fbpx
Таг: автопат

таг: автопат

СДСМ: Лошите и небезбедни патишта во земјава земаат многу човечки жртви

Поради погрешните политики на криминалната власт, Македонија загуби речиси 100 милиони евра неповратни средства од ЕУ за инфраструктури проекти кои можеа да се инвестираат во патишта, железници, водоводи, канализации и во инфраструктура, велат од СДСМ. - Километар автопат во Македонија во моментов чини повеќе од километар автопат во земјите членки на ЕУ, како Бугарија, Хрватска, па дури и Данска. Во...

ВМРО-ДПМНЕ: Патната инфраструктура беше на најлошо ниво во времето на СДСМ

„Додека СДСМ беше на власт, не се вложи ниту денар во обнова на патната инфраструктура, додека во регионот се случуваше инвестициски бум. Наеместо тоа, како резултат на криминалните зделки, оставија целосно уништена патна мрежа од која граѓаните најмногу трпеа“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ, на која претседателот на комисија за транспорт и врски, Благој...

Половина од градежните работи на автопатот Кичево – Охрид ќе завршат до крајот на годината

Пробиена е повеќе од 80 проценти трасата на автопатот Кичево - Охрид, а до крајот на годината се очекува дека ќе се заврши 50 проценти од оваа делница, информираше министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, кој денеска изврши увид во градежните активности. Станува збор за една од најголемите капитални инвестиции, која чини 374 милиони евра. - Во моментов се работи на пробивање на...

Потребно е инфраструктурно поврзување за да се зголеми трговската размена со Бугарија

Потребна е изградба на нов автопат, односно инфраструктурно поврзување со Бугарија, за да се зголеми трговската размена со оваа соседна земја. Ова било заклучено на денешната средба меѓу министерот за економија, Дритон Кучи, и претседателот на Македонско-бугараската стопанска комора, Зоре Темелковски. - Македонија и Бугарија негуваат пријателски односи, а на економски план се бележи континуирано зголемување на обемот на економска соработка,...

Автопатот Миладиновци-Штип ќе биде готов за една година

Најголем дел од автопатот Миладиновци-Штип односно 95 проценти се пробиени, 9,5 километри се асфалтирани, а се работи на изградба на мостови, надвозници и подвозници. За ова денеска информираше техничкиот премиер Емил Димитриев кој направи увид во градежните активности. Димитриев информираше дека целосната реализација на автопатот во должина од 47 километри се очекува да заврши за една година, а вредноста на инвестицијата...

Во товарно возило пронајдени 44 мигранти

Утрово полициска екипа фатила 44 мигранти од Авганистан, Пакистан и од Сирија во возило „фиат дукато“ со српски регистарски ознаки. Полициската екипа го забележала возилото со издишана гума, паркирано на автопатот Куманово - Табановце и се упатила кон него. При контрола во просторот за товар, пронајдени се вкупно 44 мигранти кои се приведени во СВР - Куманово за понатамошна постапка. Возачот на возилото е во...

Бегалците од Идомени повторно го блокираа автопатот Солун – Евзони

Бегалците од Идомени започнаа нов протест и блокада на автопатот Солун - Евзони кон македонско-грчката граница, јавува грчката телевизија „Мега“. Според телевизијата неколку стотици бегалци се распоредени на двете страни на автопатот и покрај сите мали патчиња кои водат кон автопатот со цел да не дозволат пристап на возилата. Утринава на автопатот немало проблеми и македонските граѓани кои патуваат...

Едни граделе, други краделе од градилиште на автопатот Кичево – Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против шест лица, меѓу кои и еден малолетник, поради постоење основан сомнеж дека извршиле четири тешки кражби и една кражба. Кражбата ја извршиле на градилиште на автопатот Охрид - Кичево, при што одзеле метални шипки, 500 килограми бакарна жица, 20 метри електричен кабел и бакарни плочи од електромотори, стекнувајќи противправна имотна корист од 369.000 денари. Во периодот од септември 2015...

Повторно затворен за сообраќај патот од мотел „Македонија“ до Градско

За потребите на снимањето на францускиот филм „А фонд“, во тек е прекин на сообраќај на патниот правец А1, на делот од мотел „Македонија“ до Градско, кој ќе трае до 18 часот. Пренасочување се врши преку стариот пат.

Патот од мотел „Македонија“ до Градско и денеска затворен за сообраќај

Сообраќајот на патните правци низ земјава се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од земјата. Дел од автопатот А1 (делницата од мотел „Македонија“ до Градско) ќе биде затворена за сообраќај од 5 до 18 часот, поради снимањето на филмот „А...

