fbpx
Таг: МВР

таг: МВР

СДСМ: Никаква закана нема да го спречи објавувањето на доказите за “Вистината за Македонија“

„Министерството за внатрешни работи, обидувајќи се да го извлече братучедот на Никола Груевски, Сашо Мијалков, од милионскиот корупцискиот скандал поврзан со набавка на опрема за прислушување, сè подлабоко се заплеткува и станува соучесник во реализираниот криминал“, се наведува во реакцијата на СДСМ на денешното соопштение од МВР, во кое оттаму информираат дека Министерството работи на нова кривична пријава против...

Сите наши безбедносни бизниси со Израел

Каква опрема набавило МВР од Израел во 2011 година, а за која стана збор во аудиоснимките што ги објави лидерот на опозцијата, Зоран Заев? Oсвен тврдењата од едната и од другата страна, за тоа нема никаков официјален документ кој би потврдил за што точно се работи. Зоран Заев и СДСМ остануваат на тврдењето дека станува збор за набавка на опрема...

МВР: Заев откри највисока државна тајна

Денешната конструкција на четвртоосомничениот во аферата „Пуч“, Зоран Заев, ги потврдува сомненијата дека основната цел на агентурната мрежа и останатите инволвирани во случајот е рушење на институциите и на безбедносниот систем на Република Македонија, стои во реакцијата на Министерството за внатрешни работи по прес-конференцијата на лидерот на СДСМ. МВР наведува дека осомничените за аферата „Пуч“ очекуваат ослабување на капацитетите и...

Скопјанец фатен додека превезувал 12 илегални мигранти

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднел кривичнапријава против Б.Д. (57) од Скопје, кој вчера на патниот правец Гевгелија - Скопје бил фатен како со комби превезува 12 илегални мигранти со потекло од Авганистан, информира МВР. Според полицијата, скопјанецот се товари за нелегален транспорт на мигранти, а судија на претходна постапка му одредил мерка притвор од 30 дена. Авганистанските државјани се сместени...

Зголемувањето на платите во МВР ќе чини четири милиони евра

Повеќе од 10.000 вработени во Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе бидат опфатени со мерката за усогласување на платите на полициските службеници и на овластените службени лица со тие на службениците во Царинската управа, информира денеска министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за мерката што во неделата, на народниот собир во Штип, ја најави премиерот Никола Груевски. - Во соработка со Македонскиот полициски...

Полициски синдикат: Зголемувањето на платите и „бомбите“ се коинциденција

Полицискиот синдикат и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, утре во 11 часот ќе имаат заедничка прес-конференција на која ќе ги изнесат деталите од мерката за зголемување на платите на униформираните и овластени службеници на МВР, што вчера на собирот на ВМРО-ДПМНЕ во Штип ја најави премиерот Никола Груевски. Ова за „Мета“ го потврди претседателот на Полицискиот синдикат, Тихомир Климовски,...

Полицијата осомничи деветмина за шверц на мигранти

Во изминатите неколку дена, полицијата во седум одвоени случаи открила деветмина македонски државјани, осомничени за шверц на илегални мигранти, соопшти МВР. Против сите деветмина биле поднесени кривични пријави за илегален транспорт на мигранти, а судија на претходна постапка на седум од нив им одредил мерка притвор од осум, односно 30 дена. При реализацијата на случаите, полицијата затекнала вкупно 43 илегални мигранти, од...

Скопјанец осомничен за упад во веб-страницата „Експлоринг Маседониа“

Четириесет и четиригодишен скопајнец бил осомничен дека неовластено упаднал во компјутерскиот систем на компанијата „Некстсенс“, преку кој била уредувана интернет-страницата „Експлоринг Маседониа“ (exploringmacedonia.com), соопшти МВР. Секеторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, против осомничениот А.Т. (44) поднел пријава за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем. Според МВР, во серверската единица на компанијата, нелегално упаднал во јуни минатата година и извршил промена на официјалната...

МВР казни 48 полицајци

Министерството за внатрешни работи минатата недела казни 48 вработени поради сторени повреди во работењето. Како што стои во соопштението од МВР, по претходно спроведена дисциплинска постапка, донесени се решенија против 48 вработени. На 43 вработени им е изречена парична казна, додека за пет вработени изречена е мерка за запирање на постапката.

