fbpx

Кривична пријава против 43 лица во акцијата „Гора“

-

Во рамки на организираната акција „Гора“, МВР до надлежното јавно обвинителство поднесе нова кривична пријава против 43 лица од Скопје и од Скопско, поради основан сомнеж дека ги злоупотребиле службената положба и овластувања, како и дека фалсификувале службена исправа, односно фалсификувале или уништувале деловни книги.

Врз основа на наплата за наводно извршена ознака за сеча во износ од 300 денари за еден кубен метар за одобрена вкупна дрвна маса за сеча, првопријавениот Т.А стекнал противправна имотна корист во износ од 825.420 денари.

Другите 42 пријавени лица се товарат дека со легализирање на бесправно исечената дрвна маса, сопственост на трети лица, и на дрвна маса од шумскиот фонд на Македонија, сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353 во врска со кривично дело помагање од чл. 24 од кривичниот закон.

На пријавениот Т.А, судија за претходна постапка од Основен суд Скопје 1 му изрече мерка притвор во времетраење од 30 дена.

Бројот на откриени и на процесирани кривични дела поврзани со незаконска сеча на шуми во текот на минатата година е зголемен за 50 проценти во однос на 2013 година.

Имено, лани се поденесени 81 кривична пријава против 86 сторители поради сомнежи за пустошење шума, кражба на шума, напад на службено лице при вршење работи од безбедноста, спречување службено лице при вршење службено дејство и злоупотреба на службена положба и овластување.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...