Груби: СДСМ нема преку ДУИ и Ахмети да дојде на власт

-

Опозицијата да не се надева дека на власт ќе дојде преку ДУИ и Али Ахмети, туку да се врати во парламентот, рече денеска пратеникот од ДУИ, Артан Груби, на седницата на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, на која се донесе предлог-одлука за одземање на мандатите на опозициските пратеници кои ја бојкотираат работата на Собранието.

– Од 2002 година до денес, и едната и другата партија се обидуваа да дојдат на власт преку ДУИ. За жалење е тој напор бидејќи на власт се доаѓа со добра понуда. Мандатот на пратеникот е силен, зад него стојат 7.000 до 10.000 гласачи. Пратениците на СДСМ, со тоа што ја бојкотираат работата на Собранието, не ја уважуваат волјата на овие гласачите за што ќе бидат казнети на следните избори, кога и да се случат – рече Груби.

Тој уште еднаш ги повика пратениците на опозицијата да се вратат во Собранието.

На говорот на Груби, со соопштение реагираа од СДСМ.

– Навистина е штета за пратеникот од ДУИ, Артан Груби, што заврши конкурсот за  директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ. Во согласност со ставовите и со замислувањата што ги презентира Груби во јавноста, тој би бил одличен потенцијал за оваа позиција во ВМРО-ДПМНЕ – пишува во соопштението на опозицијата.

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката интелигенција. Алтман,...

МОН разви мобилна апликација за родителите да имаат увид во образованието на нивните деца

Родителите и старателите на учениците од сега до електронскиот дневник ќе можат да пристапат и преку мобилна апликација развиена од Министерството за образование и наука (МОН). За новата апликација „Е-дневинк“ денеска на...

Сезона на вештерство во новото продолжение на Диабло 4

Новата сезона на Diablo 4: Season of Witchcraft е седмата сезона од играта која ги имплементира сите најфункционални механики до сега. Самата сезона се занимава со Witchcraft односно „вештерство” како имагинарна...

Македонија 12 места подолу на индексот на перцепција на корупцијата

Со 40 поени од вкупно 100, Северна Македонија годинава се најде на 88. место од 180 земји според најновиот Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл (ТИ). На скалата каде 0...

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката...