Ад хок телото за надзор на медиумите во предизборниот период денеска во 12 часот ќе одржи седница на која ќе се разговара за петтиот член на телото, кој беше избран вчера со политичкиот договор.
Политичките партии на вчерашната лидерска средба одлучија за петти член да биде именуван Љуљзим Хазири, НВО-активист, универзитетски професор и поранешен дописник на МРТ од Гостивар.
Согласно политичкиот договор, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во која ќе функционира Привремената комисија, се повикува ја врати старата методологија од 5 јануари и истата да се адаптира и да почне да се променува од 2 септември.