fbpx

Веста не смее да биде холивудско сценарио без да има реални аргументи

-

[Рецензија: Министерот за надворешни работи на Македонија агент на ЦИА?]

 

Во веста што е предмет на oваа рецензија, објавена од албанскиот „Топ-ченел“, се алудира дека актуелниот министер за надворешни работи во Владата на Република Македонија, Никола Димитров, е агент на ЦИА. Веста понатаму додава и дека до ваквиот заклучок дошле домашните медиуми во Македонија. Но, за ваквото тврдење нема никаков линк или цитат или информација за кои тоа медиуми станува збор, а нема ни линк до твитот на „Викиликс“ во кој се потенцираат двете депеши:

 

WikiLeaks

@wikileaks

Current Republic of Macedonia Foreign Minister Nikola Dimitrov was listed as a “protect” U.S. embassy source twice in 2008 after providing information on the Greece-Macedonia name dispute and NATO, EU integration.

1) https://wikileaks.org/plusd/cables/08SKOPJE606_a.html 
2) https://wikileaks.org/plusd/cables/08SKOPJE601_a.html 

569 people are talking about this

 

Покрај тоа, вакво тврдење нема ни во објавените депеши на „Викиликс“.

Линк на текстот:  Mинистерот за надворешни работи на Македонија агент на ЦИА?

Датум на објавување: 19.12.2018

Датум на анализа: 24.12.2018

Пишува: Дрилон Салиу

Во ниту еден дел од содржината на оваа вест нема релевантен извор за ова да се потврди, ниту се цитирани медиумите во Македонија што ја пласираа оваа вест, а нема ни информација за тоа на кои аргументи се повикуваат македонските медиуми кои што го изнесле ваквото тврдење. Нема, на пример, изјава од македонски правен експерт, па ниту извадоци од содржината на депешата објавена од страна на „Викиликс“ како извор, каде што би можело да се види или да се извлече заклучок дали Димитров бил агент на американската ЦИА.

Поконкретно, во дел од текстот се вели:

Според овие документи, на кои не им е потврдена автентичноста, Димитров бил прикриен оперативец на ЦИА, кој ги шпионирал експремиерот Никола Груевски и експремиерот Бранко Црвенковски во 2008 година.

Иако во текстот се потенцира дека на објавените материјали не им е потврдена автентичноста, сепак, се останува на тврдењето дека Димитров бил агент на ЦИА. Но, ако се прочитаат овие документи на „Викиликс“, тоа не може да се потврди.

Овој скандал со објавувањето околу 250.000 депеши од интерниот систем за комуникација на Стејт департментот во 2010 година е добро познат. Но, во овој систем, до кој имаат пристап не така мал број вработени во американскиот Стејт департмент, такви информации за странските „агенти“, кои работат за потребите на САД нема. Понатаму, вистинските имиња на агентите никаде во писмените комуникации не се наведуваат со полни имиња и презимиња како што е овде случај, туку тие добиваат т.н. alias, односно „кодно име“ или по нашки кажано – прекар. Со таквите агенти, во секој случај, не работи Стејт департментот на САД, туку разузнавачките агенции, во чиј домен е разузнавањето во странство, значи надвор од територијата на САД, каква што е Централната разузнавачка агенција (ЦИА), на пример, и други. Настрана фактот што со таквите агенти амбасадорите на САД не се сретнуваат и не комуницираат директно, туку тоа го прават разузнавачи задолжени за контакт со агенти (таканаречени handlers), кои со нив соработуваат подолг временски период и се единствени со кои комуницираат, а со цел да се заштити идентитетот на агентот. Така што, тврдењето дека актуелниот министер  за надворешни работи на Македонија бил агент на ЦИА, затоа што името му е спомнато во депеша од системот за комуникација на Стејт сепартментот со полно име и презиме, едноставно, не е точно. Во два наврата авторот на депешата, тогашниот амбасадор на САД во Македонија, Филип Рикер, бара да се заштити идентитетот на изворот на информации содржани во неа, но тоа не е никаков доказ дека некој е странски агент. И тоа, ни помалку ни повеќе, агент на ЦИА . Во документите, едноставно, се опишани случувањата во даден период и односите помеѓу политичките актери во врска со спорот за името. Во ниту еден дел не може да се потврди дека Димитров бил агент на фамозната ЦИА, ниту кои биле неговите задачи, во каков временски период, ниту други детали врз кои може да се изгради такво тврдење.

На содржината, без конкретни факти за тоа што се тврди, ако го додадеме и насловот „Министерот за надворешни работи на Македонија агент на ЦИА?“ се добива нереален впечаток, кој не е базиран врз аргументи и факти за толку сериозно обвинување.

И самиот Димитров се огласи за овие објавени информации. Тој не го негира кажаното, ама вели дека информациите се стари и датираат од 2010 година. Но, неговата реакција не е пренесена во оваа вест. А, барањето одговор и објавувањето на таквиот одговор од втората страна е новинарска обврска, особено што овде станува збор за сериозни обвинувања.

 

 

Од сево ова произлегува дека публиката на овој медиум не е целосно и суштински информирана за случувањата во Македонија, како и дека оваа вест е, во најмала рака, непрофесионална. Во неа нема конкретни апострофирани извори и аргументи за она што се тврди, арно ама, сепак, е извлечена сериозна констатација, која без ограда му се сервира на читателот, што е особено проблематично ако се знае дека станува збор за сериозно обвинување на висок дипломат. Покрај тоа, станува збор и за читатели, кои не се објективно информирани, што, пак, креира конфузија и ги остава без вистинските информации за она што навистина се случува во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...