fbpx
Таг: Русија

таг: Русија

ЕУ расправа за продолжување на санкциите кон Русија

Лидерите на Европската унија денеска во Брисел ќе разговараат за тоа дали да се продолжат економските санкции кон Русија поради нејзините акции во Украина. Европски дипломат, кој побарал да остане анонимен, за „Радио слободна Европа“ изјавил дека претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск, работи со Германија и со Франција на предлог за продолжување на санкциите и оти на мета...

Украина бара ОН и ЕУ да испратат мировни сили

Украинската Врховната рада денеска побара од Советот за безбедност на ОН и од ЕУ да испратат мировни сили на истокот на Украина кои ќе бидат распоредени долж линијата на разграничување меѓу украинските и проруските сили. Барањето, за кое се изјаснија 341 пратеник во 450-члената украински парламент, го поднесе претседател на Украина Петро Порошенко. Украинскиот парламент исто така денеска ги прогласи реоните...

ЕУ без нови санкции кон Русија

Лидерите на Европската унија на претстојниот самит во Брисел нема да разгледуваат нови санкции за Русија, соопшти шефот на летонската дипломатија, Едгарс Ринкевичс, чија земја претседава со ЕУ. Ринкевичс по дводневното заседавање на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел наведе дека се спроведуваат првите елементи од договорот од Минск и оти нема потреба од нови санкции. Претходно воведените санкции опфаќаат...

Путин изненадно нареди засилени воени вежби во Русија

Руската Северна флота и падобранските единици денеска почнаа воени вежби во кои учествуваат 38.000 војници, повеќе од 55 воени бродови и подморници и 110 авиони и хеликоптери, соопшти рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу. - Новиот предизвик и закана за воената безбедност бара понатамошно зајакнување на воените капацитети на вооружените сили – изјави Шојгу. Министерот истакна дека рускиот претседател Владимир Путин наредил...

Русија гради гасовод во Македонија?!

Компанијата „Стројтрансгас“ на рускиот бизнисмен Генадиј Тимченко почна да гради крак од магистралниот гасовод Клечовце-Неготино во Македонија, во вредност од околу 75 милиони долари, објави рускиот весник „Комерсант“, кој се повикува на извор кој е запознаен со состојбата. Се работи на првата фаза во должина од 61 километар и со пречник од 508 милиметри, кој ќе овозможи гасот да стигне...

Русија: Имаме право да испратиме нуклеарно оружје на Крим

Една година откако Крим се присоедини со Русија, официјална Москва тврди дека има целосно право да испрати нуклеарно оружје на Крим. „Не знаеме за никакви планови, но, во принцип, Русија тоа може да го направи. Не знам дали има таму во овој момент некакво нуклеарно вооружување“, соопштија од руското министерство за надворешни работи. Црноморското пристаниште Севастопољ значително е поблизу со централниот дел...

НАТО: Русија трупа оружје на Крим

Русија значително ги зголемила своите воени капацитети на Крим од припојувањето на полуостровот во март минатата година и го претвора во платформа за проекција на своите моќи, изјави денеска врховниот комендант на НАТО за Европа, американскиот генерал Филип Бридлав. „Она што можеме да го видиме на дело, најдобро може да се опише како милитаризација на Крим. Тие го зголемија капацитот...

Путин проговори за планот за анексијата на Крим

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека донел одлука за анексија на Крим на ноќен состанок во Кремљ откако поранешниот украински претседател, Виктор Јанукович, бил симнат од власт во февруари 2014 година. - Кога се оддалечивме, на сите им реков: Мораме да почнеме да работиме на враќање на Крим кон Русија - рече Путин во најавата за документарниот филм на оваа тема, кој...

Алексеј Навални пуштен од притвор

Истакнатиот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, денеска е пуштен од притвор во Москва, откако 15 дена мина во затвор поради делење рекламни летоци за протест планиран за 1 март. Ослободувањето на Навални доаѓа една недела по убиството на Борис Немцов. Протестот што го организираше Навални се претвори во комеморативен марш за Немцов, кој бил убиен на 27 февруари во близина на Кремљ.

Грушко: НАТО води хибридни војни

НАТО има долга историја на хибридни операции, изјави постојаниот претставник на Русија во НАТО, Александар Грушко, наведувајќи го примерот со поранешна Југославија. - Секоја држава или организација може да учи од искуствата на Алијансата – рече Грушко по повод честите обвиненија дека Русија води некој вид „хибридна војна“ во Украина, користејќи методи кои немаат воена природа. - Бевме сведоци на добро...

