Таг: Anti disinfo

таг: Anti disinfo

Не се затвораат и никој не бара да се затворат сите обложувачници во Македонија

  Текстот што го рецензираме, прво, е класичен пример за ширење дезинформација и, второ, според ништо не личи на новинарски напис. Линк до оригиналниот напис: Се затвараат сите кладилници во Македонија? Датум и време на објавување: 25.12.2018 Датум на рецензирање: 28.12.2018 Рецензент: Ана Анастасовска Написот нема лид, нема објаснување на проблемот, нема обработка на проблемот, нема ништо. Направен е обид да се пренесе партиско соопштение, но ниту тоа не...

Топ-5 дезинформации од протестите против Договорот со Грција

Откако Владата на Зоран Заев влезе во сериозни и директни преговори со официјална Атина за конечно затворање на деценискиот спор со Грција за името на државава, почнаа да се одржуваат чести, поголеми или помали, протести „против промена на уставното име на државата“ и „за неменување на идентитетот на Македонците“, организирани од неформални групи, разни невладини организации и здруженија, но и неколку маргинални политички...

„Ало“ од мува прави слон и шири омраза кон Македонците и Албанците

Во напис „Шиптарите, Македонците и крвникот Ориќ ја сакаат главата на Вучиќ“ објавен на 29 декември минатата година, таблоидот „Ало“, познат како еден од најгласните поддржувачи на српскиот претседател Александар Вучиќ, ги обвини и Албанците на Балканот и Македонците дека по секоја цена сакаат да го урнат угледот на Вучиќ, претставувајќи го како нарачател на убиство. Пишувајќи за тврдењата на...

Дезинформациите за Украина, вакцинирањето и НАТО се главни трендови во 2018 година

Кампањата на Европската Унија против дезинформации (EUvsDisinfo) објави преглед на главните трендови од областа на дезинформирањето за 2018 година, поврзувајќи го ширењето на лаги на се поширок опсег на прашања со активноста на руските тролови и медиуми, пренесе „КриТинк“. Благодарение на притисокот кој владите од западните земји врз големите компании за информатичка технологија, во изминатата година тие ставија на јавен...

ТОП 5 Контраспина за 2018: Кои беа главните теми за спинување

Да се одберат пет спинови што беа деспинувани во рубриката „Контраспин“ на „Вистиномер“ е мала бројка за она што се случуваше во 2018 година, во која вистината се извртуваше на големо и тоа од сите страни. Под паролите „името не го даваме“ или „името го продадовте“, сепак, се случуваше главното извртување на вистината, т.е. спинувањето во 2018 г, а...

Топ-5 дезинформации за референдумот од 30 септември

Од самиот почеток на најавата за референдум, па до неговото одржување, во јавноста проструија многу информации за тоа од каков тип ќе биде, кој ќе го поддржи, кој ќе го бојкотира, дали цензусот ќе се намали и слично. На социјалните мрежи и во медиумите, особено електронските, почнаа да се објавуваат многу лажни вести и дезинформации, пишува „КриТинк“.   На 30 септември...

Топ-5 дезинформации за Преспанскиот договор

Договорот со кој Македонија и Грција ставаат крај на дводеценискиот спор за името го поздравија многу светски лидери, а во Македонија јавноста се подели. Некои го поддржуваат, некои остро се спротивставуваат. Тоа беше и причина за ширење разни дезинформации за договорот, за кои министерот за надворешни работи, Никола Димитров, сметаше дека е неопходно да ги демантира на посебна прес-конференција. На...

Веста не смее да биде холивудско сценарио без да има реални аргументи

  Во веста што е предмет на oваа рецензија, објавена од албанскиот „Топ-ченел“, се алудира дека актуелниот министер за надворешни работи во Владата на Република Македонија, Никола Димитров, е агент на ЦИА. Веста понатаму додава и дека до ваквиот заклучок дошле домашните медиуми во Македонија. Но, за ваквото тврдење нема никаков линк или цитат или информација за кои тоа медиуми станува...

ТОП 5 најголеми манипулации во 2018 година за македонското членство во НАТО

Аспирациите на Република Македонија за членство во НАТО претставуваат заложба и врвен стратешки приоритет уште од осамостојувањето на државата. Тие се постојан предмет на манипулации во јавноста и во бескрајната борба меѓу големите партии (СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ), но и од други, поситни „играчи“ на политичката сцена (Единствена Македонија, Левица и други НАТО скептици). Во овој напис, „Вистиномер“ издвојува листа од...

Топ-5 дезинформации за бегството на Груевски

Бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, кој една деценија владееше во Македонија, ја тестираше медиумската професионалност не само во Македонија, туку и во земјата каде што побегна – Унгарија, но и во земјите кои му беа попатни станици до добивањето унгарски азил. Голем број медиуми поради недостиг од официјални информации од институциите ѝ сервираа на јавноста написи, прилози, извештаи...

