fbpx

СДСМ: Лошите и небезбедни патишта во земјава земаат многу човечки жртви

-

Поради погрешните политики на криминалната власт, Македонија загуби речиси 100 милиони евра неповратни средства од ЕУ за инфраструктури проекти кои можеа да се инвестираат во патишта, железници, водоводи, канализации и во инфраструктура, велат од СДСМ.

– Километар автопат во Македонија во моментов чини повеќе од километар автопат во земјите членки на ЕУ, како Бугарија, Хрватска, па дури и Данска. Во Бугарија цената за еден километар автопат изнесува околу 2 милиони евра, а во Македонија по првичните пресметки – околу 7 милиони евра. Тоа е огромна и нелогична разлика. Прашањето е зошто е толку голема разликата и каде завршуваат овие пари – вели Благој Бочварски, претседател на комисијата за транспорт и врски и член на извршниот одбор на СДСМ.

Тој вели дека криминалните политики се причина зошто Македонија некогаш била лидер во регионот според квалитетот на патиштата, а сега е на самото дно.

– Како резултат на ова, граѓаните во Македонија се движат по небезбеден пат. Во анализата на ЕУ за квалитетот и за безбедноста на патиштата, дури 39 проценти од патиштата во земјава се оценети за небезбедни и означени со црни точки. Македонија во регионот е зад Косово, БИХ и зад Србија. Корупцијата и криминалот директно влијаат на лошата состојба на патиштата што земаат многу жртви – вели Бочварски.

Тој додаде дека во ЕУ на два милиони жители просекот на жртви по патишта е 98, а во Македонија бројот на жртви е околу 150 лица годишно, но некогаш таа бројка достигнува и повеќе од 170 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...