Таг: ЕУ

таг: ЕУ

Германија ги продолжи граничните контроли со Полска, Чешка и Швајцарија

Германија го продолжи времетраењето на привремените гранични контроли со Полска, Чешка и Швајцарија до 15 декември, информираше германското Министерство за внатрешни работи, пренесува германската новинска агенција ДПА. Иако сите нејзини соседи се дел од Шенген зоната за слободно движење на граѓаните и вообичаено досега Германија немаше гранични контроли за проверка на документите на било која од границите, оваа мерка беше...

Лицата над 70 години до возачка дозвола само со лекарско уверение, предлага ЕУ

Сообраќајните несреќи во ЕУ доведуваат до смрт на околу 20.000 лица, а бриселските власти сакаат ова да го променат, меѓу останатото, и со нова регулатива за сообраќајните дозволи, пишува германската новинска агенција ДПА. На заедничкиот состанок на министрите за сообраќај на земјите-членки на ЕУ вчера се најде и спорниот предлог за лицата постари од 70 години да можат да си...

Случајот со Вања злоупотребен за да се обвини ЕУ за неспособност

Случајот со 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје се злоупотребува без никакви аргументи да се нападне ЕУ како немоќна и небезбедна. Исчезнувањето на деца не е поврзано со членство во Унијата, туку е глобален феномен кој буквално го има во сите држави од светот. Станува збор за светска проблематика која не може да се доведе во корелација со дискусија за...

Со средства од 2,1 милиони евра на ЕУ ќе се поддржуваат уметнички проекти

Министерството за култура информира дека објавен e повикот за грантовата линија од Програмата „Креативна Европа“, потпрограма Култура на Европската Унија, насловена „Изведувачка Европа“ („Perform Europе“). „Станува збор за грантова линија која е наменета за соработка во областа на изведувачките уметности во 40-те земји учеснички во програмата „Креативна Европа“, меѓу кои е и Северна Македонија. За повикот се одвоени средства во...

Објавен тендерот за изградба на гасоводна врска меѓу С.Македонија и Грција

Европската Унија денеска го објави тендерот за избор на компанија што ќе го гради интерконективниот гасовод меѓу С.Македонија и Грција. Оваа информација вчера ја најави министерот за економија Крешник Бектеши. Тендерската постапка предвидува заинтересираните компании да ги достават своите понуди најдоцна до 1 февруари 2024 година. Интерконекторот кон јужниот сосед на нашата земја треба да ѝ обезбеди посигурно снабдување со...

Да нема илузија кај партиите дека уставните измени може да се репреговараат за влез во ЕУ

Продолжување на преговорите за пристапување на С. Македонија во ЕУ, нема да има додека не се заврши процесот на уставни измени во Собранието на РСМ, односно додека политичките партии не постигнат консензус по ова прашање. Нашата земја најверојатно нема да биде точка на дневниот ред на лидерскиот самит на ЕУ во декември, посочуваат дипломатски кругови од Виена. Дипломатите од Виена...

Отровниот воздух убил повеќе од 500.000 луѓе во ЕУ во 2021 година

Нечистиот воздух убил повеќе од половина милион луѓе во Европската Унија во 2021 година, покажуваат проценките што ги пренесува „Гардијан“. Околу половина од смртните случаи можело да се избегнат со намалување на загадувањето до границите препорачани од лекарите. За првпат, Европската агенција за животна средина го процени целосниот товар на болести што ги носи загадениот воздух. Истражувачите откриваат и колку...

Украина и ЕУ со ист став: Русија сака да направи проблем во Западен Балкан

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и Европската Унија во изминативе денови предупредија на активностите на Русија за да предизвика проблеми во Западниот Балкан, кои би го отргнале вниманието на меѓународната јавност од воената агресија врз Украина. Зеленски најпрво на 15 ноември годинава јавно предупреди дека Русија би можело да подготвува војна во регионот на Западниот Балкан, со цел да го одвлече...

ЕУ ќе го забрани извозот на отпадна пластика во сиромашните земји

Европската Унија (ЕУ) склучи договор кој ќе ги спречи бродовите со отпадна пластика да се истовараат во пристаништата на посиромашните земји. Европските пратеници и земјите-членки, се согласија во петокот да забранат извоз на пластично ѓубре во земји надвор од групата на богати земји на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦР), од средината на 2026 година. Договорот се склучи на...

Тендерот пропадна, Битола ќе почека за пречистителна станица за отпадни води

Пропадна тендерската постапка за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Битола, кој беше распишан пред една година и требаше да отпочне да се изведува годинава. Од Министерството за животна средина и просторно планирање за Мета.мк информираат дека компаниите кои учествувале на тендерот доставиле понуди кои биле над проектираниот буџет. Инаку, проектот за изведба на битолската пречистителна станица е...

