fbpx
Таг: акција

таг: акција

ДУИ: Граѓаните да останат мирни и да не подлегнуваат на дезинформации

Од Демократската унија за интеграција велат дека со голема загриженост ги следат денешните случувања во Куманово и апелираат до граѓаните за ладнокрвност и да не подлегнуваат на какви било провокации. „Демократската унија за интегрaција смета дека денешните настани во Куманово, но и тие претходните во Гошинце и експлозијата пред седиштето на ДУИ, како и други, се дејства што се во...

Во полициска акција кај Гошинце, пронајдено е украденото оружје

Полициските сили изутринава во селото Малино Маало ги пронашле и ги одзеле оружјето и муницијата што во вторникот биле украдени при нападот на полициската караула во Гошинце, јавува „Прес 24“ , повикувајќи се на извори од МВР. Полициските сили, по претходни сознанија дека во овој предел се наоѓаат лица поврзани со нападот во Гошинце, извршиле претрес на повеќе куќи. Акцијата е во...

Град Скопје и Општина Гази Баба утре почнуваат голема акција за чистење

Градот Скопје, Општината Гази Баба и Факултетот за земјоделски науки и храна утре ќе почнат голема акција за чистење и за уредување на јавните пешачки и зелени површини по должина на булеварот Александар Македонски. Акцијата ќе почне на аголот меѓу булеварот Александар Македонски и 16 Македонска бригада, а причината за оваа акција е Денот на планетата Земја, кој се одбележува...

Груевски денеска давал исказ за акцијата „Пуч“

Премиерот Никола Груевски денеска бил повикан во Јавното обвинителство за организиран криминал за да даде исказ како оштетен во аферата „Пуч“, јавува телевизијата „Алфа“. Во четврток пред обвинителот за организиран криминал исказ треба да даде Зоран Заев, кој е осомничен дека со компромитирачки материјали, што ги добивал од Верушевски, го уценувал премиерот Груевски. МВР кривично го гони Заев за насилство врз претставници на...

Фирми од Охрид кои продавале фалсификувана стока добиле глоба од 35.000 евра

Со асистенција на СВР Охрид, денеска во Охрид и во Струга беше спроведена акциска контрола од Координативното тело на Република Македонија за заштита на интелектуалната сопственост, на авторските права и права од индустриска сопственост. Акцијата беше реализирана во координација со пазарната инспекција, Управата за јавни приходи, Агенцијата за електронски комуникации и Агенцијата за радиодифузија. „Контролата е извршена во вкупно 10 фирми,...

Во полициска акција запленети повеќе од 100 килограми марихуана

Во полициска акција, екипи на МВР заплениле повеќе од 100 килограми марихуана, пренесуваат медиумите. Од МВР ја потврдиле информацијата, а повеќе детали за акцијата ќе бидат соопштени на прес-конференција, закажана за денеска во 12 часот.

Акција за чистење на просторот во индустриската зона Визбегово

Град Скопје и јавните претпријатија, во соработка со Здружението на стопанственици на индустриската зона Визбегово, почнаа акција за чистење и уредување на просторот во оваа зона, покрај Јадранската магистрала (Качанички пат). - Градот Скопје посветува големо внимание на индустриските зони во Скопје и оваа акција произлегува од одличната соработка што ја имаме со Здружението на стопанственици на индустриската зона Визбегово. Ние редовно...

Успешна хуманитарна акција во училиштето „11 Октомври“

Во основното училише „11 Октомври“ од Скопје, денеска се одржа хуманитарна акција за поплавените подрачја. Учениците од ова училиште собираа парични средства, конзервирана храна, средства за хигиена и сè што им е потребно на настраданите. Според директорката на училиштето, Даниела Костадинова, преку оваа хуманитарна акција учениците повторно ја покажаа хуманоста на дело. - Донираа парични средства, конзервирана храна и средства за хигиена...

Полициска акција по пукањето во Марсеј

Во Марсеј попладнево била спроведена полициска акција откако имаше пукања со пушки калашников во една од проблематичните населби, соопштија француските власти, кои додаваат дека во акцијата немало жртви. Нападот и полициската акција се случуваа неколку часа пред доаѓањето во Марсеј на францускиот премиер Мануел Валс. Освен премиерот, во посета на градот се и министерот за внатрешни работи, Бернар Казнев, и министерот за образование, Нажа Вало-Беласкем. Специјалните...

„Студентски пленум“ со акција за помош на настраданите во поплавите

„Студентски пленум“ денеска испрати апел за хуманитарна помош на настраданите во поплавите. „Сочувствуваме со семејствата чии домови беа поплавени, семејства кои најверојатно нема да може да заработат за леб поради поплавените земјоделски поседи, оние на кои животот им е загрозен. Ве повикуваме да се солидаризираме со настраданите семејства од поплавените региони во нашата држава. Со таа цел, утре (петок, 6 февруари) со почеток во 10...

