fbpx

Стотици граѓани протестираа против уништување на зеленилото во Карпош

-

Стотици граѓани го блокираа булеварот Партизански одреди кај „Скопје сити мол“, за да го изразат својот револт против нетранспарентното носење на деталниот урбанистички план за општината Карпош.

Тие протестираа против сечата на дрвјата и уништувањето на зеленилото, во замена за изградба на згради.

Со извици „Уа, мафија“, „Карпош не го даваме“ и транспаренти на кои пишуваше „Децата треба да дишат чист воздух“ „За полни гради, а не згради“, негодуваа против, како што велат, урбаната мафија.

Поддршка на протестот на граѓаните даде и партијата ДОМ, која побара од локалната власт да ги повлече деталните урбанистички планови и да овозможи јавна дебата.

– Неразбирливо е како се дозволува понатамошно уништување на зелените површини во услови кога Скопје е еден од најзагадените градови во Европа. Општината е должна на оштетните граѓани да им ги плати одземените имоти со соодветна цена како за градежно земјиште или да им компензира со друго земјиште, зависно од меѓусебната спогодба. Но, парковите треба да останат јавни паркови, зашто се јавен интерес на жителите – изјави портпаролката на ДОМ, Маја Морачанин.

ГРОМ, матичната партија на градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски, писмено реагираше на прес-конференцијата на ДОМ и истакна дека „земјиштето го одзема и го враќа, односно национализира и денационализира државата Македонија, а не локалната самоуправа“.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...