четврток, 15 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: Али Ахмети | 11 резултати

Обвинителството побарало помош од САД за сомнителните финансиски трансакции на Дрин Ахмети

30 ноември 2024

Предметот кој се однесува на финансиските трансакции на Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, сè уште е во предистражна фаза, пишува Порталб.мк. По повеќемесечна истрага обезбеден и анализиран е голем дел од бараната документација, а наскоро се очекува да биде завршена анализата на останатиот дел. Од досега прибраната документација се појавила потреба […]

Ахмети упати писмо до Мицкоски: Секое ново нарушување на меѓуетничките односи би имало сериозни последици за внатрешната кохезија

28 октомври 2024

Претседателот на Демократската унија за интеграција, (ДУИ) Али Ахмети испратил писмо до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со неодамнешните одлуки на Уставниот суд, соопштија од опозициската партија. Во писмото, Ахмети вели дека одлуките имаат потенцијален негативен ефект на „меѓуетничката кохезија во државата“. „Геополитичката состојба е поопасна од кога било од крајот на минатиот […]

Ахмети испратил писма до меѓународни лидери во кои ги повикува на заедничка акција за заштита на Охридскиот договор

27 октомври 2024

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, испратил писма до неколку меѓународни лидери, во кој посочува дека тој е загрижен за најновите политички случувања во државата со кои, како што тој вели, се загрозуваат постигнувањата на Охридскиот договор и принципите на еднаквост и стабилност во државата, соопшти ДУИ. Ахмети истакнува дека плановите за […]

Таравари „му фрли ракавица“ на Ахмети за претседателската трка

18 февруари 2024

Во статус на социјалната мрежа, претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател на РСМ од опозициската коалиција ВЛЕН, јавно го предизвика лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да го прифати предизвикот и конечно да се кандидира за претседателските избори, за двајцата да си ги одмерат силите. „Пропагандата на ДУИ, откако ја објавив мојата кандидатура […]

Со молитва и торта со ликовите на Џафери и Ахмети, започна изградбата на училиште во Селце

12 февруари 2024

По многу одложувања, денеска почнаа градежните работи за изградба на основното општинско училиште „Рилиндја“ во Селце, Тетово. За поставување на камен-темелникот во ова село ДУИ собра многу функционери, почнувајќи од премиерот, првиот вицепремиер, министерот и заменик министерот за образование, директори, градоначалници, функционери, заменици. Немаше претставници од општина Тетово,бидејќи, како што рекоа, не биле поканети. Реагираа […]

Нашите политичари со безгрешни души

11 февруари 2024

За разлика од евроамбасадорот Дејвид Гир кој призна дека погрешил што со лидерот на ДУИ се сретнал во кабинетот на првиот вицепремиер, Артан Груби, Ахмети не чувствува непријатност и не ѝ се извини на јавноста за тоа што својот гостин не го пречекал во седиштето на ДУИ во Мала Речица. Зошто ваквите гестови на коректно, […]

Контраспин: Богојески манипулира со стара вест и подбуцнува етнички тензии

20 јануари 2024

Петар Богојески, во неуморната мисија со секојдневни „анализи“ на Фејсбук, го разгорува предизборниот пламен. Во неговата објава на социјалната мрежа споделува вест за планираното поврзување на Тетово и Призрен со тунел. Тој алудира дека ова е првиот чекор кон обединување на Голема Албанија, а трошокот ќе биде врз нас, „ѓаурите“. Во вистинското отсуство на транспарентност […]

Страна 1 од 1