За една година, 31 пратеник од СДСМ и од коалицијата ќе земат повеќе од 24.180.000 денари. Тие за тоа, пак, не почувствуваа одговорност да се појават на своите работни места, се вели во соопштението од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

„Еден пратеник од СДСМ за една година ќе земе повеќе од 780.000 денари, а воопшто не чувствуваат одговорност и потреба да се појават на своето работно место. Ниту еден граѓанин во Македонија не се однесува вака неодговорно како Рената Тренеска-Дескоска и нејзините колеги пратеници од СДСМ и од коалицијата“, се вели во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваат Рената Тренеска-Дескоска и нејзините колеги од СДСМ, ако навистина го мислат тоа што го зборуваат, да ги вратат сите пари што ги имаат подигнато на име надоместок за пратеничка плата.