fbpx
Таг: 27 април

таг: 27 април

Продолжуваат судењата за нападот врз Села на 27 април и на Кочан за „Труст“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето на десетмината обвинети за обид за убиство на лидерот на Алијанса за Албанците и пратеник Зијадин Села за време на насилствата во Собранието од 27 април, минатата година. На денешното рочиште треба да бидат сослушани тројца вештаци. Инаку, вчера пред судот сведочеше Села, кој разкажа за нападот и дека од...

Села: Од Собранието ме извлекоа маскиран како полицаец

Лидерот на Алијанса за Албанците и пратеник, Зијадин Села на 27 април во прес-центарот во Собранието добил неколку удари во главата со монитор, со копје од знаме и со даска, слушајќи закани дека ќе биде убиен. Села денеска сведочеше во Кривичниот суд во Скопје на судењето во кое десет лица се обвинети за обид за убиство врз него. Од ударите Села...

Почнува судењето на Талевска за „Тифани“, Села треба да сведочи за нападот од 27 април

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани три рочишта од судските процеси по обвиненија на Специјалното јавно обвинителство, а треба да продолжи и судењето на напаѓачите на пратеникот и лидер на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, за време на насилствата во Собранието од 27 април, минатата година. На денешното рочиште против напаѓачите на Села, кои се товарат за...

Хелсиншки: Не се прекршени законите при притворањето на пратениците

Хелсиншкиот комитет за човекови права не констатирал кршење на процедурите, пропишани со Уставот и законите, во врска со приведувањето и притворањето на шестмината пратеници осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година. Ова, како што информираа денеска од Хелсиншки, било утврдено по спроведената постапка по претставка поднесена од пратеници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за приведувањето и притворањето на нивните...

Десетици лица протестираат против притворањето на пратениците за 27 април

Десетици лица денеска се собраа на протест пред Соборниот храм против, како што велат, притворањето на пратениците и останатите осомничени за насилствата во Собранието на 27 април минатата година. Тие денеска со зурли и тапани и бројни транспаренти протестираат од Соборниот храм и по булеварот Свети Климент Охридски и потоа по булеварот Теодосиј Гологанов се упатија кон Собранието каде секојдневно...

ВМРО-ДПМНЕ: Судот е директен учесник во продлабочувањето на кризата поттикната од власта

Дурловски, Илиевски, Јовановски, Дамовски, Чавков, пратениците и сите останати кои се неправедно притворени за настаните од 27 април, се терористи колку што се терористи македонските иселеници кои вчера протестираа низ Европа и светот, повторно реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за продолжувањето на притворите на осомничените за минатогодишните насилства во Собранието. Од партијата велат дека Македонија е узурпирана држава каде е...

МВР му даде отказ на Ален Зекиров, поранешниот телохранител на Мијалков

Ален Зекиров, поранешен телохранител на екс директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков добил отказ од Министерството за внатрешни работи. Зекиров отказното решение го добил пред три дена од УБК, каде од 2015 година работи во одделот за антитероризам. Од МВР ја потврдија информацијата. „По спроведената постапка за утврдување на дисциплинска одговорност поради кршење на работниот ред...

Апелација ја потврди четиригодишната затворска казна за напаѓачот на Шекеринска

Апелацискиот суд Скопје ја отфрли жалбата на Панче Ангелов за четиригодишната затворска казна што му ја одреди Кривичниот суд за нападот на Радмила Шекеринска, тогашна пратеничка, а сега актуелна министерка за одбрана, за време на насилствата во Собранието од 27 април, минатата година, пренесува „Телма“. Со одлуката Апелацискиот суд ја потврди пресудата и висината на казната што на Ангелов му...

ВМРО-ДПМНЕ: Дурловски и Божиновска непотребно ќе се држат во куќен притвор

Игор Дурловски и Елена Доцевска – Божиновска непотребно ќе се држат во куќен притвор, како што непотребно јавното обвинителство два месеци се „изживуваше со нив“, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на одлуката на Кривичниот суд за продолжување на притворите на осомничените за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година. Од партијата велат дека нема аргументи дека осомничените ќе го повторат...

Судот по втор пат им го продолжи притворот на осомничените за 27 април

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 го прифати барањето на Обвинителство и им ги продолжи притворите на 28 осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година, соопштија попладнево од судот. Со одлуката на судот, по втор пат им е продолжена мерката притвор на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, Богдан Илиевски – Бетмен, актерот Владо Јовановски,...

