fbpx
Таг: Собрание

таг: Собрание

Нема процена, ама грбот ќе биде евтин

Надлежните немаат направено анализи колку ќе ги чини граѓаните најавената промена на државниот грб, односно колку пари ќе бидат издвоени од буџетот за промените во делот на она што значи употреба на грбот. Наспроти уверувањата од Владата дека граѓаните нема да имаат дополнителни трошоци за замена на личните документи со нови, кои ќе го содржат новото решение на државниот грб,...

Усвоен предлог-деловникот за работа на Комисијата за надзор на УБК

На денешната прва седница на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, без расправа, едногласно, беше усвоен предлог-деловникот за работа на Комисијата. На седницата беше присутен и директорот на Агенцијата за разузнавање, Наќе Чулев. Комисијата за својата работа најмалку еднаш годишно поднесува извештај до Собранието на Република Македонија. Инаку, Комисијата за надзор над работата...

Вељаноски: Зошто на Дескоска никој не ѝ кажал дека и СДСМ не сакаше да бидат одземени мандатите

Македонскиот законодавен дом ќе функционира единствено и само врз основа на правните прописи, реагира претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, на обвинувањата од СДСМ дека тој противзаконски не им ги потврдил оставките на мандатите на пратениците од оваа партија. „Енигма е зошто на госпоѓа Десковска досега не ѝ кажале дека одложувањето на седницата за верификација на оставките на дел од пратениците на СДСМ беше со...

ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците од СДСМ да ги вратат платите

За една година, 31 пратеник од СДСМ и од коалицијата ќе земат повеќе од 24.180.000 денари. Тие за тоа, пак, не почувствуваа одговорност да се појават на своите работни места, се вели во соопштението од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. „Еден пратеник од СДСМ за една година ќе земе повеќе од 780.000 денари, а воопшто не чувствуваат одговорност и потреба да се појават на своето...

Дескоска: Вељаноски, констатирај ги оставките!

Ова што се случува во Собранието наликува на пародија. Собранието ќе оценувало дали пратениците од опозицијата, кои се во оставка, се оправдано или неоправдано отсутни!, истакна на денешната прес-конференција Рената Дескоска, членка на ИО на СДСМ. - Станува збор за трагикомичен обид на собранискиот спикер да го маскира кршењето на Уставот кое тој самиот го стори во период од повеќе од...

Груби: СДСМ нема преку ДУИ и Ахмети да дојде на власт

Опозицијата да не се надева дека на власт ќе дојде преку ДУИ и Али Ахмети, туку да се врати во парламентот, рече денеска пратеникот од ДУИ, Артан Груби, на седницата на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, на која се донесе предлог-одлука за одземање на мандатите на опозициските пратеници кои ја бојкотираат работата на Собранието. - Од 2002 година до денес, и...

Собраниската комисијата достави предлог да им се одземат мандатите на пратениците од опозицијата

Комисија за мандатно-имунитетни и деловнички прашања во Собранието на Република Македонија донесе одлука, на Собранието да му предложи да им се одземат мандатите на пратениците од опозицијата поради тоа што не се појавиле на работа повеќе од шест месеци. Овој предлог Комисијата треба да го достави до претседателот на Собранието, кој според Деловникот треба да го стави на гласање на...

Собранието расправа за секој пратеник одделно

Почна Комисија за мандатно-имунитетни и деловнички прашања во Собранието на Република Македонија на која се разгледува прашањата за нередовноста на пратениците од опозицијата, јави репортерот на новинската агенција „Мета“. На седницата како што јави нашиот репортер се распарава за секој пратеник одделно.  

Денеска ќе се одлучува за мандатите на пратениците

Комисијата  за мандатно-имунитетни и деловнички  прашања денеска ќе решава за опозициските мандати. Според деловникот, членовите на комисијата треба да донесат предлог дали пратениците кои шест месеци не се појавиле во Собранието се оправдано или неоправдано отстутни. Според правилата, собранискиот спикер потоа треба да го стави предлогот на дневен ред на првата наредна собраниска седница. За да се одземе пратенички мандат, потребно...

Пратениците го изгласаа предлогот за зголемување на минималната плата

Пратениците на денешната седница на Собранието на Република Македонија го изгласаа предлог-законот за минимална плата. Со овој предлог-закон минималната плата се зголеми од 8.050 денари на 8.800 денари. Исто така, со овие измени се донесе и континуирано зголемување на минималната плата до 2016 година, така што во 2015 година минималната плата треба да изнесува 9.590 денери, додека во 2016 година...

