fbpx
Таг: Албанија

таг: Албанија

Социјалистите во Албанија бараат и порталите да бидат под надзор за време на избори

Членовите на албанскиот парламент од Социјалистичката партија бараат промени во изборниот закон на земјата со кои се предлага регистрација на интернет-порталите за време на изборната кампања. Со измените на законот, се бара на регулаторното тело за медиуми да му се овозможи да ги казнува порталите доколку шират пропаганда за време на избори. Социјалистичката партија преку предложените измени на изборниот закон бара...

Хан: Реформите во судскиот систем на Албанија се добри вести за Балканот

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, денеска се сретна со спикерот на собранието на Албанијa, Илир Мета, и истакна дека успехот на судските реформи и декриминализацијата во Албанија ќе значат добри вести за целиот балкански регион. Хан рече дека Албанија имала добар напредок со приоритетните реформи. Тој му се заблагодари на собранискиот спикер Мета за постојаната поддршка и...

Друштвото „Илинден“ ги повика Македонците во Албанија масовно да гласаат на изборите

Македонско друштво „Илинден“ од Тирана ги повика сите Македонци во Република Албанија што се пријавени за претстојните предвремени парламентарни избори во Македонија, да го искористат избирачкото право и масовно да излезат на гласање. Изјаснувањето ќе можат да го остварат во Амбасадата на Република Македонија во Тирана, на улица Кавајес, број 116, соопшти друштвото преку својот електронски весник на македонски јазик,...

Нишани ги закажа парламентарните избори во Албанија за 18 јуни 2017 година

Албанскиот претседател Бујар Нишани денеска со указ ги закажа парламентарните избори во државата за 18 јуни 2017 година. Граѓаните на изборите ќе треба да изберат 140 пратеници во новиот парламент, со мандат од четири години. Досега меѓународната задница никогаш ги нема оквалификувано изборите во Албанија како целосно слободни или фер. Овие избори се сметаат за особено важни, имајќи предвид дека Албанија...

Судиите во Албанија бараат од Уставниот суд да го укине новиот закон за нивниот статус

Синдикатот и здружението на судиите во Албанија поднесоа жалба до Уставниот суд во земјата против новиот закон за статусот на судиите и на обвинителите, кој стапи на сила на 22 ноември годинава. Претставниците на синдикатот и на здружението за медиумите изјавија дека новиот закон е во спротивност со уставот на земјата и затоа треба да биде повлечен. Станува збор за...

Меркел – Рама: Судските реформи и изборите, услов за почнување на преговори со ЕУ

На заедничка прес-конференција одржана денеска во Берлин, по средбата со премиерот на Албанија, Еди Рама, германската канцеларка Ангела Меркел истакна пет приоритети што Албанија мора да ги исполни за да ги почне преговорите со Европска Унија. Ова значи дека Албанија најверојатно нема да добие позитивен одговор за почнување на преговори во декември. На прес-конференцијата, Меркел рече дека Албанија имала напредок, но го...

Во Тирана формирана Унија на албански општини во регионот, Тетово дел од унијата

Градоначалниците на Тирана, Тетово, Приштина, Прешево и на Улцињ вчера во албанскиот главен град формираа Унија на албански општини во регионот. Како што јавува албанската телевизија „Топ ченел“ од Тирана, првпат е формирана унија на главни општини во регионот со кои раководат Албанци, а асоцијацијата има цел да изгради механизми потребни за меѓусебна соработка. Градоначалниците на пет градови од Албанија, Македонија,...

Албански воен брод ќе патролира во Средоземно Море

Албанскиот воен брод „Орикум“ ќе стане дел од мисијата на НАТО во Средоземно Море, насловена „Морски чувар“, која има цел да го спречи шверцот на мигранти од Турција кон Грција преку морски пат, соопшти албанската министерка за одбрана, Мими Кодели. - Зголемената несигурност во југоисточниот дел на Средоземно Море покажа дека е неопходно сите земји од Алијансата да ги здружат...

Албанија не е обврзана да увезува отпад, порача Европската комисија

Европската комисија денеска соопшти дека Албанија нема обврска да дозволи увоз на отпад, без разлика што законот за увоз на отпад е во согласност со легислативата на Европската Унија. Како што јавува дописникот на „Мета“ од Тирана, Директоратот за животна средина при Европската комисија вели дека албанскиот закон за увоз на отпад за рециклирање е во согласност со европското право,...

Студент фрли доматен сос врз албанската министерка за образование

Студент, активист од Движењето за универзитет, вчера фрли доматен сос врз министерката за образование на Албанија, Линдита Никола, јави дописникот на „Мета“ од Тирана. Левичарското Движење за универзитет се противи на образовните реформи, тврдејќи дека со нив се привилегираат приватните универзитети, а се дискриминираат сиромашните студенти. Движењето во изминатиот период организираше повеќе протести, но владата засега нема слух за нивните...

