fbpx
Таг: акција

таг: акција

УЈП затвори шест нелегални обложувалници во Струга, Кичево и во Дебар

Полициски екипи и инспектори на Управата за јавни приходи (УЈП) во средата оваа недела, извршиле контрола во осум обложувалници во Струга, Кичево и во Дебар и во шест од нив констатирале дека организаторите на игри на среќа работат без лиценци, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради незаконско работење, од обложувалниците, инспекторите на УЈП одзеле пари, телевизори, компјутери, монитори, печатачи...

Запленети фалсификувани шампони и патики во Тетово

Десет фирми во Тетово продавале и дистрибуирале фалсификувани производи, откри полицијата при денешната координирана акција со Управата за јавни приходи (УЈП), Државниот пазарен инспекторат и со Царинската управа. Во акцијата, меѓу другото, биле запленети фалсификувани патики и шампони. - Целта на ваквите акции е да се отстрани оваа незаконска појава, но и да се заштитат потрошувачите - изјави претседателот на Координативното...

Од Средоземно Море спасени повеќе од 250 бегалци

Повеќе од 250 бегалци биле спасени денеска во меѓународните води кај Либија, изјавил претставник на организацијата Лекари без граници. Според неговите зборови, бегалците биле спасени во две одвоени акции. Во едната спасени биле 130 луѓе, а во другата 127, меѓу кои имало жени и деца. По нивното спасување, тие биле префрлени во Италија. Во заедничка операција на бродови на земјите на...

Карпош 4 собира потписи за спас на зеленилото, Јакимовски „дава“ поддршка

Жителите на општина Карпош почнаа да собираат потписи за да го запрат процесот на донесување на деталниот урбанистички план (ДУП) за населбата Карпош 4, кој предвидува згради и паркиралишта на местото на зеленилото што ќе биде уништено. Целта на акцијата е враќање на деталниот план во фаза на анкета и на јавна расправа, за жителите да можат да учествуваат во одлуките на Општината. Акцијата...

За измама со лекови, во Романија се уапсени 12 лекари и фармацевти

За измами со лекарства платени од државни пари, најмалку 13 лица, меѓу кои 12 лекари и фармацевти, се уапсени во Романија. Според обвинението, нанесена е штета на државниот буџет од околу два милиони евра. Според полицијата, криминалната група била координирана од Титу Сгарчиту, кој моментално се наоѓа во затвор. Меѓу уапсените е и сопругата на Сгарчиту, која е сопственичка на...

Откриена мала плантажа со канабис кај кичевското село Туин

Полициските службеници од полициската станица во Кичево пронајдоа вкупно 160 садници од растението канабис при акција реализирана на различни локации кај местата Башоски нивје и Таироски нивје во атарот на кичевското село Туин. Акцијата за одземање следувалa по претходни оперативни сознанија дека на подрачјето на кичевското село Туин има неколку парцели со добро затскриени насади со стебла во различна големина...

Европејците им посакаа добредојде на бегалците

Европејците им посакуваат добредојде на бегалците. Во голем број европски градови денеска се одбележува Денот на акцијата, ден за изразување солидарност со илјадниците бегалци. Вакви настани имаше во Лондон, Берлин, Виена, Даблин, Лисабон, Атина, Ница. „Време е да прозбориме против смртоносните граници кренати во наше име. Сакаме да ја покажеме, заедно со илјадниците други луѓе во Европа, својата солидарност со тие што бегаат...

Кривична пријава против 43 лица во акцијата „Гора“

Во рамки на организираната акција „Гора“, МВР до надлежното јавно обвинителство поднесе нова кривична пријава против 43 лица од Скопје и од Скопско, поради основан сомнеж дека ги злоупотребиле службената положба и овластувања, како и дека фалсификувале службена исправа, односно фалсификувале или уништувале деловни книги. Врз основа на наплата за наводно извршена ознака за сеча во износ од 300 денари за еден кубен метар за...

Амбасадата на САД ја поздрави акцијата на МВР

Амбасадата на САД во Скопје ја поздрави акцијата „Ќелија“ на Министерството за внатрешни работи што беше изведена утрово, за апсење лица кои биле дел или регрутирале борци за учество во воените конфликти во Сирија и на Блискиот Исток. „Информирани сме дека оваа операција беше резултат на една долготрајна и внимателна истрага од полицијата, разузнавачките служби и од канцеларијата на јавниот...

МВР: Три локали во Охрид претерале со гласна музика

Изминативе денови Секторот за внатрешни работи Охрид и инспекциските служби на локалната самоуправа, спровеле акција во повеќе локали во градот и во три од нив констатирале надминување на граничните вредности на дозволената бучава и нарушување на јавниот ред и мир. „Во три угостителски објекти мерењата со помош на апарат - фонометар, покажаа надминување на граничните вредности на дозволена бучава и...

