среда, 15 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Александар Чичаковски | 32 резултати

Вељаноски денеска ќе ги распише изборите

октомври 18, 2016

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, денеска ќе го потпише решението за предвремените парламентарни избори на 11 декември. Вељаноски во 11 часот ќе се сретне со претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, а во 12 часот ќе потпише решение за распишување предвремени парламентарни избори. Вчера со 110 гласа „за“ и ниту еден „против“, пратениците одлучија […]

ДИК ги запре сите изборни активности

мај 19, 2016

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги запре сите натамошни активности поврзани со изборите кои беа закажани за 5 јуни. Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски рече дека треба да се запрат сите натамошни дејствија на општинските изборни комисии и тие да се задолжат да достават до ДИК извештај за работа и финансиски извештај за […]

Груевски: Одлуката на Иванов е патриотска, но не сакам да бидам во ист кош со Заев

април 16, 2016

Лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вечерва во вестите на телевизијата „Канал 5“ изјави дека одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција е патриотски чин, но рече дека сепак не сака да биде ставен во ист кош со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. ­- Го следев внимателно неговиот говор, неговите тези и можам да кажам […]

ДИК даде амин за избори, Чичаковски и двајцата членови од СДСМ ја напуштиле седницата

април 15, 2016

Државната изборна комисија со шест гласа „за“ го донесе заклучокот во кој се вели дека избирачкиот список е подготвен за фер и демократски избори, информираат за „Мета“ од ДИК. Претходно, претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, и двајца членови на ДИК од СДСМ, Виолета Дума и Горан Милев, ја напуштиле седницата и не сакале воопшто да […]

ДИК утре ја почнува теренската проверка на спорните гласачи

март 27, 2016

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски денеска соопшти дека теренската проверка на спорните гласачи ќе почне утре и додаде дека материјалите за анкетирање се доставени до подрачните одделенија на Комисијата. – Во финална фаза сме на подготовка на теренските проверки. Од утринава се доставени сите материјали до подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. Вработените […]

Чичаковски: Ќе направиме сè да го прочистиме избирачкиот список до 17 април

март 11, 2016

Државната изборна комисија ќе ги преземе сите активности за да стигне до 17 април да го прочисти избирачкиот список, изјави претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, по денешната средба со претставници на 20 амбасади во Клубот на пратеници во Скопје. Според него, на денешната седница во ДИК треба да се најде решение и за тоа како […]

Џабе кликате, избирачкиот список не се отвора на веб-страницата на ДИК

февруари 10, 2016

Избирачкиот список кој беше поставен на веб-страницата на Државната изборна комисија од утринава не е активен, односно не се отвора. Опцијата со која граѓаните можеа да проверат дали ги има на списокот и на кое избирачко место гласаат, сега не е достапна. Доколку се кликне на местото за проверување на списокот, страницата се пренасочува кон […]

Чичаковски: Темелна проверка на избирачкиот список не е можна до 24 април

јануари 17, 2016

Избори на 24 април технички може да се спроведат, но не и темелна проверка на избирачкиот список. Ова го пишува во изјавата која претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски им ја подели на политичките партии кои во Клубот на пратеници разговараат за изборниот процес. „На прашањето дали избори на 24 април може да се […]

Страна 2 од 2