Украинската жена-пилот го прекина штрајкот со глад

Украинската жена-пилот Нада Шевченко, денеска по препорака на лекарите го прекина 83-дневниот штрајк со глад, кој го почна во рускиот затвор. Шевченко, во писмото што протече во јавноста, вели дека го прифатила советот на лекарите и одлучила да ја измени „досегашната тактика за да остане во живот“. Одлуката за прекинот на штрајкот следува по тврдењата на украинските власти дека „нејзината состојба е...

Руски полицаец осуден за шпионирање за САД

Московскиот градски суд денеска осуди руски полициски службеник на 15 години затвор поради шпионски активности во полза на САД. Роман Ушаков е прогласен за виновен за предавство затоа што на Американците им пренел доверливи информации, кои се однесуваат на руското министерство за внатрешни работи. Руското обвинителство како докази ги изнесе пораките со доверливи информации на Ушаков, како и готовината и писмото...

Путин: Полицијата да ги спречи „срамните“ политички убиства

Владимир Путин денеска изјави дека Русија мора да се справи „со срамот и со трагедијата“, како што е убиството на опозицискиот политичар Борис Немцов, а полицијата да ги реши политичките убиства. На средбата со претставниците на руското министерство за внатрешни работи, Путин укажал на штетата за репутацијата на Русија од убиството на владиниот критичар Немцов, кој во петокот е застрелан на само...

Киев: Примирјето почитувано во текот на ноќта

Украинската војска денеска соопшти дека прекинот на огнот е во целост почитуван во текот на ноќта на територијата под контрола на проруските сили во Источна Украина, но предупреди дека проруските сили го користат примијето да се прегрупираат за нови напади. - За да ги залажат преставниците на ОБСЕ, проруските сили ја преместуваат воената опрема од фронот и во текот на...

Бридлав: Следната цел на Русија е Молдавија

Русија, по конфликтот во Украина, би можела да се ориентира кон Молдавија за да го спречи нејзиното преориентирање кон Западот, смета врховниот командант на НАТО за Европа, американскиот генерал Филип Бридлав. Според Бридлав, позиционирањето на руските војници во Придњестровие е показател дека официјална Москва сака да го спречи ориентирањето на Молдавија кон Западот.

ФБИ нуди три милиони долари за руски хакер

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) и Стејт департментот нудат три милиони долари награда за корисна информација за рускиот хакер Евгениј Богачев. ФБИ се сомнева дека тој се сокрил во Русија пред американското обвинение за организирање мрежа хакерски напади, со кои од банкарските сметки собрал повеќе од 100 милиони долари. Властите се надеваат дека рекордната награда за кибер-криминалецот ќе доведе до апсење на...

Русија најави прекин на испораката на гас за Украина

Русија се закани со целосно прекинување на испораката на гас за Украина, доколку официјален Киев во рок од два дена не го плати долгот, соопшти „Газпром“. Директорот на „Газпром“, Алексеј Милер, посочи дека официјален Киев повлекува сè што може да повлече од платените резерви и оти прекинот на испораката за гас за Украина може да предизвика транзитен ризик за Европа.

Британија: Русија е лицемерна за прекинот на огнот во Украина

Велика Британија денеска ја критикуваше Русија заради тоа што не успеала да обезбеди спроведување на примирјето на истокот од Украина, каде и понатаму трае конфликтот помеѓу украинските и проруските сили. „На основа на исксуството од претходните 10 до 12 дена, морам да кажам дека руското ангажирање во процесот во Минск е прилично лицемерно. Тоа е ангажман на хартија, кој е...

Русија продала оружје за повеќе од 13 милијарди долари

Русија минатата година продала оружје во вредност поголема од 13 милијаарди долари, соопшти Сергеј Чемезов, шеф на рускиот конгломерат „Ростек“. Чемезов истакна дека Русија му понудила на Иран да купи антибалистички ракети „антеј-2500“, наместо противавионскиот ракетен систем „С-300“, додавајќи дека Техеран сè уште ја разгледува понудата. Тој додаде дека Русија и Белорусија потпишале договор на саемот за оружје на Блискиот Исток...

Факултет во Москва евакуиран поради дојава за бомба

Московската полиција утринава евакуираше околу 1.000 луѓе од Рускиот универзитет за нафта и гас, поради дојава за поставена бомба. Како што јавуваат руските медиуми, непознато лице се јавило во полицијата и пријавило дека на Факултетот за нафта на југозападот на Москва е поставена бомба. На местото веднаш пристигнала специјалната полиција, која евакуирала 1.000 лица, а со помош на полициско куче, се пребаруваат...

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...