fbpx
Таг: БДП

таг: БДП

СКСЗМ бара развоен буџет и зголемување на капиталните инвестиции

Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ) предлага реструктурирање на јавните трошоци и буџетот да се насочи кон развојните политики, а не како што е досега, буџетот да биде социјален, само за одржување на социјалната стабилност. Ова денеска беше истакнато на средбата со претставниците на движењето Беса, каде се дискутираше за економската платформа на комората и за можностите за подобрување на бизнис-климата...

ЕБРД ја намали проекцијата за порастот на домашниот БДП од 3,2 на 2,1 отсто

Европската банка за реконструкција и за развој (ЕБРД) ја намали прогнозата за Македонија за порастот на домашниот бруто-производ (БДП) на 2,1 отсто од 3,2 проценти проектирани во мај, што е резултат на влијанието на политичката криза во државата. „Во 2016 година голема е веројатноста да има значителен пад на БДП на 2,1 отсто, но веројатно ќе се врати на 3...

Ново задолжување од 61,3 милиони евра кај домашните банки

Државата денеска ќе се задолжи со 61,3 милиони евра кај домашните банки и осигурителни компании. Според Министерството за финансии, околу 10,5 милиони евра од вкупната сума се со рок на достасување од шест месеци, 39,9 милиони евра доспеваат за една година, 5,5 милиони евра за две години, а 5,7 милиони евра за 15 години. Врз основа на доспеани обврски, утре државата треба да врати...

Наумов: Јавниот долг ги надмина критичните 50 проценти од БДП

Министерот за финансии, Кирил Миноски, и официјално објави дека јавниот долг изнесува 4 милијарди и 760 милиони евра или 50,6 проценти од домпашниот бруто-производ (БДП), се вели во соопштението од кабинетот на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов. - За само девет месеци, јавниот долг е зголемен за 532 милиони евра. Во текот на 2016 година, јавниот долг дневно се зголемувал за...

Глобалниот долг на историски највисоко ниво

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) е загрижен поради проблемот со зголемување на глобалниот долг, кој достигна 225 отсто од светскиот домашен бруто-производ (БДП), што може да доведе до нова финансиска криза. Бруто-долгот во нефинансискиот сектор номинално е повеќе од двојно зголемен од почетокот на овој век, достигнувајќи 152 милијарди долари со тренд на зголемување, наведува ММФ во своето најново полугодишно издание...

Светска банка ни предвидува економски пораст од само 2 проценти, најмал во регионот

Економскиот пораст во Македонија се очекува да забави и да достигне ниво од само 2 проценти во 2016 година под влијание на намалувањето на инвестициите, се вели во најновиот економски извештај на Светска банка за Југоисточна Европа, кој денеска беше презентиран во Скопје. - Првпат по шест години, инвестициите имаа негативен придонес во економскиот пораст, што е спротивно на земјите...

Пратениците денеска на пленарна седница ќе расправаат за предлог-ребалансот на буџетот

Собранието денеска во рамки на 117. седница треба да почне расправа за новиот ребаланс на буџетот за 2016 година, кој се предлага за да се обезбедат 36,4 милиони евра за целосно обесштетување на штетите од поплавите од 6 август годинава. Со новиот ребаланс на буџетот, дефицитот ќе се зголеми од 3,6 на 4 проценти од домашниот бруто-производ (БДП) и од 344,4...

СДСМ: За подобар живот на граѓаните потребен е пораст на БДП поголем од 5 проценти

„Мизерниот животен стандард на граѓаните го потврди и Државниот завод за статистика со само 2,2 проценти пораст на домашниот бруто-производ (БДП). Од 2007 година, поради недомаќинското водење на економијата од страна на неодговорната власт, просечниот пораст на БДП е заглавен на ниво од три проценти, што е премалку за подобрување на животниот стандард на граѓаните“, се вели во соопштението на...

БДП се зголеми за 2,2 отсто во второто тримесечје

Стапката на пораст на домашниот бруто-производ (БДП) за второто тримесечје годинава изнесува 2,2 проценти, објави Државниот завод за статистика. Најголем пораст е забележан во секторите градежништво, од 31 процент, стручни, научни и технички дејности, административни и помошни услужни дејности, од 11,5 проценти, и финансиски дејности и дејности на осигурување од 4,9 проценти. Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за...

Јавниот долг на Македонија достигна 6,7 милијарди евра

Во првиот квартал од годината, надворешниот бруто-долг изнесува 6.707, 4 милиони евра или 70,9 проценти од домашниот бруто-производ (БДП), што претставува пораст од 1,1 процентен поент од домашниот бруто-производ на квартална основа, објави Народна банка. Споредено со крајот на првиот квартал на 2015 година, надворешниот бруто-долг се зголемил за 1,8 процентни поени од домашниот бруто-производ, во услови на пораст на јавниот и...

