fbpx
Таг: БДП

таг: БДП

Последиците од кризата најмногу се почувствуваа во градежништвото

Градежните активности во првите девет месеци се намалени, а градежниците имаат помалку работа и во странство, информираа од Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметали. Според претседателот на Здружението, Андреа Серафимовски, последиците од политичката криза најмногу се почувствувале во овој сектор, кој беше главен двигател на економијата во последните неколку години. - Проблемите речиси и да не се решаваа, а...

„Скопје смог аларм“ за заштита на животната средина бара 1 процент од БДП за 2018 година

Граѓанската заедница на еко-активисти „Скопје смог аларм“ бара од Владата итно да оформи посебен фонд за заштита на животната средина и да одвои околу 1 процент од проектираниот БДП за 2018 година. „Поради катастрофалната еколошка состојба во Македонија, сметаме дека Владата треба да одвои околу 1 отсто од БДП во посебен фонд за заштита на животната средина. Го повикуваме Министерството...

Државниот и јавниот долг намалени во третото тримесечје од годинава

Министерството за финансии денеска ги објави податоците за државниот и за јавниот долг за третото тримесечје годинава, според кои, има намалување на државниот и на јавниот долг во однос на претходното тримесечје. Заклучно со вчера, државниот долг изнесува 3,87 милијарди евра или 37,8 отсто од домашниот бруто-производ (БДП), што споредено со претходното тримесечје е намалување за 9,6 милиони евра, односно...

Заев: На регионот му е потребен пораст на БДП од 5 проценти ако сакаме побрз развој

На земјите од регионот на Западен Балкан им е потребен пораст на домашниот бруто-производ поголем од 5 проценти ако сакаме побрз економски развој, рече премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со премиерите на Албанија, Еди Рама, на Црна Гора, Душко Марковиќ, и со претседавачот со советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, на завршувањето на „Самит 100“ за бизнис-лидери од...

НБРМ: Проекцијата за домашниот бруто-производ ќе биде помалa од 2,5 проценти

По падот на економската активност на домашниот бруто-производ (БДП) во второто тримесечје, показателите за третиот квартал даваат различни сигнали, се вели во заклучокот по одржување на редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народна банка. - Поволни движења се забележуваат во градежниот сектор и во трговијата, а воедно поволни се и сигналите што ги даваат и анкетните истражувања за економската...

Домашниот бруто-производ лани се зголемил за 2,9 проценти во однос на 2015 година

Домашниот бруто-производ (БДП) во 2016 година изнесувал 598.881.000 денари и стапката на пораст изнесувала 2,9 проценти во однос на 2015 година, објави Државниот завод за статистика. Финалната потрошувачка во 2016 година во структурата на БДП учествува со 82,1 отсто. Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2016 година изнесува 50 проценти. Во техничката структурата на инвестициите...

Богов: Би бил среќен ако годината ја завршиме со позитивен економски пораст

Продолжената политичка криза ѝ нанесе сериозни штети на економијата и по падот во првата половина од годината, тешко дека ќе постигнеме никаков пораст оваа година, изјавил гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов, во интервју за „Ројтерс“ на маргините на Конференцијата на гувернерите на централните банки одржана во Сараево. Тој додаде дека предвидувањата на НБРМ од април за економски пораст...

Анѓушев го презентираше планот за економски пораст пред амбасадите

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, на јавна трибина во Владата го презентираше планот за економски пораст односно мерките, пред претставниците од странските амбасади и меѓународните финансиски институции. „Планот за економски пораст е резултат на сеопфатни анализи. Во него се имплементирани препораки од документите на Светската Банка, Виенскиот институт за меѓународни односи, Македонската академија на науки и уметности, но и...

Кредитниот рејтинг на Македонија е стабилен, потврди „Стандард и Пурс“

Американската компанија за финансиски истражувања и анализи „Стандард и Пурс“ (Standard and Poor's) потврдила дека кредитниот рејтинг на Македонија е ББ-, со стабилниот изглед, соопшти денеска Министерството за финансии. Потврдата на стабилниот изглед, стои во соопштението, ги одразува оценките на „Стандард и Пурс“ за балансирани ризици помеѓу траекторијата на јавниот долг и политичката неизвесност од една страна, и поволните економски...

Владата со програма за пораст преку поддршка и на домашните и на странските компании

„Новиот план за економски пораст во земјава што го подготви Владата има цел транспаретно да ги стимулира фирмите што бележат пораст и го зголемуваат извозот, но и да ги стимулира компаниите да отвораат добро платени работни места и да отвораат развојни центри. Крајната цел е да се постигне развој од кој корист ќе имаат граѓаните“, рече премиерот Зоран Заев...

