Нов мурал на белградскиот уличен артист „Пијанист“ до скопската гимназија „Јосип Броз Тито“

Мурал „Важни се луѓето“ на архитектот и уличен артист Пијанист / Фото: Халкбанк

Нов уметнички мурал, насликан од познатиот архитект и уличен артист од Белград, Андреј Јосифовски, познат под псевдонимот „Пијанист“ од неодамна е нацртан на зградата веднаш до гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје.

Муралот е поставен по нарачка на Халкбанк, а пораката зад делото е „Важни се луѓето“, која истовремено е и корпоративниот слоган на банката. Како што велат од Халкбанк, со овој потег банката наместо да вложува во класично надворешно рекламирање, се потруди на креативен начин да придонесе за вистинско разубавување на градот, но и да им оддаде почит на луѓето од заедницата и на вистинските вредности што треба да се негуваат.

Цртежот е долг вкупно 15 метри, широк 10 метри и зафаќа површина од околу 150 метри квадратни. За негова изведба биле потребни вкупно 5 дена, а „Пијанист“ работел сосем сам како артист за муралот.