Откриен нелегален мобилен оператор во стан во Гостивар

Министерството за внатрешни работи во Гостивар откри стан кој практично бил претворен во нелегален мобилен оператор, преку кој бил реализиран меѓународен мобилен сообраќај на црно. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика – Одделение за истраги за компјутерски криминал, ја реализирал криминалистичката обработка „СИМ-бокс“, поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело злоупотреба на СИМ-картички и незаконско детерминирање на...

Јанкулоска не го апси Заев оти таква била процената

Секој случај е сам по себе посебен и е единствен по своите карактеристики и ние правиме процени и анализа во однос на конкретната ситуација, изјави денеска министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, како одговор на новинарско прашање зошто МВР не го аспи лидерот на опозцијата, Зоран Заев, иако против него се поднесени две кривични пријави, од кои една вчера...

Во полициска акција запленети повеќе од 100 килограми марихуана

Во полициска акција, екипи на МВР заплениле повеќе од 100 килограми марихуана, пренесуваат медиумите. Од МВР ја потврдиле информацијата, а повеќе детали за акцијата ќе бидат соопштени на прес-конференција, закажана за денеска во 12 часот.

Заев осомничен за поткуп од 200.000 евра

Министерството за внатрешни работи го сомничи претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за случај на корупција од 200.000 евра. „Пријавениот во периодот од ноември 2013 година до денес, во својство на градоначалник на Општина Струмица, на лице од Струмица директно за себе и за друг, му побарал подарок од значителна вредност во износ пресметан од две евра за еден квадратен метар...

Лани имало двојно повеќе случаи на шверц на мигранти од 2013 година

Минатата година полицијата открила 92 случаи на криумчарење мигранти, двојно повеќе во споредба со 2013 година, а кривични пријави биле поднесени против вкупно 166 лица, покажува статистиката на МВР. Според евиденцијата на МВР, лани 1.750 лица илегално ја минале државната граница, во споредба со 1.132 лица во 2013 година. Од нив најмногу биле од Албанија (624), потоа од Сирија (570), од...

Пронајден женски леш кај Студеничани

Тело на мртва жена е пронајдено во водите на реката Вардар во близина на Студеничани. Како што соопшти полицијата, попладнево околу 14.30 часот, добиле дојава дека во близина на нивите на задругата има леш во распаѓање. Засега не се знае идентитетот на починатата, а полицијата почна истрага која треба да утврди дали станува збор за убиство или за самоубиство.

„Чекан“ удри врз двајца гостиварски полицајци

Двајца полицијаци од Гостивар се упасени во продоложение на акцијата „Чекан“, осомничени дека биле членови на криминалната група што беше разбиена во декември минатата година, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што инфромираат оттаму, станува збор за Р.Б. (39), вработен како полициски службеник во одделение за полиција при полициската станица од општа надлежност Гостивар и Ш.Д. (41), командир...

Полициска акција во Гостивар, уапсен поранешен полициски командир

Синоќа, во голема полициска акција на секторот за организиран криминал во Гостивар, биле уапсени повеќе лица, а меѓу нив и поранешниот командир на гостиварската полициска станица, пренесуваат медиумите. Од МВР ја потврдиле информацијата дека била спроведена акција, но не откриваат за што точно станува збор и повеќе детали најавуваат во текот на денешниот ден. Според првичните неофицијални информации, станувало збор за...

Дисциплинска постапка за 34 вработени во МВР

Во текот на минатата недела, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 34 решенија против 34 вработени во Министерството за внатрешни работи поради сторени повреди во работењето. „На 30 вработени изречена им е парична казна, на двајца вработени им е запрена постапката, еден вработен е писмено предупреден, а еден вработен добил отказ“, информираат од МВР.

Гостиварец пронајден со 25 пакетчиња хероин

Гостиварската полиција пронашла 25 пакетчиња со хероин кај гостиварецот А.Ш од село Добридол, за што поднела кривична пријава. „Синоќа, во три часот во Гостивар, на улица Борче Јовановски, А.Ш. од село Добридол, кога ги забележал полициските службеници кои вршеле редовна служба, се дал во бегство и во своја близина фрлил една кеса. Од полициски службеници А.Ш. е фатен и приведен во...

МВР: Документите на Заев се лага, УБК никогаш не следела новинари незаконски

Министерството за внатрешни работи преку соопштение реагира на денешната прес-конфереција на лидерот на СДСМ, во кое се вели дека документите што денеска ги презентираше Заев, а се однесуваат на прислушувани и следени новинари, се најобична лага, а не документи на Упрвата за безбедност и контраразузнавање (УБК). „Министерството за внатрешни работи и УБК во време на сегашното раководство никогаш незаконски не следеле...

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...