fbpx

Почна регистрацијата на сурогат-мајки

-

Денеска во Министерството за здравство почна постапката за пријавување во регистарот за гестациски носители, со што почна да се реализира проектот за сурогат-мајчинство во Македонија. Министерството ќе води и регистар на брачни двојки кои се заинтересирани за оваа постапка.

Сурогат-мајки може да бидат жени постари од 25 години, државјанки на Република Македонија, кои се во добра психофизичка и општа здравствена состојаба, кои мора да бидат мајки на најмалку едно дете. Во регистерот за брачни двојки може да се забележат лица што имаат или машки или женски стерилитет, доколку жената нема или, пак, има оштетена матка и јајници. Но, сурогат-мајка може да бараат и брачни двојки кои имаат најмалку три неуспешни бремености.

Брачните двојки треба да се обратат до Министерството за здравство со барање за увид во регистерот за избор на гестацискиот носител. Двојката ја избира жената што ќе го роди нејзиното дете. Улогата на Министерството за здравство во оваа фаза е да ја гарантира законитоста на постапката, но не и да се вклучи во поврзување на гестацискиот носител со брачната двојка.

За почнување на процесот се доставува писмено барање до архивата на Министерството. Воедно, за да поче постапката, потребно е сите учесници да се согласат со давање пимена изјава заверена на нотар. Министерсвото, по добивање на писменото барање, ќе утврди дали се исполнети сите услови и писмено ќе ги извести барателите. Потоа се склучува договор со кој се регулираат меѓусебните односи.

Брачната двојка може да ја повлече согласноста сè додека ембрионот не е внесен во матката на жената, а најдоцна два дена пред почнување на таа постапка.

Според Законот, брачната двојка има право да побара најмногу двапати да се поведе постапка за сурогат-мајчинство, а гестацискиот носител може да роди само едно живо дете.

Породилно отсуство му следува и на гестацискиот носител и на жената што се заведува како мајка на детето, со тоа што сурогат-мајката има право на породилно отсуство од 45 дена од денот на раѓањето на детето, а жената од брачната двојка остварува породлно отсуство како да го родила детето.

Пред спроведување на постапката на внесување на ембрионот во матката на жената која е гестациски носител, задолжително е претходно заедничко психолошко советување на брачната двојка и на потенцијалниот гестациски носител во времетраење од три месеци, при што ќе се одржуваат најмалку две средби месечно, како и задолжително правно советување на двете страни.

Се предвидува Фондот за здравство на сурогат-мајката месечно да ѝ исплаќа финансиски надомест во висина од една просечна плата во земјава, која би ја користела за правилна исхрана, лекови, прегледи и слично. За примање паричен надмест и од семејството и еден вид изнудување, предвидени се строги санкции.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...