Хуманитарна акција во ООУ „Александар Македонски“ за настраданите од поплавите

Во ООУ „Александар Македонски“, денеска и утре, ќе се организира хуманитарна акција за собирање чиста вода и средства за хигиена, наменети за населението во поплавените подрачја низ Македонија. Собраните средства, во соработка со Црвениот крст, ќе се донираат на потребните места.

Одреден притвор за уште двајца од осомничените во „Пуч“

Скопскиот Кривичен суд, по распитот пред судија во случајот „Пуч“, на второосомничената, Соња Верушевска, сопруга на првообвинетиот, и на третоосомничениот, Бранко Палфиров, функционер во Општина Струмица, им одреди 30-дневен притвор. На четвртообвинетиот во овој случај, Зоран Заев, одредена му е мерка за претпазливост, одземање на пасошот и треба еднаш неделно да се пријавува во струмичкиот суд. Според МВР, со полициската акција „Пуч“ спречен е обид...

Акција на МВР во Западна Македонија

Во тек е акција на Секторот за организиран криминал при МВР во Западна Македонија. Акцијата ја потврди и портпаролот на МВР, Иво Котевски.  

Македонците од Србија со хуманитарна акција по повод роденденот на Тоше

Форумот на млади Македонци во Србија, по повод роденденот на големата македонската и балканска ѕвезда Тоше Проески, традиционално, на 24 и на 25 јануари, ќе организира хуманитарни активности. Оваа година средствата што ќе бидат собрани ќе бидат наменети за Националното здружение на родители на деца заболени од рак – НУРДОР во Белград. В сабота, на 24 јануари, на Студентски трг во...

Македонската и полициите на уште три европски земји во конечна пресметка со „Франкфурт-мафија“

Голема криминална група, која внесувала и продавала хероин во земјите од ЕУ, е разбиена во заедничка акција на полициите од четири европски држави. Уапсени се речиси 400 осомничени членови на групата и запленети се 100 килограми хероин и помали количества кокаин, марихуана и пари во текот на истрагата, која траела од 2010 година, соопшти Европол. Во операцијата учествувале полициите на...

МВР запленило 350.000 парчиња пиротехника на Бит-пазар

Екипи на МВР вчера заплениле околу 350.000 парчиња разновидни пиротехнички средства од импровизирани тезги на скопски Бит-пазар, информираат од Министерството. Акцијата била спроведена по добиени оперативни информации од единицата за недозволена трговија, а петардите и другите пиротехнички средства биле запленети од две имровизирани тезги на Бит-пазар. - Исто така, изминатата недела, постапувајќи во рамки на овој вид активности, Единицата за недозволена...

Сиднеј: Полицијата почна акција за расчистување на заложничката драма

Австралиската полиција упадна во сиднејското кафуле „Линд“, каде вооружен маж држи околу 40 лица како заложници . Како што јавуваат локалните медиуми, пукотници се слушаат околу кафулето, а пет лица успеале да го напуштат кафулето пред полицијата да упадне во локалот. Five more hostages escape #SydneySiege as explosions and gunfire are heard http://t.co/sfWxWNXuTD pic.twitter.com/IiGsAh7tP8 — LBC (@LBC) December 15, 2014 #Sydneysiege : police...

Терористички напад во Грозни, убиени седум напаѓачи

Седум терористи и шест полицајци се убиени, откако група напаѓачи утрово нападнале полициска станица во главниот град на Чеченија, Грозни, а потоа се засолниле во издавачка куќа во центарот на градот, пренесуваат руските медиуми. Речиси половина од осумкатницата, во која е сместена издавачката куќа, е запалена во операцијата на антитерористичките единици, предводена лично од претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров. Како што...

Само тројца во притвор од 14 приведени во акцијата „Јагула“

Најголемиот дел од осомничените што вчера беа приведени во полициската акција „Јагула“ во Охрид, се пуштени да се бранат од слобода. Во текот на вчерашниот ден и изминатата ноќ, тие беа изведени пред судија на предходна постапка, во Основниот суд Скопје 1. Мерката притвор им е определана само на поранешниот градоначалник Александар Петрески и на уште тројца раководители на сектори од...

Трајановски и Меџити ќе присуствуваат на акција за чистење во Чаир

Денеска, во 13 часот, на булевар Цветан Димов (во близина на супермаркетот „Веро“), градоначалниците на Град Скопје и на Општина Чаир, Коце Трајановски и Изет Меџити, ќе присуствуваат на акција за чистење што се спроведува во оваа општина. По посетата на терен, градоначалниците ќе присуствуваат на средба со урбаните и со месните заедници од Општина Чаир, како дел од единаесеттиот...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...