fbpx
Таг: Без Филтер

таг: Без Филтер

Гасоводот преку Водно доцни, има технички проблеми кај Сопиште и кај Шишево

Две години откако беше најавена како приоритетен инфраструктурен зафат и претставена како единствено решение за побрзо завршување на гасоводот и за побрза гасификација на полошкиот регион, трасата на гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар преку падините на Водно сè уште не е завршена, а на неа последниве месеци не можат да се забележат никакви градежни работи. Посетителите на Водно и рекреативците изминативе месеци...

Македонското население старее, училиштата се празнат

Негативните демографски трендови земаат сè поголем замав во нашата земја, а тоа најдобро го илустрираат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) за движењето на бројот на живородените, за старосната структура на населението,  како и за бројот на ученици во основното, средното и високото образование во периодот 2009-2019 година. Според процената на населението (состојба на 31.12.2019 година), во нашата...

Столтенберг: на пропагандата за ковид-19 најдобро се одговара со факти

Фото: НАТО
„Не верувам дека одговорот на пропагандата е пропаганда. Верувам дека најдобар начин да се одговори на пропагандата е со изнесување на фактите“, рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг зборувајќи за дезинформациите кои се шират за пандемијата на ковид-19, на синоќешната прес-конференција по втората сесија на состанокот на министрите за одбрана на Алијансата. - За време на пандемијата видовме многу...

Загубите на вода во водоводните системи лани биле намалени, но далеку од потребното ниво (инфографик)

Водоводните претпријатија лани успеале да го намалат нивото на неприходувана вода на национално ниво за приближно 3 отсто, но тоа е далеку од прифатливите меѓународни стандарди за процентот на загуби на вода за пиење во водоводните системи. Од 271.262.710 метри кубни вода, колку што била произведена од водоводните системи во земјава лани, дури 175.349.029 метри кубни вода (64,64 отсто)...

„Здрава Котлина“ утре ќе организира протест против одлуката на Управниот суд за Иловица

Граѓанските здруженија кои се борат против изградбата на рудникот Иловица во струмичкиот регион најавуваат протести, откако Управниот суд преку одлука за време на вонредна состојба ја врати можноста „Еуромакс Ресорсис“ сепак да го гради рудникот во близина на струмичките села Иловица и Штука. Во сабота, 20 јуни, со почеток во 11 часот ќе го организираат првиот протестен собир против...

Летото дојде, првите километри од автопатот Кичево – Охрид допрва ќе се пуштаат во употреба (галерија)

Новата летна сезона е пред самиот праг, а првите километри од автопатот Кичево - Охрид сè уште не се ставени во функција за возачите. Најавите на државните власти беа дека годинава ќе возиме по првите десетина километри од овој автопат на потегот од Врбјани до Охрид, на којшто потег всушност има и најголема фреквенција на сообраќај и најголема опасност...

НАТО се подготвува за вториот бран на ковид-19

Чешка беше еден од сојузниците кои доставија медицинска опрема како помош на македонските напори во справување со пандемијата (Фото: НАТО)
Со спремни залихи медицинска опрема, посебен фонд и нов оперативен план, НАТО се подготвува за вториот бран на пандемијата на ковид-19. Ова е една од четирите точки на тридневниот состанок на сојузничките министри за одбрана, кој се одржува од 16 до 18 јуни преку видеоконференциска врска. Подготовката за вториот бран ќе биде главна тема на денешната сесија. Од почетокот на...

Прекина изградбата на пругата Куманово-Бељаковце, ќе има тендер за нов изведувач

Сопрена е изградбата на пругата Куманово-Бељаковце на барање на германскиот изведувач „Вибе“, информираат од ЈП Железници на РСМ-Инфраструктура. Државата ќе мора да бара нов изведувач за довршување на првата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија, како и изготвувач на нова техничка документација за железничката делница долга 30,8 километри. Од ЈП ЖРСМ Инфраструктура во изјава за „Мета.мк“ велат дека...

Крајот на вонредната состојба ќе ги „одмрзне“ цените на маските, јужното овошје и основните прехранбени производи

По завршувањето на вонредната состојба престануваат да важат неколку одлуки кои го ограничуваа порастот на цените на основните прехранбени производи, јужното овошје и заштитната опрема, а кои беа донесени за да се спречат манипулации во трговијата по појавата на корона вирусот. Министерството за економија ги информира трговците на мало и на големо дека со крајот на вонредната состојба престанува да...

За 15 години двојно зголемен бројот на повредени велосипедисти во сообраќајни несреќи (инфографик)

Бројот на сообраќајни несреќи во кои учествуваат велосипедисти за период од една и пол деценија речиси двојно се зголемил. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2019 година во сообраќајни незгоди загинале тројца велосипедисти, додека 232 возачи и патници на велосипеди биле повредени. Ваквата бројка е помала во споредба со 2018 година, но значително поголема ако се...

