fbpx

Партиите го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори

-

Партиите денеска го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори, во согласност со одредбите на Изборниот законик.

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, истакна дека изборите кои се фер, демократски и ги почитуваат принципите на демократијата и на доброто владеење, придонесуваат за демократски развој на општеството.

– Сите учесници во изборите со своите активности го поставуваат фундаментот на демократијата и придонесуваат за градењето на довербата во изборниот систем на Македонија – истакна Чичаковски.

Кодексот го потпишаа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој ја предводи коалицијата За подобра Македонија, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од здружената опозициска коалиција, во име на ДУИ потпиша Изет Меџити, Мендух Тачи од ДПА, Гзим Острени од коалицијата Алијанса за Албанците, Ивон Величковски од ЛП, Стојанче Ангелов од Достоинство во име на Коалицијата ВМРО за Македонија, Павле Трајанов од Демократскиот сојуз за Коалицијата за промени и правда – Трет блок, Билал Касами од Беса, Здравко Савески од Левица и Мухамед Халили од ПДП.

На потпишувањето на Кодексот присуствуваа и амбасадорите на САД, Германија, Франција, Велика Британија, како и заменик-амбасадорот на ЕУ и шефот на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...