Возачи од албанското МНР биле приведени од грчката полиција

Двајца возачи од албанското министерство за надворешни работи беа сопрени од грчката полиција во Јанина, поради пренесување книги на албански јазик. Тие биле задржани во полициската станица неколку часа, по што биле пуштени, известува дописникот на „Мета“ од Тирана. Наводно, возачите биле обвинети за пренесување вознемирувачки пропаганден материјал. Според други извори, пак, книгите на албански, всушност, биле наменети за образовни цели, поточно...

Зголемени безбедносни мерки на фудбалскиот меч Албанија – Израел

Албанската полиција соопшти дека повеќе од 2.000 припадници на специјалната полициска единица „Ренеа“ и единицата за брза интервенција се ангажирани за безбедноста на квалификацискиот меч за Светското фудбалско првенство меѓу Албанија и Израел, откако претходно беа уапсени 15 лица осомничени за организирање терористички напад, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана. Натпреварот требаше да се одигра на стадионот во северниот албански...

Координативна конференција против тероризмот на Балканот

Клучни претставници на меѓународни и на регионални институци и високи претставници на влади од Југоисточна Европа, меѓу кои и од Македонија, првпат во тој формат се собраа денеска во Тирана во обид да ја унапредат соработката во борбата против тероризмот и насилниот екстремизам. Како што соопшти Регионалниот совет за соработка (РСС), кој го организираше овој собир, а чиј домаќин е...

Европската комисија препорача отворање преговори со Албанија

Eвропската комисија препорача отворање преговори за Албанија. Според извештајот, се оценува дека Албанија постигнала значителен напредок во исполнувањето на петте клучни критериуми за почеток на пристапните преговори. Во извештајот стои дека главните уставни измени биле едногласно усвоени во јули 2016 година, со што почнале сеопфатен и инклузивен процес на реформи на судскиот систем. „Овој процес ќе вклучува длабоко преиспитување на судии...

Еди Рама му честиташе на Доналд Трамп

Албанскиот премиер Еди Рама му ја честиташе победата на новиот американски претседател Доналд Трамп. Тој изјави дека денеска американскиот народ го направил својот избор, иако тоа не е Хилари Клинтон која е голем пријател на Албанија, Косово и на сите Албанци. - Нејзиниот ривал Доналд Трамп беше избран за претседател убедливо од Американците. Му честитам на победата и сум убеден...

Најмалку тројца загинати во невремето и во поплавите во Албанија

Најмалку три лица ги загубиле животите во невремето и во поплавите што синоќа и денеска ја зафатија Албанија, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана. Првиот случај е регистриран во општината Клос, каде 42-годишниот Џевахир Ндои загинал откако воден бран го одвлекол заедно со возилото во кое се наоѓал. Втората жртва, идентификувана како 50-годишниот Кастриот Спахиу од селото Сука, настрадал додека вршел...

Невреме во Албанија – исклучена струја, поплавени куќи, блокирани автопатишта

Лошото време и обилните врнежи од дожд што синоќа и утрово зафатија делови од Албанија предизвикале прекин на електричната енергија во поголем дел од главниот град на земјата, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана. Од фирмата за дистрибуција на електрична енергија (ОШЕЕ) соопштиле дека некои од трансформаторите биле поплавени поради што морале да ја исклучат струјата за да можат да интервенираат...

Oбвинителството го потврди координираниот лов на терористи со Албанија и со Косово

Координирана антитерористичка операција деновиве е спроведена во Албанија, Македонија и во Косово за апсење на лица, осомничени за регрутирање борци за Исламска држава од Балканот. Според информациите што вчера ги објавија албанските и косовските медиуми, осомничените, наводно, планирале и терористички акции на Балканот. Од Јавното обвинителство за „Мета“ го потврдија учеството на македонските власти во антитерористичката операција и најавија повеќе...

Антитерористички операции во Албанија, Косово и во Македонија

Заедничка антитерористичка операција беше спроведена минатата недела во Албанија, Косово и во Македонија, соопштија албанските власти. Во Албанија, специјализирани структури за борба против тероризмот во државната полиција, а во соработка со обвинителството за сериозен криминал, уапсија четири лица со албанска националност. Операцијата беше спроведена од државната полиција во координација со локалните полициски сектори на Тирана, Скадар, Дебар, Елбасан, како и со...

Католичката црква во Албанија денеска ќе прогласи 38 католици за блажени

Католичката црква во Албанија денеска во градот Скадар ќе прогласи 38 католици за блажени. Сите 38 католици ќе бидат запишани во книгата на блажени поради нивната маченичка смрт за време на комунизмот. Мисата ќе ја одржи кардиналот Анџело Амато. Се очекува на настанот да присуствуваат високи црковни лица од Католичката црква. Меѓу 38 албански маченици кои ќе бидат прогласени за блажени...

Словенечкиот премиер е надвор од животна опасност, но останува на интензивна нега

Словачкиот премиер Роберт Фицо веќе не е во животна опасност, но останува на интензивна нега четири дена откако беше застрелан од вооружен маж, изјави заменик-премиерот на земјата, а пишува...