недела, 18 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: коловоз | 11 резултати

Затворена една лента на дел од aвтопатот Скопје – Велес

29 мај 2019

Левата коловозна лента на автопатот А1 од Скопје кон Велес, на делот помеѓу наплатна станица Сопот и Башино Село, денеска од 10 до 13 часот ќе биде затворена за сообраќај, информираат од АМСМ. Затворањето на коловозната лента е поради изведување градежни активности.На самото место е поставена содветна сигнализација за работа на пат.

Сообраќајот на патот Крупиште – Пробиштип е во прекин поради превртен камион

20 март 2018

Сообраќајот на магистралниот пат село Крупиште – Пробиштип е во прекин, поради превртен камион и во тек е негово извлекување, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија. На регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, во близина на село Трница поради одрон на земја, сообраќајот се одвива по една коловозна лента и само за патнички моторни возила. […]

СВР Охрид предупредува: Внимателно на патот Охрид – Кичево, пет возила излетани од патот

27 декември 2016

Пет патнички автомобили и едно товарно возило излетале од коловозот на магистралниот пат Охрид – Кичево, на потегот од Ново Село до планинскиот превој Пресека. Причина за излетувањето на возилата е голомразица на коловозот, замрзнат дожд, но и неприлагодена брзина на движење кон условите и состојбата на патот. Нема повредени лица, но е предизвикана поголема […]

АМСМ предупредува на внимателно возење по скопската обиколница

19 август 2016

Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ) препорачува внимателно возење по скопската обиколница, бидејќи има оштетени делови на патот. По поплавите на 6 август кога ова подрачје беше најпогодено од невремето, скопската обиколница е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде што се поставени сообраќајни знаци за регулирање […]

Свлечиште на патот Кратово – Каврак, сообраќајот е во прекин

11 март 2015

Поради обилни врнежи од снег, непрооден за сообраќај е локалниот пат од Кратово до село Каврак, а поради ново свлечиште, во прекин е сообраќајот на патот кој води до хидросистемот „Злетовица“, во атарот на село Којково, во непосредна близина на тунелот. Сè уште во тек се забраната за движење на тешки товарни возила на патниот […]

Внимателно по скопската обиколница, се излеа вода на коловозот

6 февруари 2015

Внимателно управување со возилата и брзина на движење до 30 километри на час, на патниот правец А2 Хиподром – Сарај (Обиколница на Скопје), на седми километар кај Смиљковци, поради излевање вода на коловозот во двата правци, во должина од 10 до 15 метри, препорачуваат од Автомото-сојузот на Македонија. Од АМСМ наведуваат дека поставена е соодветна сообраќајна сигнализација од […]

Забрана за движење на товарни возила на Стража

4 февруари 2015

Поради интензивни врнежи од снег, од 18.30 часот на планинскиот превој Стража е воведена забрана за движење на товарни возила, соопшти АМСМ. Претходно беше воведена забрана за сообраќај за сите видови возила поради голем одрон на патниот правец Македонски Брод – Скопје. Голем одрон има на потегот Близанско – Козјак, на 1,6 километри по браната, […]

Страна 1 од 1