fbpx
Таг: министерство

таг: министерство

Протестот продолжува кон Министерството за здравство

Граѓаните од протестот со кој се бара оставка од министерот за здравство, Никола Тодоров, поради смртта на Тамара, се упатија кон Министерството за здравство. Демонстрантите се опремени со црвени картони, а носат и транспаренти на кои пишува „Оставка“, „Тодоров, народот ти даде отказ“, „Вашиот термин дојде“, „Хорор во болниците“... Маршот почна пред Фондот за здравствено осигурување, а ќе заврши пред...

Премиерот Груевски се сретна со хрватскиот министер за одбрана Котромановиќ

Премиерот Никола Груевски оствари средба со министерот за одбрана на Република Хрватска, Анте Котромановиќ. На средбата беа поздравени одличните односи помеѓу двете земји, кои се развиваат во духот на пријателството, соработката и на меѓусебното почитување. Соговорниците разменија мислења на повеќе теми од различни области, кои се од интерес за понатамошно унапредување на односите, акцентирајќи ја соработката на проекти на полето на одбраната. Премиерот...

Промоција на „администрација.мк“

Во Министерството за информатичко општество и администрација, денеска ќе биде промовиран веб-порталот „администрација.мк“. Промоцијата доаѓа по неодамнешното добивање можност Македонија во глобалниот интернет-простор да користи кириличен домен, а новиот веб-портал ќе биде претставен од министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.

Ќе се формира втора комисија за случајот со починатото девојче на Инфективна клиника

Втора стручна комисија ќе формира Министерството за здравство за да направи нова, подетална анализа, дали сите здравствени работници, почнувајќи од матичниот лекар, дежурниот лекар во Поликлиниката „Јане Сандански“, па до тие на Клиниката за инфективни болести, постапиле правилно во лекувањето на 12-годишното девојче што почина без конечна дијагноза. Од Министерството за здравство велат дека првата стручна комисија, која веќе го анализирала случајот, утврдила дека сите здравствени работници...

Сенатот предлага нов закон за високо образование, Министерството подготвено

Во најкус можен рок да иницира сеопфатна расправа од која би произлегол предлог за нов закон за високо образование, му предлага Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Министерството за образование и наука. Оваа одлука ја донел денес Универзитетскиот сенат, за која ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски, со допис го информира министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми. „Универзитетскиот сенат...

Денеска пензионерите добија пензија

Денеска е исплатена јануарската пензија, соопшти Министерството за финансии. На сметките на 289.336 пензионери префрлени се 3.604.984.680 денари. Просечната пензија во јануари изнесува 12.487 денари.

На претставници од „Студентски пленум“ им беше забрането да влезат на дебата во Министерството за образование

На студентите од „Студентски пленум“ не им беше дозволено да влезат на дебатата за измените во Законот за високо образование, која експресно беше пренесена во просториите на Министерството за образование. Во последен момент, Министерството за образование и наука ја промени локацијата за одржување на најавената дебата. Таа денеска требаше да се одржи на Педагошкиот факултет во Скопје, но наместо таму, се...

Министерството за образование во последен момент ја смени локацијата на дебатата

Во последен момент, Министерството за образование и наука ја промени локацијата на одржување на најавената дебата, која денеска требаше да се одржи на Педагошкиот факултет во Скопје. Таа се одржа во просториите на Министерството. Тоа ги изреволтира дваесетината студенти од „Студентски пленум“ кои со транспаренти, иако непоканети, се упатија на дебатата. Нив, пак, ниту вчера, ниту денеска никој не ги поканил и информирал...

300 стари стечаи чекаат некој да ги купи!

Законот за старите стечаи, кој беше најавен уште пред да почне кампањата за предвремените парламентарни избори во април годинава и кој беше донесен на 31 јануари 2014 година, сè уште нема своја завршница, иако премиерот Никола Груевски вети дека целиот процес ќе заврши до крајот на годинава. Тој веднаш по владината седница, на која беше најавен почетокот на процедурата за специјален и...

Тркалезна маса „Интегрирано спречување и контрола на загадувањето во Македонија“

Tркалезна маса во рамки на проектот „Интегрирано спречување и контрола на загадувањето во Македонија“, ќе се одржи денеска во Стопанска комора на Македонија. На настанот ќе присуствува и министерот за животна средина, Нурхан Изаири.

Орото „Копачка“ под заштита на УНЕСКО

УНЕСКО инфомрираше дека македонското оро „Копачка“, што автентично го негува истоимената фолклорна група од делчевското село Драмче, е запишано во репрезентативната листа на нематеријално културно наследство. За ова да се издејствува, помогна апликацијата на Република Македонија преку Министерството за култура во 2011 година, заедно со штипскиот обичај „четрсе“, кој, исто така, е запишан во листата на нематеријално културно наследство.

Протест пред Министерството за труд и социјална политика

Денеска, членови на Националната мрежа против насилството врз жените и семејното насилство, пред Министерството за труд и социјална политика, одржаа протест по повод 25 ноември - Mеѓународниот ден против насилство врз жените, почнувајќи ја кампањата „16 дена активизам против насилство врз жените“. Оваа година, темата на кампањата е „16 дена активизам за 16 убиени жени за 6 години!“ „Сите овие убиства се извршени...

Канческа-Милевска ја прими виолинистката Ева Богоевска

Петнаесетгодишната виолинистка Ева Богоевска, која на 6 ноември беше прогласена за победник и го освои „Лауреатот од прв степен“ на реномираниот меѓународен Фестивал за музика „Сребрен камертон“, кој се одржа во Санкт Петербург, денеска беше примена од министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска. Настапот на Ева, која е добитник и на многу државни и меѓународни награди, во Санкт Петербург беше поддржан...

Почна регистрацијата на сурогат-мајки

Денеска во Министерството за здравство почна постапката за пријавување во регистарот за гестациски носители, со што почна да се реализира проектот за сурогат-мајчинство во Македонија. Министерството ќе води и регистар на брачни двојки кои се заинтересирани за оваа постапка. Сурогат-мајки може да бидат жени постари од 25 години, државјанки на Република Македонија, кои се во добра психофизичка и општа здравствена состојаба, кои...

Нема спојување на новогодишните и на божикните празници

Не се предвидени спојувања на деновите за новогодишните и за божикните празници, информираат од Министерството за труд и социјална политика. „Во согласност со Законот за празниците на Р. Македонија, кај нас нема да има спојување на празниците околу Нова година и Божик“, се  вели во соопштението. Министерството за труд и социјална политика информира дека неработни денови ќе бидат 1 јануари (четврток)...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...