fbpx

Фирми од Охрид кои продавале фалсификувана стока добиле глоба од 35.000 евра

-

Со асистенција на СВР Охрид, денеска во Охрид и во Струга беше спроведена акциска контрола од Координативното тело на Република Македонија за заштита на интелектуалната сопственост, на авторските права и права од индустриска сопственост. Акцијата беше реализирана во координација со пазарната инспекција, Управата за јавни приходи, Агенцијата за електронски комуникации и Агенцијата за радиодифузија.

„Контролата е извршена во вкупно 10 фирми, од кои кај осум се регистрирани незаконитости. На одговорните лица им се изречени глоби, а одземени им се два ресивери и поголемо количество патики и други обувки од повеќе марки“, информираат од СВР Охрид.

– На кабелски оператор во Струга, одземена му е опрема со која незаконски емитувал програма и изречена му е глоба од 2.000 евра. Во Охрид, пак, од четири фирми одземено е поголемо количество обувки од познати марки и изречена им е глоба во висина од 35.000 евра – изјави Мите Костов, првиот човек на Координативното тело за заштита на интелектуалната сопственост, на авторските права и права од индустриска сопственост.

Костов додаде дека со акциите што ги спроведуваат надлежните служби во континуитет, пиратеријата во Макдонија е намалена за околу 40 проценти.

По завршување на судската постапка против прекршителите, одземената стока ќе биде јавно уништена во согласност со законот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...