fbpx
Таг: Anti disinfo

таг: Anti disinfo

Вистиномер: Не наседнувајте! Лажна докторка нуди неодобрен лек за цистит

Центар со баш такво име – Британскиот центар за урологија и гинекологија, не постои. Докторка со име Елизабет Вилсон постои во градот Колумбија во државата Мисури во САД. Споредбата на фотографијата од вистинската докторка Вилсон и наводната докторка од текстот што го рецензираме покажува дека станува збор за сосема друга личност. Оваа докторка никако не може да се поврзе...

Вистиномер: Руски адвокат претставен како непостоечки професор од Скопје и искористен за реклама за лек за притисок

Фотографија од познат руски адвокат е злоупотребена за претставување на измислен професор „Миодраг Атанасовски од Универзитетска клиника во Скопје, раководител на одделение за васкуларна хирургија“. Атанасовски го нема ниту во шифрарникот на лекари специјалисти, кои работат во јавните и приватните здравствени установи. Во објавата што се шири на Фејсбук, нему му се даваат чудесни перформанси – имал извршено 1.800...

Вистиномер: Стипендијата на ќерката на Димитров нема врска со неправдата нанесена на математичарот Дамјан

Пратеникот Јорданов става равенство меѓу сосема различни работи. Награда е една работа, стипендија е сосема друга.  Во конкретниот случај со талентираниот математичар Дамјан,  пречка за добивањето на заслужената парична награда е застарената законска рамка, која како што најавија од МОН, допрва ќе се менува. Јорданов, иако има можност да предложи промени на законска регулатива за да се исправи неправдата...

Вистиномер: Шопската салата не предизвикува труење

Не постојат цврсти докази дека Шопската салата може да доведе до труење во организмот, како што тоа се наведува во постот што го анализираме. Оваа салата кај нас е традиционална и се консумира векови наназад, а досега не е познато дека салатата предизвикува труења. Доколку беше така, сигурно досега ќе знаевме и оваа салата ќе беше одамна тргната од...

Еувсдисинфо: Избегнување наместо диjалог

Кремљ одговори на поканата на Европската унија за дијалог со обид да го сврти вниманието од кршењето на меѓународните обврски на Русија и сопствените закони, пишува „Еувсдисинфо“, пренесе „Критинк“. За време на прес-конференцијата којашто следеше по состанокот помеѓу потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Жозеп Борел и министерот за надворешни работи...

Фејсбук автоматски ќе ги отстранува дезинформациите поврзани со вакцините против ковид-19

Фејсбук најави дека го проширува списокот на објави на социјалната мрежа поврзани со ковид-19 кои ќе ги отстранува и од Фејсбук и од Инстаграм по автоматизам по претходна консултација со експерти за јавно здравје. Во новото соопштение, од Фејсбук велат дека од декември минатата година веќе се отстрануваат „лажните тврдења за вакцините за ковид-19 кои ги отфрлија експертите за јавно...

Вистиномер: Не е вистина дека Македонците во странство ќе останат непопишани поради неважечки пасош

Законот за попис не бара поседување на важечки пасош како услов за попишување на претстојниот попис закажан во април оваа година. Исто така, од Кабинетот на портпаролот на Владата потврдуваат дека за попишување нема да биде потребен пасош, туку само единствен матичен број на граѓанинот, пишува Вистиномер.мк во својата нова анализа која ја пренесуваме во целост. Рецензирана е вест споделена...

Вистиномер: Женско бебе од Краков преставено како да е машко бебе од Македонија

Семејна фотографија од родители и мало бебенце во креветче во болничка соба објавена на Фејсбук страница и претставена како да е изворно од Македонија, пишува Вистиномер.мк во својата нова анализа. Утрово постанавме родители прв пат после седум години во брак. -Добивме син да ни е жив и здрав -Кој сака нека честита Под оваа објава има речиси 60 коментари со честитки за раѓањето...

„Eувсдисинфо“: Телевизијата РТ, информативно оружје на Кремљ

Телевизијата РТ е основана во 2005 година со една недвосмислена  цел – да ја раскаже руската перспективата за светските настани и да ја зајакне позитивната слика за земјата, пишува во последниот напис на „Еувсдисинфо“, што „Критинк“ го пренесува. Првичната идеја беше телевизијата да се бори против застарениот поглед на Русија,  врзан за „Комунизмот, снегот и сиромаштијата“. Маргарита Симонијан, новинарка од репортерскиот...

Вистиномер: Филмот „Songbird“ е нов, не е направен пред ковид-19 пандемијата

Проектот за филмот „Songbird“ беше најавен во мај 2020 година и е американски трилер од категоријата научна фантастика базиран токму на ковид-19 пандемијата. „Songbird“ беше објавен преку опцијата премиум видео на ЈуТјуб на 11 декември 2020 година, пишува Вистиномер.мк во својата нова анализа. Пост на Фејсбук преку кратко видео од филмот „Songbird“ ја манипулира јавноста дека пандемијата со ковид-19 не е...