СДСМ: Богов призна дека јавниот долг достигнал 50 отсто од БДП

Опозициската партија СДСМ денеска излезе со соопштение во кое се наведува дека гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, во синоќешното интервју за телевизијата „Алфа“ ги потврдил нивните тврдења дека со издавањето на еврообврзницата јавниот долг на Македонија изнесува 50 проценти од домашниот бруто-производ (БДП). „Признанието на Богов е директна потврда на тврдењата на СДСМ. Со ова Богов ги разобличи манипулациите...

Во Венецуела се продолжува вонредната економска состојба

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, ја продолжи за два месеци т.н. економската вонредна состојба, која во земјата е воведена во средината на јануари годинава поради економската и политичката криза. Вонредната состојба се продолжува за 60 дена поради околностите што влијаат врз националната економија, се наведува во претседателскиот указ потпишан во вторникот, а објавен вчера во службен весник. Првиот таков указ беше потпишан...

НБРМ: Политичките случувања ја забавуваат економијата и ја зголемуваат неизвесноста

Податоците за домашниот бруто-производ (БДП) за првиот квартал од годинава укажуваат на понизок пораст на економијата од очекуваниот, објави Народна банка. - Домашните неекономски фактори поврзани со политичките случувања во земјата дополнително ја зголемуваат неизвесностa околу остварувањата и оцените за економската активност во следниот период - информираат од Народна банка. Во однос на инфлацијата, се вели дека таа и понатаму умерено се зголемува, а...

СКСМ: Еврообврзницата е за задржување на социјалниот мир, а не за развој на економијата

Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСМ) изрази загриженост по повод намерата на државата да издаде еврообврзница во износ од 650 милиони евра и смета дека тие пари се за купување социјален мир, а не за внесување свеж капитал во стопанството. Според СКСМ, еврообврзницата ќе се искористи за покривање на тековните обврски, односно за исплата на плати и на пензии, а...

Ново задолжување од 5,4 милиони евра кај домашните кредитори

Државата денеска кај домашните кредитори ќе се задолжи за 5,4 милиони евра, преку аукција на државни хартии од вредност. Ќе бидат понудени тримесечни записи со девизна клаузула, 12 месечни записи, како и обврзници на 10 и на 15 години. Првиот квартал од 2016 година, вкупниот јавен долг изнесува 4,33 милијарди евра или 45 проценти од домашниот бруто-производ.  

Секоја година ли ќе се задолжуваме со 500 милиони евра?

Сега веќе знаеме дека новата еврообврзница треба да изнесува 230 милиони евра за да се достигне сумата од 500 милиони евра, колку што требаше да изнесува ланската, но од која тогашниот дополнителен заменик министер за финансии, Кире Наумов, ги исече токму овие најавени 230 милиони евра и на крај задолжувањето изнесуваше „само“ 270 милиони евра, пишува „Вистиномер“. Оваа сума тогаш...

СДСМ: Потребен е пораст од 6 проценти на БДП за граѓаните да почувствуваат подобрување

„Нереален е порастот на домашниот бруто-производ (БДП) од два процента со кој излезе Државниот завод за статистика (ДЗС) и номиналниот пораст од 8,7 отсто, бидејки тие се невозможни во услови кога во земјава има дефлација. Тоа значи дека ДЗС лаже“, се вели во соопштението на СДСМ. Оттаму додаваат дека „оваа надградена и проширена прогноза на ДЗС за пораст на БДП од едвај 2 проценти открива...

Два проценти пораст на БДП во првото тримесечје годинава

Стапката на пораст на домашниот бруто-производ (БДП) за првото тримесечје од 2016 година изнесува 2 проценти, објави Државниот завод за статистика. Во првото тримесечје од годинава, најголем пораст е забележан во секторите финансиски дејности и дејности на осигурување од 13,3 проценти, стручни, научни и технички дејности, административни и помошни услужни дејности од 11,7 проценти и градежништво од 7,7 проценти. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи...

Потребни се инвестиции во земјоделскиот сектор бидејќи го зголемува учеството во БДП

Земјоделско-прехранбениот е трет најголем сектор и од 2005-2015 година учеството во бруто-домашниот проиозвод (БДП) е 12 проценти. Заедно со преработувачката индустрија на земјоделски производи учествува со 16 проценти во БДП. Од Стопанската комора на Македонија истакнаа дека инвестициите во овој сектор се од голема важност, бидејќи придонесува и во надворешно-трговската размена, а уделот на агро-прехранбените производи во извозот е од 16...

Еврогрупата даде зелено светло за исплаќање на 10,3 милијарди евра за Грција

По речиси 11 часа состанок, Еврогрупата заврши со договор и зелено светло за исплаќање на рата од грчкиот кредит. Европските министри за финансии договорија Грција да добие 10,3 милијарди евра кои ќе бидат исплатени во две фази и договорија насоки за намалување на грчкиот долг во три фази. Покрај несогласувањата, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и натаму останува во финансиската програма...

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...