Разбиена криминална група во рамки на акцијата „Мрежа“

На 23 овој месец, по спроведена повеќемесечна истрага, секторот за недозволена трговија со дрога при одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал реализираше случај на недозволена трговија со наркотична дрога, при што во моментот од слобода се лишени пет лица, македонски државјани, сите членови на криминална група, соопштија од МВР. Според досегашните документирани сознанија, оваа криминална група подолг временски период се...

Парични глоби и привремено затворање на осум деловни објекти во Охрид

Управата за јавни приходи (УЈП) во Охрид изрече парични глоби и привремено затвори осум деловни објекти во Охрид. Во акцијата, спроведена викендов, инспекторите констатирале неправилности во работењето. Поради неиздавање фискални сметки, им биле изречени глоби и мерка привремено затворање во период од 15 дена, а дополнително кај уште два деловни субјекти било утврдено дека се продаваат алкохолни пијалаци без бандероли. Управата за...

Полициска акција за откривање лица кои криумчареле мигранти

Од утрово полицијата спроведува голема акција за разбивање криминална група која илегално транспортирала мигранти во кумановскиот регион. Осомничените криминалци спроведувале поголеми групи мигранти од земјите на Блискиот Исток и на Северна Африка, кои ги преземале од Грција и ги транспортирале до земјите на ЕУ преку територијата на Македонија. Од Министерството за внатрешни работи не даваат повеќе информации и посочуваат дека детали за акцијата...

Од утре до 21 јуни во Охрид акцијашки средби и збратимувања

Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ од Охрид, вторпат, и оваа годинава, од утре до 21 јуни, организира акцијашки средби на стотина поранешни акцијаши од Белград, Скопје , Куманово и од Охрид. Пред 30 години тие дирекно учествуваа во изградбата на водоводот од Охрид до хотелот „Метропол“, потоа патот Охрид – Ресен, како и на ископувањето на Античкиот амфитеатар во Охрид....

Општина Тетово почна да издава тезги под закуп во центарот на градот

Општина Тетово почна да издава тезги под закуп во централното градско подрачје, откако деновиве спроведе акција за остранување на дивите тезгеџии. Покрај градската библиотека, веќе се поставени шест тезги, а се планира ист број вакви тезги да има и на градскиот плоштад. - Ја поздравуваме ваквата одлука на Општина Тетово. Сега тезгите каде ја продаваме стоката се регуларни и нема потреба да...

Презентација на налепницата „Мисли на велосипедистите“

  Посебна налепница „Мисли на велосипедистите“ која има цел да ја подигне свеста на возачите за поголема безбедност на велосипедистите во сообраќајот, ќе биде презентирана денеска, во рамки на акцијата „Со велосипед на пат низ целиот град“. Акцијата ја организираат Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со Автомото-сојузот на Македонија, кои ќе ги стават и првите налепници на возилата.

МВР во Ваксинце најде 128 мигранти и еден осуденик за убиство од 2001 година

Во денешната акција, екипи на одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи (МВР) извршиле претреси во десетина објекти во кумановското село Ваксинце и откриле вкупно 128 мигранати, кои нелегално престојувале во дел од нив, соопшти на прес-конференција помошникот-министер за односи со јавноста на МВР, Иво Котевски. Најголем дел од мигрантите потекнувале од Сирија, Ирак и...

На народниот правобранител не му било дозволено да влезе во затворот во Шутка

Притворениот полицаец бил малтретиран и измачуван од своите колеги при полициската акција во Куманово, информираше денеска народниот правобранител Иџет Мемети, кој обелодени дека во акцијата, меѓу приведените од групата терористи, имало и полицаец кого колегите при носење во затвор го малтретирале. „Имаме сознанија дека над еден приведен е сторено кривично дело мачење. Се работи за државјанин на Република Македонија, кој бил...

МВР објави нова видеоснимка од апсењето на терористите во Куманово

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска објави нова видеоснимка од акцијата за разбивање на терористичка група во кумановското Диво Насеље, што се одвиваше во саботата и во неделата. На снимката, според МВР, се гледа предавањето на дел од терористите на полициските сили. https://www.youtube.com/watch?v=D9Hy9FHb4tk

МВР објави уште една видеоснимка од полициската акција во Куманово

Министерството за внатрешни работи објави уште една видеоснимка од вчерашната акција за разбивање за терористичката група во кумановското Диво Насеље. https://www.youtube.com/watch?v=-FZu_DEPqxw

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...