За економија што бележи раст не може да се каже дека крахира

  Во насловот на текстот што го рецензираме се тврди дека „стопанството крахира“ за веднаш во првиот пасус да се каже дека „економскиот раст е незабележлив“. Ова е контрадикторно едно со друго. Стопанство што „крахира“ не може да има економски раст. Па, макар и незабележлив. Стопанство што крахира бележи пад. Настрана фактот што и тврдењето дека економскиот раст бил незабележлив е...

Мицкоски користи неажурирани податоци од „Транспаренси Интернешнл“

Во текот на својот говор пред зградата на Владата на Република Македонија, а кој претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го одржа пред партиските членови и симпатизери во рамките на третиот протестен марш на оваа партија во средата на 12 декември 2018 година, тој ја даде и следнава крајно манипулативна и невистинита изјава, пишува „Вистиномер“. Ќе речат реформи правеле во судството....

Ана Кочева од БАН го оспорува македонскиот јазик, заборавајќи на преродбениците

Доцент Ана Кочева, лингвист од Институтот за бугарски јазик при Бугарската академија на науките (БАН), во интервју за порталот „Dir.bg“ објавено вчера, порача дека македонскиот јазик е составен во 1944 година, и тоа како резултат на делумниот успех на Србија во проектот да стане обединител на сите Јужни Словени. Таа, во интервјуто, во кое и новинарот во прашањата зборува за...

Каракачанов не чита историја, а ни договори кои ги потпишала владата во која членува

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов и претседател на ВМРО-БНД, а по него и бугарскиот европратеник Андреј Ковачев од ГЕРБ, обајцата припадници на бугарската политичка десница, викендов настапија со остри квалификации за македонскиот национален идентитет. Вториот, иако не ги повтори заканите од Каракачанов дека Бугарија може да го блокира зачленувањето на Македонија во ЕУ и НАТО ако...

Лавров го демантираат пратениците од опозицијата што гласаа за уставните измени

Сергеј Лавров, министерот за надворешни работи на Русија во интервју за грчкиот весник „Ефимерида тон синдактон“ објавено денеска, обвини дека се случува грубо систематско мешање на САД и ЕУ во внатрешните работи на Македонија. Во тој контекст тој рече дека „Собранието на 19 октомври се протурка одлука за уставни измени со уцени и поткуп на пратениците од опозицијата. Во тоа...

„Пакт против Србија“ нема, ама за српско „Ало“ има па има!

Српскиот таблоид „Ало“, најавувајќи го почетокот на самитот на Централноевропската иницијатива во Загреб пишуваше дека на самитот во Загреб ќе се разговарало и за формирање на пактот, кој стана главна тема во балканските медиуми, по изјавите на косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај за хрватскиот весник „Вечерњи лист“. Ова е само ден откако македонскиот премиер Зоран Заев, повикан од пратеникот Иван...

Бегството на Груевски во Унгарија предизвика наплив од дезинформации

Преку објавувањето непотврдени, непроверени и неточни информации за летот на поранешниот македонски премиер Никола Груевски до Унгарија за да избега од отслужување двегодишна затворска казна, многу балкански медиуми помогнаа да се создаде состојба на конфузија и недоверба меѓу општата јавност, пишува „Глобал војсис“ додавајќи дека главниот извор на конфузијата беше повторното објавување написи од страна на македонски, унгарски, српски и албански...

Албански медиуми ја проголтаа српската „патка“ за Груевски

Минатата седмица една дезинформација што беше пласирана од провладиниот српски дневен весник „Политика“, излажа голем број албански медиуми што непроверено ја пренесоа веста. „Политика“ повикувајќи се на свои извори, тврдеше дека Никола Груевски одлетал во Будимпешта од Тирана. Еден од најпопуларните медиуми во Албанија, „Газета Мапо“ ја пренесе таа информација со дополнително „зачинување“ - пишувајќи дека поранешниот македонски премиер бил...

За руската агенција „Спутњик“ земјава е „С. Македонија“

Руската новинска агенција „Спутњик њус“, порано позната како „РИА Новости“ и „Гласот на Русија“ веќе ја преименува Република Македонија во Северна Македонија. Со наслов „Грција, С. Македонија, почнаа да разговараат и покрај идентитетскиот конфликт“, руската агенција која е дел од владиниот медиумски конзорциум „Росија Сегодња“, во понеделникот објави интервју со професорот Неофитос Лоизидес од универзитетот Кент, Велика Британија, за најновите...

САД: Руските тврдења дека сме се мешале во гласањето во Парламентот се дезинформации

Американскиот Стејт департмент ги оцени како неразумни и како обид за дезинформација и пропаганда, обвинувањата на Русија дека САД се инволвирани во неодамнешното гласање во Парламентот на Република Македонија со кое се даде зелено светло за отпочнување со уставните измени во земјата. „Секое тврдење дека претставници на Американската амбасада биле инволвирани во процесот на гласање во Парламентот се неразумни и...

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...