Мнозинство млади лица би се иселиле во земја со повисоки даноци

Дури 7 од 10 македонски граѓани на возраст од 18 до 24 години би сакале да плаќаат повисоки даноци и да живеат во странство, додека постарите лица повеќе би сакале да плаќаат пониски даноци и останат да живеат во земјава, покажува новата студија на Центарот за економски анализи (ЦЕА) за даночниот морал изразен преку профилот на даночните обврзници. Во истражувањето...

Скопјани сè уште ги чекаат ваучерите за инвертори, Градот допрва ќе распишува оглас

Градот Скопје во текот на следната недела ќе го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за купување високоефикасни инвертер клима уреди. Четири месеца откако Советот на Град Скопје донесе одлука со која парите добиени од Владата ќе бидат наменети за субвенционирање на набавка на инвертори како замена за нееколошки начини на загревање во домаќинствата во главниот град на...

Реката Вардар е место за фрлање отпад и извор на болести, ќе успееме ли да го прочистиме до 2026 година? (видео)

Бактериолошки во највисока четврта категорија на загадување, додека хемиски може да се случи да биде меѓу четврта и петта категорија на загадување во зависност од годишното време и водостојот. Ова е тажниот резултат од испитувањето на квалитетот на водите на реката Вардар во Скопскиот регион, којшто со години наназад го добива доктор Љупчо Костадиновски, специјалист по хигиена и здравствена...

Хаварија во Велес: Еден тон мазут од фабриката „Благој Ѓорев“ се излеал во Вардар

Еден тон мазут се излеал во водите на Вардар во Велес откако се случила хаварија на резервоарот за мазут на велешката фабрика „Благој Ѓорев“, соопшти градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски. Хаваријата, според градоначалникот, се случила вчера во претпладневните часови, односно за излевањето на мазутот било пријавено во СВР Велес во 10.50 минути. Според градоначалникот Коцевски, излевањето се случило откако се...

Имаме богато железничко наследство, но немаме музеј и интерес за да го зачуваме (галерија)

Денот на македонските железничари и годинава беше симболично одбележан на 9 април. На овој ден, во далечната 1873 година се воспоставил сообраќајот на првата железничка линија меѓу Скопје и Солун. По 147 години од основањето на железницата во земјава, Македонија заедно со Албанија се последните земји во Европа кои немаат локација каде што може да се одбележи овој ден....

„Пржинскиот модел“ закочи 90 милиони евра одобрен кредит за борба со ковид-19, проблемот треба да го реши ДИК

Владата презема мерки за реализација на веќе одобрениот заем од Светска банка во висина од 90 милиони евра за борба со ковид-19, откако дополнителната заменик-министерка за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска подолг период одбива да стави потпис на договорот за заем. На вчерашната седница владините министри одлучија да побараат мислење од Државната изборна комисија (ДИК) која, според Законот за Влада, во...

Малата депонија на линдан во ОХИС може да се чисти и до три години

Чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС е голем проект, со кој се очекува по повеќе од четири децении, да започне решавањето на една од најголемите историски еколошки жешки точки во земјава. Отпадниот пестицид, кој е последица на работењето на хемискиот капацитет, долги години стои несоодветно складиран во дворот на ОХИС и претставува голема закана за здравјето на...

Метежот на улиците ни е секојдневие, а сме на дното во Европа по број на автомобили по глава на жител (инфографик)

Северна Македонија е една од земјите во Европа со најниска стапка на моторизација на населението. Позади нас се единствено Албанија, Косово и Турција, покажуваат податоците на „Евростат“. И покрај ова, сообраќајниот метеж во нашите градови е секојдневна појава, додека проблемот со паркирањето расте секојдневно, особено во главниот град. Во 2018 година во нашата земја биле регистрирани вкупно 415.062 патнички...

Исповед на заболена од ковид-19: Имам лесни симптоми, но сум како темпирана бомба за моите блиски

Јас сум позитивна на ковид-19 и во моментов сум во домашна изолација. Внимавајте добро како се однесувате, бидејќи и јас мислев дека е тоа нешто што е далеку од мене, но еве, не било воопшто така. Вака ја започнува својата приказна С.Б. од Скопје, која е позитивна на коронавирусот. Таа побара да не го објавуваме нејзиното име и презиме од...

Софија до крајот на август ќе ја стави во функција третата линија на метрото (галерија)

Бугарскиот главен град до крајот на август 2020 година ќе ја пушти во функција третата линија на софиското метро. Линијата ќе биде долга 12 километри, ќе има 12 метро станици и ќе ги поврзува југозападниот со североисточниот дел на градот. Вкупната вредност на проектот изнесува 480 милиони евра. Изградбата на третата метро линија започна на почетокот од 2016 година,...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...