Само докторите-специјалисти од Скопје ќе добијат поголеми плати

-

По кој критериум докторите-специјалисти од Клиничкиот центар во Скопје и од болницата „8 Септември“ ќе добијат зголемување на платата, а оние доктори што работат во внатрешноста нема? Ова прашање го постави пратеничката Роза Топузова-Каревска од Либерално демократската партија на собраниската седница наменета за пратенички прашања. Прашањето беше наменето за министерот за здравство, Никола Тодоров, но тој не беше присутен на седницата и наместо него, одговор на прашањето даде заменикот-министер, Јовица Андовски. Тој истакна дека во мај оваа година, сите доктори добиле зголемување на платите за 19,2 проценти.

– Мене навистина не ми е јасно, како може едни доктори да добијат зголемување на платата, а други не. Кои критериуми ги употребивте кога ја носевте оваа одлука? Не сакам да ме разберете погрешно, мене ме радува тоа што конечно докторите нема да земаат плата како државна администрација, но не знам зашто платата им е зголемена само на докторите во Скопје. Ако сакате некои доктори да ги наградите затоа што работеле многу, дајте им награда на основната плата. Пред неколку минути, премиерот Никола Груевски, одговарајќи на претходното прашање, рече дека не треба да се дискриминираат студентите од внатрешноста. Зголемување на платите само на докторите од Скопје, не е дискриминација? – праша пратеничката Топузова-Каревска.

Пратеничката не беше задоволна од одговорот на заменик-министерот и уште еднаш го постави истото прашање, но побара да добие писмен одговор.

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...