети на претседателот Владимир Путин: отстранувањето на името на рускиот адвокат Сергеј Магнитски од глобалниот антикорупциски закон“. Вака почнува текстот со наслов „Омилениот конгресмен на Путин“ на американскиот интернет-магазин „Политико“, објавен на […]

Платформата „Македонија 2025“ ги осудува коментарите на американскиот конгресмен

февруари 8, 2017

Платформата „Македонија 2025“ остро ги осудува коментарите на републиканскиот конгресмен Дана Рорабакер и повикува да се повлече неговото претседаваштво на конгресниот Поткомитет за Европа, Евроазија и новите закани, се вели во соопштението на „Македонија 2025“. – Крајно е неодговорно за високорангиран конгресмен на САД отворено да го пропагира уништување на една независна нација. Во овој […]

САД за изјавите Рорабакер: Го поддржуваме територијалниот интегритет на Македонија

февруари 8, 2017

„Соединетите Американски Држави го признаваат и го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија и оваа позиција не е променeта“. Ова го изјавил за „Гласот на Америка“ на албански јазик висок неименуван функционер на американскиот Стејт департмент, а во врска со изјавата на републиканскиот конгресмен Дана Рорабакер. Изјавата  е безмалку идентична со изјавата што […]

Страна 1 од 1