fbpx
Таг: Албанија

таг: Албанија

Парламентарни избори во Албанија: За 140 места во парламентот се борат 2.666 кандидати

Граѓаните на Албанија денеска гласаат на парламентарни избори, по договорот на двете најголеми партии да се зајакнат напорите за приклучување на земјата во ЕУ. Одржувањето слободни и фер избори е клучно за пристапните преговори со ЕУ. Албанија е членка на НАТО од 2009 година. За 140 пратенички места се борат 18 партии со вкупно 2.666 кандидати, а фаворити се Социјалистичката партија...

Османи-Река: Зајакната регионална соработка е клучна за влезот на Западен Балкан во ЕУ

Убеден сум дека во вакви времиња кога ЕУ се соочува со многу предизвици, интеграцијата на Западен Балкан треба да се гледа како одговор во справувањето со овие предизвици. Целосна интеграција на сите земји од Западен Балкан во Европската Унија и во НАТО е неопходна, нагласил вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната средба со амбасадорот на Република Албанија,...

Бушати до Димитров: Aлбанија ќе остане најдобар сосед на Македонија

Шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати, му го честита изборот на Никола Димитров за министер за надворешни работи на Македонија. „Честитки до Никола Димитров. Албанија ќе остане најдобар сосед на Македонија. Се радувам на заедничката работа“, напиша Бушати на својот профил на социјалната мрежа „Твитер“. https://twitter.com/ditmirbushati/status/870323149489020930 Димитров, веднаш по свечената заклетва, изјави дека неговата прва посета ќе биде во земјите во регионот,...

Македонците од Албанија го славеа делото на светите браќа Кирил и Методиј

Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, со повеќе манифестации, повеќе денови и во неколку населени места, го одбележаа и етничките Македонци во Албанија. Во општина Пустец, единствената како таква што преживеа со новата територијална кројка во Албанија, во селото Долна Горица, настанот беше одбележан како Ден на писменоста и просветата. Од овој крај, потекнува учителот Никола Беровски, авторот...

Албанскиот парламент го изгласа законот за проверка

Албанскиот парламент вчера донесе серија закони откако беше постигнат договор меѓу Социјалистичката партија и Демократската партија а надминување на кризата. Носењето закони следеше откако беа назначени нови министри од опозицијата, кои технички ќе раководат со секторите до парламентарните избори. Меѓу законите кои вчера беа донесени беше и законот за проверка. - Давањето пристап на опозицијата до владата за да ја...

„Блиц“: Србија е повеќе од четири пати воено посилна од Македонија, Албанија и Косово

Србија со 36.000 војници е повеќе од четири пати посилна отколку Македонија, Албанија или Косово, во кои има по 8.000 војници. Најдолу е Црна Гора со 1.853 војници. Сепак, Косово малку отскокнува над другите, поради 150-те припадници на специјалните антитерористички единици РОСУ, кои се придодадени на бројката  8.000 војници, од кои 4.000 се припадници на КФОР, а 4.000 се...

Нишани ги закажа парламентарните избори во Албанија за 25 јуни

Албанскиот претседател Бујар Нишани денеска официјално ги закажа парламентарните изборите во Албанија за 25 јуни. Изборите првично требаше да се одржат на 18 јуни, но се одложија за една недела откако албанскиот премиер и лидер на владејачката Социјалистичка партија, Еди Рама и првиот човек на најголемата опозициска сила во земјата, Демократската партија, Љуљзим Баша постигнаа компромис, со посредништво на...

ФУЕН изгласа резолуција за правата на Македонците во Албанија

Федералната унија на европските националности (ФУЕН) на 62. Конгрес кој денеска завршува во романскиот град Клуј-Напока, едногласно, усвои посебна Резолуција за правата на етничките Македонци во Република Албанија,која ќе биде доставена до Владата на Република Албанија и до сите релевантни меѓународните институции. - Го имаме задоволство да објавиме дека со Резолуција од седум точки се бара: Владата на...

Коцијанчич: Трпение, до 24 мај ќе дознаете кој ќе вечера со Могерини

Европската комисија засега не открива кој ќе патува во Брисел на средба со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и за безбедност, Федерика Могерини, дали тоа ќе биде техничкиот премиер Емил Димитриев или Зоран Заев. - Во овој момент можам да кажам дека поканите се испратени до премиерите, а имињата на учесниците ќе бидат потврдени непосредно пред посетата. Ќе...

Илјадници бараа техничка влада на протестот на опозицијата во Тирана

Илјадници луѓе протестираа денеска со мирен марш долж главниот булевар на Тирана, движејќи се кон кабинетот на албанскиот премиер Еди Рама. Тие учествуваа во големиот, како што го нарече опозицијата, национален протест, со кој се бараше техничка влада што ќе ги организира парламентарните избори, кои се закажани за средината на јуни. Поворката демонстранти ја придружуваа стотици полицајци. Иако опозицијата тврдеше дека...

