Косовскиот министер за надворешни работи, Енвер Хоџај, обелодени дека Косово планира во текот на оваа година да поднесе барање во Европската Унија за добивање кандидатски статус.

– Сакаме да ги видиме Србија, Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора како дел од ЕУ, но сметаме дека треба да бидеме наградени за работата што ја работиме во нашата земја и во рамките на дијалогот, исто како и нашите колеги во Белград, што во моментов не е случај – изјави Хоџај во Брисел.

По новинарско прашање од „Танјуг“ што биле конкретните намери на косовскиот претседател Хашим Тачи кога ја поддржал идејата за соединување на Косово и на Албанија, шефот на косовската дипломатија одговорил дека „нема време за понатамошен разговор со новинарите“ и ја напуштил зградата на Европскиот парламент во Брисел.