fbpx
Таг: АВМУ

таг: АВМУ

Новинарските здруженија ги изнесоа барањата за итни медиумски реформи

Група новинарски и медиумски организации до Владата поднесоа барање за спроведување системски медиумски реформи, во кое се нагласени приоритетните законски измени и мерки што треба да се спроведат. Од Владата е побарано да почне инклузивен и транспарентен процес на јавна расправа, како за приоритетните така и за другите проблеми чие решавање може да доведе до подобрување на слободата на...

АЕК донирала 2,8 милиони евра за изградба на панорамското тркало

Директорот на АЕК, Сашо Димитријовски, ѝ доделил донации на Велосипедската федерација, на која тој е претседател, а од вкупно 180 милиони денари донации, Агенцијата дала 175 милиони денари или 2,8 милиони евра на ЈСП, за изградба на панорамското тркало, покажува извештајот од надзорот спроведен од невладините организации „Евротинк“, „НВО Инфоцентар“, „Транспарентност Македонија“ и Хелсиншки комитет за човекови права. На презентацијата на...

АВМУ: „ТВ Нова“ не известувала професионално за настаните во Собрание на 27 април

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги извршила вонреден надзор врз програмата на „Телевизија Нова“ емитувана на 27 април 2017 година за време на насилниот упад на група граѓани во Собранието, при што повредени беа неколку пратеници. Со надзорот е констатирано дека при известувањето за случувањата во Собранието, не се почитувани професионалните начела за вршење на дејноста. „Телевизијата не обезбедува објективно...

АВМУ ја прекори МРТ дека не известувала навремено за нередите во Собранието

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска со допис до програмскиот совет на „Македонската радиотелевизија“ ја прекори МРТ за ненавремено информирање за случувањата во Собранието на 27 април. Агенцијата побара овој орган, кој има законска обврска да ги штити интересите на јавноста во поглед на програмските содржини што ги емитува јавниот сервис, да го преразгледа известувањето на...

СЕММ: Медиумите не смеат да се злоупотребуваат за кревање тензија

Советот за етика во медиумите (СЕММ) со голема загриженост реагира на зачестените случаи на злоупотреба на одредени медиуми, особено во контекст на сегашната политичка ситуација, за ширење шпекулации, пропагандизам и невистини, кои би можеле да ги засилат тензиите и да доведат до потенцијални немири во општеството. Од СЕММ додаваат дека веќе подолго време реагираат на ваквите случаи, но во последните...

ЗНМ: Советот на АВМУ ја тргнал оценката за говор на омраза на „Сител“ и на Миленко Неделковски

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), најверојатно под нечиј диктат, усвоил нов заклучок на извештајот за работа на АВМУ за 2016 година, не прифаќајќи ја констатацијата која била во извештајот, дека во неколку наврати на „Сител“ и во емисијата на Миленко Неделковски се користел говор на омраза, како и дека телевизиите „Алфа“ и „Нова“ континуирано...

АВМУ: Нападот врз новинарите е директен напад врз демократијата и слободата на говорот

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска најостро го осуди вчерашниот напад врз новинарската екипа на ТВ24. „Нападот врз медиумските професионалци е директен напад врз демократијата и слободата на говорот во едно општество. Апелираме да се остават новинарите непречено и достоинствено да ја вршат нивната општествено одговорна професија“, се вели во соопштението на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски...

Анкета на АВМУ: Граѓаните добро ја воочуваат необјективноста на медиумите

Дури 62,71 отсто од испитаниците имаат став дека различни медиуми различно информираат за ист настан, покажуваат резултатите од истражувањето за медиумската писменост на возрасното население старо 16 години или повеќе. Резултатите од истражувањето што денеска ги презентираше Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) покажуваат и дека кога ќе се соочат со различни информации во медиумите за ист настан, 50,95...

АВМУ констатираше говор на омраза и дискриминација на Албанците на „Сител“

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) констатирала дека „Сител“ шири говор на омраза и поттикнува дискриминација против Албанците во Македонија, информираше Здружението на новинари на Македонија. Ваквата појава АВМУ ја утврдила преку вонреден надзор спроведен во текот на изборната кампања од втори до петти декември 2016 година, кога на „Сител“ во изданијата на дневниците во 19 и во...

Ад хок телото побара нови казни за медиуми поради непочитување на Изборниот законик

Ад хок комисијата за следење на медиумите на денешната седница донела одлука да поднесе барање до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за поведување прекршочни постапки против неколку телевизии и едно радио, поради прекршување на правилата за изборно медиумско претставување на политичките партии. „Предлози за поведување прекршочна постапка во која судот ќе изрече прекршочна санкција - глоба, привремената комисија...

