
Корисниците на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, од понеделник можат да ги достават документите до Министерството за образование и наука (МОН), соопштија од ова министерство.
Рокот за продолжување на стипендиите е од 1 до 30 октомври. Корисникот на стипендија треба да достави потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање и уверение или потврда за предвидени и положени испити со успех од претходните години, но и индекс како докази дека има положено 80 или 90 отсто од предвидените испити, зависно од типот на стипендијата. Со овие документи треба да се докаже и дека студентот го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот за стипендија.
Документите се доставуваат електронски со прикачување на соодветната документација на „е-услуги“ на МОН.
Министерството за образование информираше дека за каква било информација или прашање, студентите може да се обратат на електронската пошта [email protected].