КриТинк: Продолжуваат обидите за измама со „кинески“ криптовалути преку огласи на „Фејсбук“

Дезинформации за криптовалути продолжуваат да се промовираат преку огласи наменети за корисниците на Фејсбук од Северна Македонија. Наседнувањето на вакви дезинформации потенцијално може да овозможи крадење лични податоци и финансиски измами, предупредува КриТинк.мк во својата нова анализа. Проектот „КриТинк“ предупреди на оваа опасност и во текот на 2020 година, кога се користеа буквално исти лажни написи за Кина, припишани на...

Заев за „Капитал“: Лажните вести ги поткопуваат демократиите и ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Лажните вести, односно дезинформациите ги поткопуваат демократиите и на нечесен, манипулативен начин, на штета на јавниот интерес, на добробитта на граѓаните, и ја загрозуваат безбедноста на населението, рече премиерот Зоран Заев во интервјуто за печатеното издание на „Капитал“. Тој додава дека „Владата е демократска и никогаш нема да посегне кон цензура, против лажните вести се борат со вистината“. Заев појаснува дека...

Контраспин: Тврдењето дека МВР и тогашниот министер Чулев го расчистиле случајот „Јавна соба“ за еден ден е спин

Telegram
Случајот „Јавна соба“ од минатата година беше „полурасчистен“ со неколку кривични пријави и тоа во рок од најмалку еден месец, пишува „Вистиномер“ во последниот „Контраспин“. Тој случај во ЈО сè уште се води во фаза на преткривична истрага каде се правеле „детални форензички анализи“, се вели во новата анализа која ја пренесуваме во целост. Изјавата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ дека...

Лажна вест е дека има учебници за второ одделение со содржини за сексуално образование, велат од МОН

Министерството за образование и наука ги демантираа информациите проширени од Фејсбук групата „Од нас за нас“ на социјалните медиуми, а пренесени од дел од порталите, за наводни содржини во учебници за второ одделение за изучување на сексуалното образование. Како што појаснуваат од МОН, прикажаните текстови и илустрации кои се додаваат на делови од Концепцијата не се извадени од наставни...

Лажна вест е дека Владата купила пет џипови Мерцедес Г класа

Изутринава портпаролот на Владата на својот Твитер профил соопшти дека лажна вест е споделуваната информација на социјалните мрежи дека Владата го обновила возниот парк со пет џипови Мерцедес Г класа. „Владата никогаш не објавила, ниту склучила договор за ваква јавна набавка. Податокот е лесно проверлив на веб страната на Бирото за јавни набавки. Станува збор за целосна фотомонтажа“ напиша портпаролот. Инаку...

Вистиномер: Куп невистини за ковид вакцините и наводниот медиумски молк

Отворен повик за антиваксерство во однос на вакцините против ковид-19 се шири на Фејсбук од страна на медиум на македонски јазик од странство, при што голем дел од тврдењата се невистини, а на други им недостига поширок контекст, пишува Вистиномер.мк во новата анализа, која што подолу ја пренесуваме во целост. Објава на Фејсбук од онлајн медиумот „Коложег“ шири куп невистини...

ДфрЛаб: Слаба онлајн реакција на про-Кремљ медиумите за враќањето на Навални во Русија

Медиумите контролирани од Кремљ не успеаја значително да ја засилат својата дигитална кампања за нарушување на угледот на Алексеј Навални по неговото враќање во Русија. Најголем критичар на Кремљ, познат по истрагите за корупциските шеми на руската политичка и бизнис елита, кој неодамна објави докази дека Владимир Путин лично го наредил неговото труење во август 2020, пишува во последниот...

Вистиномер: Кинеските компании за производство на вакцини бараат испитаници во посиромашните земји

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар на 18 јануари годинава беше првиот кој на европскиот континент прими кинеска вакцина против ковид-19. Одобрението за користење го има издадено српската Агенција за лекови и медицина, експресно претходниот ден, но за 100.000 први примероци, додека другите дополнително ќе се испитуваат, пишува Вистиномер.мк. Каква вакцина добило здравството на нашиот северен сосед на 16 јануари?...

Охридското езеро, заложник на договорот од 1957 година

Албански експерти го креваат гласот дека во последните 10 години лошо се управува со водите на Охридскиот слив од македонска страна, предизвикувајќи голема штета на екосистемот на ова езеро што е под заштита на УНЕСКО. Во 2017 година, водата од албанска страна се повлекла до 100 метри, што ги алармирало експертите за животна средина од албанска страна, пишува Фактоје.ал,...

Вистиномер: „Хакнатите“ документи од ЕМА за вакцините биле манипулирани пред да се појават на интернет

Повик за внимание околу кампањата за употреба на вакцината против ковид-19 од производителот Фајзер-БионТек е пласиран на социјалната мрежа Фејсбук, но со испуштање на важни факти за тоа што се случувало во меѓувреме со украдените материјали од серверот на Европската медицинска агенција. Без тие информации, не може да се расправа околу вистинитоста на содржината во постот, пишува Вистиномер.мк во...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...