fbpx

Светска банка најави дополнителни 530 милиони долари помош за Украина

-

Светска банка соопшти дека ќе обезбеди дополнителни 530 милиони американски долари за помош на Украина за да земјата ги задоволи итните потреби предизвикани од руско-украинската војна, јави „Гардијан“, повикувајќи се на соопштение на Светска Банка.

Со ова, вкупната помош од банката за Украина достигна 13 милијарди долари. Помошта е поддржана од Обединетото Кралство – 500 милиони долари и од Данска – 30 милиони долари.

„Помошта ѝ овозможува на Украина да продолжи да обезбедува основни владини услуги за населението и помага да се олеснат влијанијата од широко распространетите човечки и економски загуби предизвикани од војната“, соопшти прес-службата на Светска банка, а пренесе „Укринформ“.

Според Аруп Банерџи, регионалниот директор на Светска банка за источна Европа, најновата анализа на банката покажала дека вкупните долгорочни трошоци за реконструкција и закрепнување во Украина во следните три години се проценуваат на над 100 милијарди долари.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера објави дека Украина официјално аплицира за членство во НАТО, неколку часа откако Владимир Путин на церемонија во Кремљ соопшти дека анексира четири украински провинции.

„Гардијан“ пишува дека во говор снимен пред неговата претседателска канцеларија во Киев, Зеленски рече дека го презема овој одлучувачки чекор со цел да ја заштити целата заедница на Украинците. Тој вети дека апликацијата ќе се случи на „забрзан начин“.

„Де факто, ние веќе тргнавме кон НАТО. Де факто, веќе докажавме компатибилност со стандардите на сојузот. Тие се реални за Украина – реални на бојното поле и во сите аспекти на нашата интеракција. Ние си веруваме еден на друг, си помагаме и се штитиме. Ова е сојузот, де факто. Денес Украина аплицира да го направи тоа де јуре“, изјави вчера Зеленски.

Зеленски го потпиша документот за апликација, заедно со претседателот на украинскиот парламент, Руслан Стефанчук и премиерот Денис Шмихал.

„Гардијан“ забележува дека Алијансата веројатно нема да прифати влез на Украина во НАТО додека земјата е во воена состојба, бидејќи земјите-членки би биле принудени активно да ја бранат во војната против Русија – обврска што оди многу подалеку од снабдувањето со оружје.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...