АВМУ: Медиумите од изборниот процес да известуваат избалансирано и непристрасно

Неколку политички субјекти – учесници во изборниот процес ја информирале Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) дека одредени медиуми не известуваат за нивните активности од изборната кампања. Од АВМУ велат дека медиумите треба да обезбедат избалансирано покривање на изборниот процес во согласност со принципот на пропорционалност според бројот на потврдени листи на кандидати за пратеници. Од агенцијата истакнуваат дека...

АВМУ: Телевизија „Нова“, „Алфа“ и „24 Вести“ го прекршиле Иборниот законик

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) при надзорот на изборното медиумско претставување на радиодифузерите, констатирала прекршување на Изборниот законик кај три телевизии, односно телевизија „Нова“, „Алфа“ и „24 Вести“. Од АВМУ посочуваат дека телевизијата „Нова“ прекршила два члена од Изборниот законик, емитувајќи платена програма на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Телевизијата го прекршила член 76, став 4, според кој радиодифузерите...

Ад хок телото на пола мандат: Како се ближат изборите, така се влошува известувањето

Се влошува известувањето на медиумите по петтиот од вкупно десетте периоди кои Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги има за надзор до изборите закажани за 11 декември. На половина од мандатот, дел од членовите на ад хок телото констатираат дека медиумите наместо да го подобрат известувањето - го влошиле. Една добра работа е што членовите ги добија заостанатите хонорари...

Новинарските здруженија едногласно против насилството врз колегите

Новинарските здруженија и асоцијации едногласно го осудија физичкиот напад врз новинарот на „Телма“, Павле Беловски, кој се случи вчеравечер непосредно пред неговото јавување во живо пред Министерството за внатрешни работи. За настонот реагираа Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Македонската асоцијација на новинари (МАН), Самостојниот синдикат на новинари (ССНМ), а осуда пристигна и од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски...

Агенцијата за медиуми и ад хок телото ќе се опарат до петок

Министерот за финансии, Кирил Миновски, телефонски го информирал директорот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, дека Владата ги одобрила средствата за функционирање на оваа институција. Трајчевски за „Мета“ потврди дека одлуката поминала на вчерашната седница и очекува парите да им бидат префрлени до петок. Инаку, Агенцијата треба да добие 9,2 милиони денари (околу 150.000 евра) за финансирање на...

Зоран Трајчевски: Имам притисоци од повеќе страни, но нема да им подлегнам

Имам притисоци од повеќе страни, потврди за „Мета“ директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), Зоран Трајчевски, на прашањето дали политичките партии се обидуваат да влијаат врз него. - Имам притисоци од повеќе страни, но нема да подлегнеме и ќе работиме професионално и транспарентно како и досега - вели тој. Ад хок телото за назор на медиумите со три...

АВМУ: СДСМ добива повеќе време во медиумите од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ добива повеќе секунди од ВМРО-ДПМНЕ на МРТ, „Канал 5“, „Сител“ и на „Телма“, покажуваат првите извештаи од надзорот на телевизиите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. „Надзорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за работата на јавниот сервис „Македонска телевизија“ за периодот од 2 до 11 септември, покажа дека во централниот дневник во 19.30 часот позастапен бил...

Трајчевски: Нема критериуми за избалансирано известување, ад хок телото ќе одлучува според сопствено убедување

Членовите на ад хок телото за следење на медиумите во предизборниот период по сопствено убедување ќе одлучуваат дали известувањето на медиумите ќе биде избалансирано во овие 80 дена до почетокот на изборната кампања, вели директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“. Трајчевски вели дека разликата меѓу методологијата донесена на...

Прва одлука на ад хок телото за медиуми: Казна за МРТ поради емитување владини реклами

Ад кох телото за следење на медиумите во предизборниот период ја донесе својата прва одлука, односно поднесе предлог за изрекување прекршочна казна за Првиот програмски сервис на Македонската радиотелевизија (МРТ 1), поради емитување владини реклами. „Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по поднесениот предлог од Привремената комисија за следење на медиумското претставување поднесе барање за поведување прекршочна постапка во...

Ад хок телото денеска на седница ќе разговара за петтиот член Љуљзим Хазири

Ад хок телото за надзор на медиумите во предизборниот период денеска во 12 часот ќе одржи седница на која ќе се разговара за петтиот член на телото, кој беше избран вчера со политичкиот договор. Политичките партии на вчерашната лидерска средба одлучија за петти член да биде именуван Љуљзим Хазири, НВО-активист, универзитетски професор и поранешен дописник на МРТ од Гостивар. Согласно политичкиот...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...