ЕУ: Здравството ви е за ремонт, медицински сестри и специјалисти заминуваат во странство

Беше направена првата трансплантација на црн дроб во земјата. Но, остануваат да се решат многу предизвици во областа на јавното здравје, посебно во однос на контролата на тутунот и достапноста, потоа, опсегот на здравствените услуги, финансирањето на примарната здравствена заштита, а треба да се подобри и  скринингот за рак. Освен тоа, усогласувањето на македонското здравство со здравственото законодавство на...

Општините се соочуваат со финансиски потешкотии и загаден воздух, велат од ЕК

Финансиските тешкотии, јавните набавки, аерозагадувањето и занемарувањето на граѓанското општество при одлучувањето се дел од многуте критики што Северна Македонија ги доби за локалната самоуправа од Европската комисија во Извештајот за 2023 година за нејзиниот пат кон евроинтеграциите. Порталб.мк анализираше што пишува во Извештајот за општините. Во извештајот се наведува дека реформите во локалната самоуправа, главно оние поврзани со фискалната децентрализација,...

ЕУ со порака: На регионалните депонии да работите и воздухот да го прочистите

С.Македонија годинава постигнала ограничен напредок во поглавјето Животна средина и климатски промени, потенцираат од Европската комисија во најновиот Извештај за земјава. Минатогодишните препораки се делумно исполнети, а во нареднава година треба особено да се работи на три точки. Од Европската комисија бараат наредниве месеци да се искористат за оспособување на регионалниот систем за управување со отпад во Источниот и Североисточниот...

Старо видео од шатори со мигранти во Брисел не го отсликува животот во Европската Унија

Со старо видео од подигнати шатори, покрај каналот во Брисел, објавата манипулира дека во ЕУ има премногу бездомници, владее сиромаштија и мизерија. Видеото е направено во јануари годинава, кога поради напливот на мигранти, кои чекаат азил во Белгија, беа поставени шатори на мостот во близина на замокот Петит (Владината агенција за азил Федасил). На 7 март годинава тие беа...

Владата итно да се посвети на довршување на пругата кон Бугарија, бара ЕУ

Итно да се забрза изградбата на железничкиот Коридор 8, со посебен акцент на распишување на тендерот за изведба на третата фаза од пругата кон Бугарија, на потегот од Крива Паланка до македонско-бугарската граница. Ова е само дел од клучните препораки од Европската комисија (ЕК) во поглавјата за транспорт и трансевропските коридори во најновиот Извештај за напредокот на С.Македонија на...

ЕУ постигна историски договор за законот за обнова и заштита на природата

Европарламентарците и земјите-членки на ЕУ постигнаа договор за значаен закон за заштита на природата, пренесува Гардијан. Законот за обнова на природата, важен столб на европскиот Зелен договор, ќе ги принуди земјите на ЕУ да санираат најмалку 20 отсто од европската земја и мориња до крајот на деценијата. Законот содржи обврзувачки цели за обновување на најмалку 20 отсто од деградираните живеалишта...

Изјавата на Аврамовска Мадиќ за интегритет и за напредокот на Судскиот совет е недоследна

Судскиот совет може да има легитимитет, како што вели Мадиќ, бидејќи е избран во Собранието, но тешко дека може да се зборува со сигурност околу интегритетот на телото после се што се случи, а уште помалку дека работите се придвижувале само затоа што членовите на Советот носеле одлуки сè почесто едногласно, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

Бугарската рафинерија „Нефтохим“ го крши ембаргото за руска нафта наметнато од ЕУ

Рафинеријата „Нефтохим“ во бугарскиот крајбрежен град Бургас, којашто за главен сопственик ја има руската корпорација „Лукоил“, го заобиколува ембаргото од ЕУ за извоз на руска нафта во земји-членки и продава деривати и производи користејќи го доделениот исклучок од забраната за увоз во ЕУ на руска нафта и на деривати, пишува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Како резултат на сето тоа, „Лукоил“ заработила...

Европската комисија го усвои Планот за раст на Западен Балкан тежок 6 милијарди евра

Европската комисија (ЕК) денеска усвои нов План за раст за Западен Балкан, со цел да донесе некои од придобивките од членството во регионот пред пристапувањето, да го поттикне економскиот раст и да ја забрза многу потребната социо-економска конвергенција. Целта, како што соопшти ЕК, е да им се овозможи на партнерите да ги засилат реформите и инвестициите за значително да се...

Судството и владеењето на правото на стаклени нозе во европскиот извештај

Не беше постигнат напредок. Со ваква реченица Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава ја оценува борбата против корупцијата во Македонија. Се критикува и работата на Судскиот совет, но и застарувањата на судските случаи како последица на измените во Кривичниот законик. „Корупцијата останува распространета во многу области и ова прашање е загрижувачко. Се зголемија одложувањата и пресвртите на судењата...

Студентското собрание на УКИМ со реакција за зголемените трошоци: Образованието мора да остане достапно за сите

Како Универзитетско студентско собрание, ги разбираме предизвиците со кои се соочува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во справувањето со трошоците. Меѓутоа, сметаме дека најголемиот дел од овие финансиски...