fbpx

Свлечиште на патот Кратово – Каврак, сообраќајот е во прекин

-

Поради обилни врнежи од снег, непрооден за сообраќај е локалниот пат од Кратово до село Каврак, а поради ново свлечиште, во прекин е сообраќајот на патот кој води до хидросистемот „Злетовица“, во атарот на село Којково, во непосредна близина на тунелот. Сè уште во тек се забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка поради остатоци од снег и забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Македонски Брод – Прилеп поради оштетување на дел од мостот на Сланска Река,  јави „А1 он

На патниот правец Р1205 Крупиште – Пробиштип кај месноста село Неокази, поради појава на вдлабнатина и попуштање на левата коловозна лента, сообраќајот се одвива наизменично, само по десната коловозна лента.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особено внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и низ засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...