fbpx

Ана Кочева од БАН го оспорува македонскиот јазик, заборавајќи на преродбениците

-

Доцент Ана Кочева, лингвист од Институтот за бугарски јазик при Бугарската академија на науките (БАН), во интервју за порталот „Dir.bg“ објавено вчера, порача дека македонскиот јазик е составен во 1944 година, и тоа како резултат на делумниот успех на Србија во проектот да стане обединител на сите Јужни Словени.

Таа, во интервјуто, во кое и новинарот во прашањата зборува за „бугарскиот карактер на т.н. ,македонски јазик’“, тврди дека по неуспехот на тезата на Илија Гарашанин, Србија прибегнала кон „македонистичката доктрина“ на Стојан Новаковиќ. Благодарение на таа доктрина, вели Кочева, Србија успеала само делумно да ја реализира својата хегемонистичка програма „присвојувајќи го бугарското население од Поморавјето, Западните Покраини и Вардарска Македонија“.

Во однос на последното тврдење, фактот дека денеска во Источна Србија (Западните Покраини, според бугарските квалификации) функционира бугарско малцинство, кое покрај бугарска самосвест има и свои медиуми на бугарски јазик, посочува дека Србија сепак не успеала „да го присвои“ бугарското население.

Исто така, Кочева тврди дека македонскиот јазик е создаден во 1944 година. Но одлуката на второто заседание на АСНОМ од 2 август 1944 година е за официјализирање на македонскиот јазик, додека усвојувањето на азбуката се случува во мај следната година, а правописот е усвоен во јуни 1945.

Според познатото за АСНОМ, исто така, се знае одлуката се темели на сфаќањата на учесниците на ова Собрание за постоење македонски јазик, иако тој не е кодифициран сè до тој момент. Впрочем, за македонски јазик многу пред АСНОМ зборуваат и странски слависти и македонски преродбенски дејци.

На самиот крај, второ прогласување на македонскиот јазик, и покрај пораката на Кочева политичарите дa не им се мешаат на лингвистите во работата, е Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, со кој во 1-от и 2-от член се признава како постоечки македонскиот јазик.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...