Џолев смета дека приведувањето на пратениците било согласно закон

Приведувањето и притворањето на шестмината пратеници, осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година е извршено законски и не е прекршено правото на пратенички имунитет, смета претседателот на Кривичниот суд во Скопје, Иван Џолев, потенцирајќи дека тоа е негов личен став. Џолев на денешниот брифинг со новинарите рече дека треба да се прави терминолошка разлика и дека правото...

Обвинителството смета дека Села не бил убиен затоа што напаѓачите мислеле дека е мртов

Дарко Јакимовски, јавниот обвинител кој го води случајот за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села при упадот во Собранието на 27 април минатата година, рече дека единствената причина поради која Села не е убиен е тоа што сите мислеле дека е мртов. - Доказите ќе покажат дека во моментите кога нападот и тепањето го достигнале екстремот, единствена околност за...

Кривичен решава за продолжување на притворите на осомничените од 27 април

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска ќе одлучува по барањата на ОЈО за организиран криминал и корупција за продолжување на притворите за осомничените за минатогодишните насилства во Собранието на 27 април, беше потврдено на денешниот брифинг на претседателот на Судот, Иван Џолев со новинарите. Барањата на обвинителството се доставени до Кривичниот совет и се очекува до крајот на...

ОЈО: Поблаги мерки за Пешевска и Дурловски и продолжување на притворите на сите други

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара од Кривичниот суд да им го продолжи притворот на осомничените за насилствата во Собранието од 27 април. Обвинителството, како што денеска соопштија оттаму, бара продолжување на притворот на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, Богдан Илиевски - Бетмен, актерот Владо Јовановски, режисерот Борис Дамовски, пратениците Крсто Мукоски, Љубен...

Од утре нов круг на одлуки за притворите на осомничените за 27 април

Апелацискиот суд Скопје ја отфрли жалбата и го потврди решението на Кривичниот суд со кое му беше продолжен притворот на режисерот Борис Дамовски, кој е еден од осомничените за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година. Со ова, Апелација ги одби жалбите и им го потврди притворот на сите осомничени на кои им беше продолжена мерката, меѓу кои, покрај...

И Мукоски останува во притвор, одлучи Апелација

Апелацискиот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата за продолжувањето на притворот и на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, осомничен за минатогодишните насилства во Собранието од 27 април. Второстепениот суд за жалбата на Мукоски одлучувал на затворена за јавност седница. Со одлуката на Апелација Мукоски останува во притвор во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, кој на 27 декември, минатата година...

Судот не му дозволи на Тарчуловски да го слуша Столтенберг во Собранието

Кривичниот суд го одби барањето на пратеникот Јохан Тарчуловски да му биде дозволено да го напушти својот дом на четири часа за да може во Собранието да го следи обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој денеска и утре ќе претстојува во посета на земјава. Тарчуловски е еден од 36-те осомничени за насилствата во Собранието од 27 април,...

Апелација ги одби жалбите на Чавков, Јовановски, Дурловски и Илиевски

Апелацискиот суд ги одби жалбите на единаесетмина осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, меѓу кои и поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, актерот Владо Јовановски, поранешниот директор на Македонската опера и балет Игор Дурловски и Богдан Илиевски - Бетмен, кои и понатаму остануваат во притвор што им го одреди и продолжи Кривичниот суд. Дел од одлуките на...

Апелација ќе ја разгледува жалбата на Василевски за притворот за 27 април

Кривичниот совет на Апелацискиот суд Скопје денеска ќе ја разгледува жалбата за продолжениот притвор на пратеникот Сашо Василевски, осомничен за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година. Јавната седница на која ќе се разгледува жалбата е закажана во 12.30 часот. Кривичниот суд во Скопје на 27 декември, минатата година на Василевски, Крсто Мукоски и на Љубен Арнаудов им го продолжи...

Приведен еден од осомничените за 27 април кој се бараше со меѓународна потерница

Полицијата синоќа во Скопје го привела Младен Додевски, еден од осомничените за насилствата во Собранието од 27 април, кој се бараше со меѓународна потерница. Од МВР засега нема официјална потврда за приведувањето на Додевски. Тој, како што пренесува „Телма“ повикувајќи се на полициски извори, се криел во внатрешноста од државата, а наводно бил приведен пред ресторан во Скопје. Министерството за внатрешни работи...

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...