Економијата во Турција ќе ги надмине предвидувањата од 4,4 проценти пораст на БДП

Домашниот бруто-производ (БДП) во Турција во периодот април-јуни се зголемил за 5,1 отсто во однос на претходните месеци, покажуваат податоците на турскиот Институт за статистика. Пораст на економијата е евидентиран во сите клучни области, при што земјоделското производство се зголемило за 4,7 отсто, индустриското за 6,3 отсто, градежништвото за 6,8 отсто,  а трговските дејности за 5,7 отсто. За оваа година, владата...

Домашниот бруто-производ со пад од 1,8 отсто во второто тримесечје

Домашниот бруто-производ (БДП) има пад од 1,8 отсто во второто тримесечје во однос на првото, објави Државниот завод за статистика. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје има номинален пораст за 6 проценти, а нејзиното учество во структурата на домашниот бруто-производ изнесува 70,7 отсто. Во истиот период, извозот на стоки и на услуги се зголеми...

Состојбата во економијата се подобрува, оцени Народна банка

По стагнацијата на економската активност во првото тримесечје, показателите за вториот квартал од годинава упатуваат на подобрување на состојбата на економијата, било заклучено на редовната седница на комитетот за оперативна монетарна политика на Народна банка. „Оваа констатација е поддржана од порастот на индустриското приозводство, по неговото намалување во првото тримесечје, забавувањето на падот на градежната активност, како и по забрзувањето на...

НБРМ: БДП стагнира наспроти очекувањата за умерено зголемување

Домашниот бруто-производ (БДП) стагнира, наспроти очекувањата за умерен економски пораст во априлскиот циклус на проекции, велат од Народна банка. Надолен ефект врз БДП имал послабиот пораст на личната потрошувачка од очекуваниот, како и негативниот придонес на нето-извозот кон порастот, наспроти очекувањата за негов позитивен придонес во првиот квартал од годината. „Од друга страна, динамиката на инвестициската активност беше нешто подобра од очекуваната. Од...

Јавниот долг на земјите од еврозоната е 89,5 проценти од БДП

Вкупниот јавен долг на 19 земји членки на еврозоната во првиот квартал на годината се зголеми на 89,5 проценти од домашниот бруто-производ (БДП), од 89,2 проценти колку што изнесуваше на крајот на последното тромесечје на 2016 година, објави европската служба за статистика Евростат. Уделот на јавниот долг во БДП во првото тримесечје се зголемил и во 28 членки на ЕУ. Најголем...

НБРМ ја намали проекцијата за пораст на БДП од 3,5 на 2,5 отсто

Наспроти октомвриската проекција на пораст на домашниот бруто-производ (БДП) за 2017 година од 3,5 отсто, во априлската проекција на Народна банка, порастот на БДП е намален за еден отсто, односно на 2,5 отсто. Оваа корекција, според објаснувањето на НБРМ, е направена поради политичката криза, која што продолжи и на почетокот на 2017 година, иако при октомвриската прогноза се сметаше дека...

Европска комисија ни предвидува пораст на БДП од 2,9 отсто за годинава

Европската комисија во својата пролетна економска прогноза за Македонија вели дека лани порастот на домашниот бруто-производ (БДП) забавил поради долгото траење на политичката криза, но и поради падот на инвестициите. За годинава, пак, прогнозира пораст на БДП од 2,9 отсто. Во прогнозата, исто така, се вели дека институциите се блокирани за спроведување на структурните реформи и дека јавниот долг не...

СДСМ: Јавниот долг во првиот квартал од годинава е зголемен за 28,3 милиони евра

Јавниот долг во првиот квартал од 2017 година во апсолутен износ е зголемен за 28,3 милиони евра, а во најновиот извештај Министерството за финансии лажно сака да прикаже негово намалување пресметано како процент од домашниот бруто-производ (БДП), велат од СДСМ. Оттаму додадваат дека иако пред 40 дена, Министерството за финансии јавно се огради од методологијата на пресметка на БДП на...

НБРМ: Каматната стапка на благајничките записи останува 3,25 проценти

Каматната стапка на благајничките записи се задржува на нивото од 3,25 проценти, во услови на сè уште присутни ризици од домашните политички случувања, информираат од Народна банка. „Објавените податоци за порастот на домашниот бруто-производ (БДП) за 2016 година од 2,4 проценти беа во согласност со проекцијата на Народна банка од 2,3 проценти. За првиот квартал од годината се очекува задржување...

Кризата го намалила богаството и заштедите на Грците за речиси 600 милиони евра

Секое грчко домаќинство изгубило 67.703 евра во периодот од економската криза во последните девет години, пишува грчкиот весник „То вима“. Според анализата на весникот, домашниот бруто-производ на државата се намалил за 57 милиони евра, а вкупното богатство и имот на Грците се намалени за 587 милиони евра. Ако во 2007 година вкупната вредност на целокупниот имот и финансиска заштеда на секое домаќинство...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...