АМСМ: Внимателно возење низ клисурите и низ засеците поради можна појава на одрони

Поради снимањето на францускиот филм „А фонд“, денеска (9 ноември) и утре (10 ноември) автопатот А1, на делницата меѓу мотелот „Македонија“ и Градско, ќе биде затворен во периодот од 5 до 18 часот, а сообраќајот ќе се одвива по стариот пат, известиле од „Мануфактура продукција“, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Од АМСМ информираат дека сообраќајот се одвива по суви...

Сириските трупи ја презедоа контролата над автопатот кон Алепо

Сириската државна телевизија објави дека војската презела контрола над стратегиски важната сообраќајница на северот на земјата, која води кон Алепо, во централниот дел на Сирија. Како што е наведено, воените единици ја презеле целосно контролата над главниот автопат Алепо - Канасер - Итрија - Ал Самијех, по жестоки борби со Исламска држава. Експертите за мини почнале да го чистат теренот, а...

Автопатот од мотел „Македонија“ до Градско затворен за сообраќај

Автопатот А1 на делницата од мотел „Македонија“ до Градско, од денеска до 6 ноември, во периодот од 5 до 18 часот, ќе биде затворен за сообраќај поради снимање на францускиот филм „А фонд“. Сообраќајот, како и досега, ќе се одвива по стариот пат, кој е обележан со соодветна сигнализација. Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни...

Се преврте автобус полн со деца во Германија, едно момче загина

Петгодишно момче загина, а 59 деца се тешко повредени кога се превртел автобус на автопат во Германија кај Ерфурт. Како што пренесува германски „Билд“, несреќата се случила околу 14.30 часот, кога автобусот кој доаѓал од Австрија, престигнувал камион, при што изгубил контрола и се превртел. Во автобусот биле 59 деца на возраст меѓу 13 и 14 години, како и петмина возрасни....

На автопатот Тетово – Гостивар се крпат само опасните дупки

Механизацијата на Јавното претпријатие „Македонија пат“, денеска ги пополнуваше опасните дупки на автопатот Тетово - Гостивар. Се работи за делница од 17 километри. За оваа интервенција, планирано е да се потрошат 200 тони асфалтна маса. Поради санирањето на оштетените делови од патот, сообраќајот на одредени делови од автопатот се одвива забавено. Возачите ја поздравуваат санацијата на патот каде секојдневно ги оштетуваат возилата,...

Автопатот Градско – Неготино е затворен

Автопатот А1, односно делницата Градско - Неготино, ќе биде затворена до 18 часот, заради снимањето на францускиот филм „А фонд“, информираат од АМСМ. Сообраќајот на возилата се пренасочува по стариот пат. Заради снимањето на овој филм, затворена беше и скопската обиколница, при што возилата се пренасочуваа да поминуваат низ Скопје.

Автопатот Скопје – Градско затворен за сообраќај, се вози по стариот пат

Екипата на францускиот филм „A фонд“ го заврши снимањето на скопската обиколница и од вторникот снимањето е на дел од автопатот од мотел „Македонија“ до Градско. Поради тоа, од 5 до 18 часот сообраќајот се одвива по стариот пат, кој е обележан со соодветна сигнализација. Снимањето е планирано да се одвива во работни денови. Поради обилни врнежи од дожд, сè уште е...

На Петровец утре нема да се наплаќа патарина, ќе се снима францускиот филм

Поради снимањето на францускиот филм „А фонд“ (A Fond), утре, 3 октормври, во периодот од 5 до 18 часот, затворена во двата правци ќе биде патарината Петровец, на автопатот Скопје - Велес, известуваат преку Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ) од продукциската куќа „Шик филмс“ и „Манауфактура продукција“. Оттаму, соопштуваат дека автопатот нема да биде затворен за сообраќај, туку ќе има соодветна патна...

Изградбата на автопатот Скопје – Штип ќе заврши во 2017 година

Трасата од автопатот Скопје - Свети Николе - Штип е 90 проценти пробиена, а предвидено е целосната изградбата да заврши најдоцна до февруари 2017 година, информираше министерот за финансии, Зоран Ставрески. Со изградбата на автопатот ќе се скрати времето на патување, што ќе влијае за подобро инфраструктурно поврзување со источниот регион и за подобрување на бизнис-климата.

Автопатот Австрија – Унгарија затворен во двата правци

Автопатот кој ги поврзува Австрија и Унгарија, кој минува низ границата на двете земји и е рута по која се движат бегалците кон ЕУ, е затворен во двата правци, соопшти австрискиот автомото-сојуз АСФИНАГ. - Причината е приливот на бегалци што го очекува полицијата – се наведува во изјавата и се додава дека сообраќајот од другата страна го запрела Унгарија. Засега не се...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...