Марш на ЛГБТИ-заедницата во Тирана со поддршка и од Македонија

Со велосипеди и со знамиња, околу 200 ЛГБТИ-лица и активисти и нивни поддржувачи од други невладини организации во Тирана денеска го одржаа маршот на гордоста. Активистите ги повикаа властите да одговорат на две иницијативи за трансродовите лица и за истополовите бракови. Маршот беше поддржан и од македонски активисти, кои носеа транспарент „Со љубов од Македониија“ (With love from Macedonia).

Голем протест на опозицијата во Албанија утре

Одбележувајќи го 83-от ден на непрeкинати протести, од шаторот пред канцеларијата на премиерот на Албанија во Тирана, лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша, денеска пред демонстрантите најави голем протест на опозицијата за утре. - Тоа ќе биде најголемиот протест од времето кога Албанците раскрстија со комунизмот. Тој ќе го означи почетокот на „Новата република“, бидејќи целата нација ќе се собере...

Хан ја искритикува опозицијата во Албанија поради одлуката за бојкот на изборите

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, денеска преку отворено писмо до граѓаните на Албанија ја искритикува опозицијата за одлуката да ги бојкотира изборите, закажани за 18 јуни. Тој им порача на политичките лидери во земјата дека „ќе сносат одговорност доколку се обидат да ги попречат аспирациите на граѓаните за подобра иднина“. „Актуелната опозиција намерно одлучи да не...

Новинар уапсен во Тирана поради повик за убиство на евроамбасадорка

Албанската полиција соопшти дека го уапсила 51-годишниот новинар Кастриот Мифтарај поради повици на насилство против Романа Влахутин, шефица на Делегацијата на Европската Унија во Тирана. Мифтарај е спроведен од припадници на антитерористичките единици на полицијата во полициска станица, откако објави коментар против Влахутин на својата фејсбук-страница. Тој ја нарекува евроамбасадорката „терорист“ и вели дека нејзиното убиство би било „антитерористички чин“. Мифтарај...

Грчки бизнисмен уапсен за шпионажа во Албанија

Грчки бизнисмен на 52-годишна возраст бил уапсен во Албанија под сомневање за шпионажа, јави грчкиот весник „Имерисија“. Уапсениот имал градежен бизнис во Албанија, а кога бил уапсен на аеродромот во Тирана, во неговата чанта биле најдени „разузнавачки материјали“.

Даут Харадинај: Македонците сфатија дека Албанците се фактор на мирот

Македонците сфатија дека Албанците се фактор на мирот и на стабилноста во земјата, па затоа ситуацијата во Македонија се подобрува, порача вчера пратеникот во парламентот на Косово, Даут Харадинај, во интервју за албанската телевизија „Репорт ТВ“. Тој истовремено нагласи дека Албанците се конститутивен народ во Македонија и рече дека и Еди Рама и сите Албанци обединувањето го гледаат во рамките на ЕУ. -...

Рама: Не сме во криза како некои соседни земји, па да се бара техничка влада

Откако тричасовните преговори меѓу него и претседателот на Демократската партија, Љуљзим Баша, вчеравечер завршија неуспешно, денеска премиерот на Албанија и претседател на Социјалистичката партија, Еди Рама, на прес-конференција кажа дека опозицијата не може да бара техничка влада, бидејќи ситуацијата не е „како во некои соседни земји“. - На Демократската партија ѝ дадовме систем за да ги контролира сите државни структури...

Хоџај: Косово годинава ќе поднесе барање за кандидатски статус во ЕУ

Косовскиот министер за надворешни работи, Енвер Хоџај, обелодени дека Косово планира во текот на оваа година да поднесе барање во Европската Унија за добивање кандидатски статус. – Сакаме да ги видиме Србија, Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора како дел од ЕУ, но сметаме дека треба да бидеме наградени за работата што ја работиме во нашата земја и во...

Македонците во Албанија наместо со Еди Рама, во коалиција со Илир Мета

Извршниот комитет на партијата Македонска алијанса за европска интеграција во Албанија (МАЕИ) донесе одлука за наредните парламентарни избори во Албанија, кои треба да се одржат на 18 јуни годинава, да коалицира со Движењето за социјалистичка интеграција на Илир Мета. Откако Илир Мета се откажа од партиската лидерска позиција, по изборот за претседател на Република Албанија, сега Движењето за социјалистичка интеграција...

Илир Мета избран за претседател на Албанија

Претседателот на албанскиот парламент, Илир Мета, на вчерашната вонредна седница на парламентот, без присуство на опозицијата е избран за нов претседател на Албанија. За изборот на Мета гласале 89 пратеници, додека двајца биле против. Во овој четврти круг на гласање потребна била поддршка од 71 пратеник во собранието. Во претходните три круга на гласање никој не беше избран затоа што немаше...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...