fbpx

ЗНМ: Советот на АВМУ ја тргнал оценката за говор на омраза на „Сител“ и на Миленко Неделковски

-

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), најверојатно под нечиј диктат, усвоил нов заклучок на извештајот за работа на АВМУ за 2016 година, не прифаќајќи ја констатацијата која била во извештајот, дека во неколку наврати на „Сител“ и во емисијата на Миленко Неделковски се користел говор на омраза, како и дека телевизиите „Алфа“ и „Нова“ континуирано ги прекршувале професионалните стандарди, обвини денеска Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

„Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вчера го усвоил извештајот за работа на АВМУ за 2016 година, подготвен од стручната служба, во кој на објективен начин се претставува работата на националните телевизии од изминатата година. Врз основа на надзорт на програмата на националните телевизии, во извештајот се констатира дека неколкупати на ТВ „Сител“ и во емисијата на Миленко Неделковски, која се прикажуваше на ТВ „Канал 5“ се користел говор на омраза. Исто така, во извештајот се нотира дека има континуирано прекршување на професионалните стандарди од страна на ТВ „Алфа“ и на ТВ „Нова“. Советот, наместо да го одобри извештајот, усвоил нов заклучок, кој не се базира на анализата на стручната служба на Агенцијата, туку на личното убедување на членовите: Лазо Петрушевски, Селвер Ајдини, Миљаим Фетаи и Алма Машовиќ дека ТВ „Сител“, ТВ „Нова“, ТВ „Алфа“, ТВ „Канал 5“, „Телма“, „24 Вести“ и ТВ „Шења“, биле политички пристрасни“, е ставот на ЗНМ.

На ваквите оценки на претседателот на Советот на Агенцијата, Лазо Петрушевски, се спротивставил Зоран Фиданоски, член на Советот, кој побарал да се одбие ваков заклучок.

– Овој став е политички мотивиран и со него се сака да се стави знак на еднаквост меѓу медиуми за кои во надзорот не биле констатирани прекршувања на професионалните новинарски стандарди, со оние за кои има десетици пријави за прекршување на стандардите и констатиран говор на омраза – изјави Зоран Фиданоски, на денешната прес-конференција организирана од ЗНМ.

Фиданоски оцени дека Советот со ваквиот заклучок ја девалвира работата на стручната служба на Агенцијата и необјективно ја преставува работата на националните телевизии. Тој се сомнева дека ваквиот заклучок на Советот е донесен по нечиј политички диктат и е целосно спротивен на мисијата на Агенцијата.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, ваквиот заклучок на Советот на АВМУ го оцени како непримерен и непрофесионален, со што се потврдуваат ставовите на Здружението дека медиумскиот регулатор е политизиран и партизиран.

Тој побара од Собранието на Македонија да не го усвои извештајот за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во 2016 година и да го врати на доработка, за да се избрише вештачки вградена квалификација дека сите национални телевизии биле политички пристрасни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До обвинителството не пристигнала ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство, [email protected], не пристигна ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите, соопшти...