fbpx

„Ало“ од мува прави слон и шири омраза кон Македонците и Албанците

-

Во напис „Шиптарите, Македонците и крвникот Ориќ ја сакаат главата на Вучиќ“ објавен на 29 декември минатата година, таблоидот „Ало“, познат како еден од најгласните поддржувачи на српскиот претседател Александар Вучиќ, ги обвини и Албанците на Балканот и Македонците дека по секоја цена сакаат да го урнат угледот на Вучиќ, претставувајќи го како нарачател на убиство.

Пишувајќи за тврдењата на Насер Ориќ, поранешен командант на единиците на армијата на БиХ во Сребреница во текот на војната во оваа држава дека Вучиќ сакал да го убие, „Ало“ тврди дека со деталите за наводниот заговор што Ориќ ги изнел „стави до знаење дека Македонците, Албанците и тајните служби нa тие простори, како и структури што дејствуваат на просторот на БиХ, а кои Ориќ и понатаму го доживуваат како херој, имаат само една цел, а тоа е Србија да ја втераат во ќош и да ја срушат власта“.

Но, според она што се цитира на друго место во овој текст, станува збор за еден македонски разузнавач кој на Ориќ му пренел информација дека Вучиќ и шефот на српската безбедносна служба БИА, во една канцеларија наводно разговарале за негова ликвидација. Истото, пренесува „Ало“, на Ориќ му го кажал и „еден многу влијателен Албанец“ кој бил во Хаг поради злосторства кон Србите.

Но, од еден македонски разузнавач и еден Албанец, ако и навистина тие биле вклучени во случајот, до тврдењето дека Македонците и Албанците и други структури сакаат да го урнат Вучиќ и работат против Србија има огромен непремостлив јаз. Посебно што во овој случај и станува збор можеби за вистински заговор за убиство на Ориќ.

Затоа и ваквите тврдења на „Ало“ наликуваат само на обид да се шири омраза, што е надополнето и од неоснованото тврдење во текстот дека „од разни адреси од регионот непрестано стигнуваат некои обвинувања на сметка на Србија и нејзините власти“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...