fbpx

Стоечки овации за „генијот на пијаното“,  Иво Погорелиќ

-

Речиси три часа публиката уживаше во преполнетата „Св.Софија“, на концерот на прославениот пијанист со светско реноме по потекло од Хрватска, Иво Погорелиќ. Затоа, пак, го награди со стоечки овации и со извици на воодушевување, упорно барајќи бис-изведба, на што Погорелиќ не одговори позитивно, затворајќи ги клавијатурите веднаш по исполнувањето на официјално одбраната програма.

Затоа, пак, вечерва ќе има втор концерт на истиот простор, за кој билетите, исто така, се однапред распродадени, по цена од 1.000 денари. За организаторот, пак, вториот концерт, Погорелиќ ќе го одржи без паричен надомест, како негов роденденски подарок за фестивалот, на кој самиот тој, како млад музичар, пред повеќе децении, го трасираше патот кон светската слава.

За концертите на Погорелиќ, покрај редовната публика, специјално во Охрид допатуваа познавачи на музиката и музичари од Србија, Хрватска, Грција, Чешка, Албанија, Франција и од други земји.

Покрај концертот на Погорелиќ во „Св. Софија“, вечерва, на сцената во дворот на ОУ „Св. Климент Охридски“ , во рамки на „Младото театарско охридско лето“, ќе биде изведена монотеатарската опера „Дневникот на лудиот“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...