Само докторите-специјалисти од Скопје ќе добијат поголеми плати

По кој критериум докторите-специјалисти од Клиничкиот центар во Скопје и од болницата „8 Септември“ ќе добијат зголемување на платата, а оние доктори што работат во внатрешноста нема? Ова прашање го постави пратеничката Роза Топузова-Каревска од Либерално демократската партија на собраниската седница наменета за пратенички прашања. Прашањето беше наменето за министерот за здравство, Никола Тодоров, но тој не беше присутен на...

На дневен ред во Собранието се пратенички прашања

На дневен ред на денешната 23. седница на Собранието на Република Македонија се пратенички прашања. Вообичаена практика е секој последен четврток од месецот да се поставуваат пратенички прашања.

Бојкотот на пратениците, поинтересен од донесувањето закони

Извештајот се однесува на известувањето на 10 национални медиуми во кои се спомнуваат пратениците и Собранието
Во период од 1 до 31 октомври, медиумите најчесто го споменувале Собранието во контекст на пошироките политички случувања, враќањето на пратениците на ДПА во Собранието, бојкотот на опозицијата предводена од СДСМ и процедурата за одземање на мандатите на опозициски пратеници. Значително помалку се информирало конкретно за дебатите, за донесувањето на законите и законските измени и за аргументите кои се изнесуваат...

Изградба, работи, евра: Најчести зборови во Собранието

Изградба, работи, евра, извештајот, денарот, Владата, Европската, дополнување, комисија, страна, заштита инвестиции, милиони, граѓаните, проект, систем, предвидени, измени – се само некои од 200 најкористени зборови во Собрание на осум пленарни седници и една седница на Комисијата за европски прашања одржани во месец октомври. Зборовите се појавуваат со анализа на фреквенцијата на нивното користење врз основа на стенографските белешки од...

Чичек: Со Македонија имаме стратегиски врски

Mирот во регионот зависи од стабилноста на Македонија. Mакедонија е срцето на Балканот, изјави претседателот на Големото национално Собрание на Турција, Џемил Чичек, по средбата со претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски. - Македонија и Турција имаат длабоки историски и културни врски. Нашите односи не се темелат на дневнополитичка основа, туку станува збор за стратегиски врски. Затоа Турција ги...

Средба на парламентарните групи на Македонија и на Турција

Претседателот на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентот на Република Турција, Кенан Хасипи, оствари средба со делегација на Големото национално собрание на Република Турција, предводена од претседателот, Џемил Чичек. На средбата присуствуваа и членовите на пратеничката група: Силвана Бонева, Амди Бајрам, Јамин Синани и Газменд Алији. Беше изразена благодарност за поддршката што Турција ѝ ја дава...

Претседателот на Големото турско собрание, Џемил Чичек, денеска во Македонија

Денеска во официјална посета на Македонија ќе престојува претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Џемил Чичек. Ова е возвратна посета откако во јуни годинава неговиот денешен домаќин, претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељаноски, престојуваше во Турција. Во рамките на посетата, Чичек ќе биде примен и од претседателот Ѓорге Иванов. Попладне, Чичек, заедно со другите членови на делегацијата, ќе го посети...

Пратеници во Собранието му пишаа на реисот на ИВЗ: Македонците муслимани се реалност

Пратениците Фатмир Имеровски, Нола Исмаjлоска и Алим Билали, денеска испратија писмо до реисот на ИВЗ, Сулејман Реџепи. Писмото ви го пренесуваме во целост: „Почитуван Реису, Дозволете ни како верници, но и како пратеници во Собранието на Република Македонија, избрани и поддржани токму од Македонците муслимани, директно и недвосмислено да Ви укажеме на заблудата или лошата намера со која живеете. Македонците муслимани се...

Денеска три собраниски комисии

Во републичкото Собрание, за денеска се закажани седници на Комисијата за транспорт и врски, Комисијата за екологија, Законодавно-правната комисија и на Комитетот за односи меѓу заедниците. Комисијата за транспорт треба да одржи две седници со расправи за предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за продажба и за давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, во...

Собраниска седница на Комисијата за финансирање и за буџет

Седница на Комисијата за финансирање и за буџет денеска ќе се одржи во Собранието на Република Македонија. На дневен ред се измените на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, на Законот за јавни набавки и на Законот за користење и за располагање со стварите на државните органи, сите во второ читање. Комисијата ќе ги разгледа и предлог-законот за затворање на...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...